Изминатиот викенд (14.05 до 16.05) се одржа ЕУ Идеатонот : „Innovate for a GREEN future / Иновирај за ЗЕЛЕНА иднина“ во соработка со Europe House Skopje, Delegation of the European Union, Skopje и Solveo.
Главната цел на овој идеатон беше младите да креираат во 54 часа иновативни зелени дигитални решенија за следниве 3 категории: “од фарма до чинија”, организирање на отпадот и циркуларна економија.
Учество земаа млади од 10 различни градови од Македонија, кои беа поделени во тимови и работеа на креирање на иновативни дигитални решенија за позелена иднина.
Победничкиот тим, The Optimizers работеше на предизвикот циркуларна економија и креираше решение за намалување на отпадот кој се создава од облека и текстил. Тие смислија иновативен начин и концепт за дигитална платформа како да ја собираат старата облека и текстил, да ја донираат, но истовремено да им помогнат и на локалните бизниси кои се занимаваат со продажба на облека да дојдат до нови купувачи.
Покрај победничкиот тим, судиите одлучија титулата за особено признание да ја добие тимот зад идејата Cyan Bird, кој работеше на предизвикот организирање на отпадот. Младите иноватори креираа интересен концепт преку кој ги поврзуваат организациите кои собираат и селектираат пластика, заедно со младите дизајнери за облека и заедно креираат модни парчиња од рециклирана пластика. Модните парчиња ќе бидат креирани од младите студенти од факултетот за дизајн и ќе се продаваат на нивната онлајн продавница.
Тимот Fantastic 7 работеше на предизвикот „од фарма до чинија“. Тие креираа картичка за поволности и попусти во маркетите за финансиски загрозените граѓани. Преку собирање на поени и различни начини на донации и мотивација за двете засегнати страни.
Исто така и тимот Nutri Map работеше на предизвикот од „од фарма до чинија“ и создадоа интерактивна апликација која ќе ги едуцира младите за оваа тема на забавен начин преку игри и наградување. Вклучена е соработка со локални маркети за за здрава храна.
Учесниците активно работеа и несебично ги споделуваа своите идеи, се стекнаа со нови крeативни вештини и најбитно нови пријателства.
За време на трите дена научив многу. Некои од највредните вештини за мене беа: дефинирање на идеја за одредена целна група, работењето на сите делови од решението за конкретниот проблем, како да поставам корисни прашања за да добијат вредни повратни информации преку истражување, да направат концизна презентација и презентирање на начин што ќе предизвика љубопитност кај слушателот, претприемништво и последно, најважно, тимска работа! – изјава од учесник на настанот
Темите на кои се работеше за време на викендот се во согласност со Европскиот зелен договор за кој се залага Европа, да биде првиот климатски неутрален континент до 2050 година. Тој ја мапира новата, одржлива и инклузивна стратегија за раст за зајакнување на економијата, подобрување на здравјето и квалитетот на животот на луѓето, грижата кон природата.