ИНТЕРВЈУ со Ивана Ѓ. Матевска од Хаселт: „Новите технологии се наш предизвик“

Total
13
Shares

Ивана Ѓоргиевска Матевска е оперативен директор во HASELT и е од самото основање во компанијата. За нејзината работа говори со голем ентузијазам, посветеност и пристапува на високо професионално ниво. Со нас несебично го споделува своето позитивно искуство.

За почеток Ивана, ХАСЕЛТ е една од најголемите и најдобрите софтверски компании во Македонија. Како ја започнавте Вашата приказна во Хаселт?

Јас сум дел од оваа приказна уште од самиот почеток, 2013 година, годината кога ХАСЕЛТ е основана. Станав дел од тимот кој тогаш броеше само 7 членови, а денес сме повеќе од 50 професионалци. Во период од 8 години компанијата се прошири со свои софтверски решенија низ повеќе од 20 држави во светот, вклучувајќи ја и Силициумската долина, Сан Франциско, САД. Имаме испорачано повеќе од 150 проекти, софтверски решенија наменети за стартапи и мали бизниси, но и за корпоративни и јавни претпирјатија во едни од најиновативните држави во светот.

Она што ме привлече кон самата компанија е всушност нејзината култура, која се гради од самиот почеток. Се темели на искреност, транспарентност, посветеност, доверба и грижа, како за вработените така и клиентите. Во ваков тип на култура вработените може многу лесно да напредуваат и да се надградуваат, како што беше и случајот со мене. Започнав да работам како Бизнис Аналист и QA инженер, последните 2 години работам на позиција Оперативен Директор, а на менаџерска функција веќе 5 години. Како оперативен директор моја главна улога е да се осигурам дека во компанијата сѐ функционира во најдобар ред, поставувајќи ги компаниските цели и буџет, овозмoжувајќи најефикасна услуга која ги задоволува очекувањата и потребите на вработените и клиентите.

Можам да кажам дека позицијата носи голема одговорност и многу предизвици, но на крајот на денот позитивните промени и резултати во компанијата како плод на мојата работa, е тоа што ми дава елан поенергично да продолжам да ја извршувам мојата работа најдобро што умеам.

Првото нешто што го прочитав за Хаселт е дека сакате да иновирате, истражувате и да користите нови технологии. Според Вас Ивана, што подразбирате под иновациии во една компанија и како ХАСЕЛТ креира иновации во софтверската индустрија?

Новите технологии се наш предизвик. Секогаш сме во чекор со истите, само така можеме на клиентите да им понудиме современи решенија, да го решиме нивниот проблем на најефикасен начин, да постигнеме хармонија и симбиоза помеѓу луѓето и технологијата. Со секоја нова идеја или метод директно влијаеме на софтверската индустрија и додаваме вредност на истата. Целиме кон изнаоѓање подобри решенија за новите барања на пазарот, како лидер во нашата област да ја препознаеме можноста за иновација.

Имам неколку пријатели кои биле вработени или биле практиканти во ХАСЕЛТ и секој од нив споделува  без размислување дека нивното искуство во ХАСЕЛТ било непроценливо и дека се стекнале со големо знаење и искуство. Според мене тоа е најдобро нешто што може да слушнам за некоја компанија во нашава држава. Ме интересира како ги едуцирате и обучувате Вашите вработени и кои методологии и програми ги практикувате?

Во ХАСЕЛТ владее култура каде секој секому помага, транспарентно и отворено, го споделува своето знаење и прашува, бара и учи од колегите. Работиме на предизвикувачки проекти кои со самата тежина носат многу знаење и искуство, но и активно споделуваме знаење, и покрај тоа секој вработен има можност да учи од искусен ментор, кој работи директно со него. Постојано пронаоѓаме нови начини како знаењето најлесно да го споделиме меѓусебно, често пати преку пишани трудови кои се главно интерно споделени, или пак преку организирани интерни тренинзи и обуки. Тука би ги издвоила нашиот клуб за книги, каде секој кој е заентересиран може да учествува активно, споделува и дискутира на одредена книга, интерниот форум каде се споделуваат решенија на најразличлни проблеми кои некој веќе ги решил, како и дискусии на најразлични теми, и честите cross-team pairing сесии.

Практиканската програма ни е приказна која ни е многу драга. Како успешна ИТ компанија сакаме да придонесеме многу за младите и талентирани инженери. Сакаме да добијат едно поинакво искуство каде ќе се стекнат со многу знаење и ќе ги спремиме за професионалниот свет. Јас како координатор на програмата сум вклучена од самиот почеток на истата, процесот на селекција, изработка и следење на програмата и координација со менторите. Неколку години наназад можеме да се пофалиме со многу успешна програма која најчесто се одвива за време на летниот период и е во времетраење од 8 недели. Практиканктите за тоа време работат директно со ментори кои се целосно посветени на нивната обука. Освен секојдневните задачи кои ги работат, организираме и интерни тренинзи најчесто за soft skills кои се неопходни да се добие целосна професионална припрема со крајна цел добивање вештини за вработување и самостојна работа на проекти.

Ковид кризата ни наметна на сите да се адаптираме и да користиме современа технологија со цел пренесеме знаење кон нашите вработени. Но, Вашата компанија е позната по користењето на најмодерна технологија, со тоа претпоставувам не сте имале особени предизвици. Во однос на тоа кажете ни дали применувате одредена современа технологија која Ви помага при обуката и едукацијата на Вашите вработени?

Нас како компанија не ни требаше многу време и напор да се адаптирме кон целата ситуација. И пред пандемијата користевме најразлични алатки за далечинска комуникација и колаборација, па така работите не ни се сменија драстично. Секогаш на прво место ни е секој еден вработен и за брзо време овозможивме сите вработени да можат да работат од дома, да се чувствуваат безбедно и притоа да не им недостасува нешто кое им е потребно непречено за да си ги извршуваат задачите. Најголем предизвик останува меѓусебното дружење и социјализација, онаа секојдневна комуникација која ниту една технологија не може да ја замени 😊

И за крај, кои се Вашите планови за 2021 и понатаму, во која насока сакате да се надградувате Вие, Вашиот тим и ХАСЕЛТ во целост?

И оваа календарска година фокусирани сме кон нудење на квалитетни софтверски услуги, создавајќи иновативни софтверски решенија за нашите клиенти. Ова ни создава живот за организацијата, со цел континуирано да бидеме стабилни и самоодржливи. Паралелно на тоа, започнуваме со инвестирање во наши сопствени производи, но и производи на надворешни компании и стартапи, преку кои можеме да пласираме наш пристап во иновативно решавање на дадени проблеми. Градејќи ја нашата бизнис мрежа, но и нашиот тим од експерти, стануваме се поспособни да вложуваме во развој на производи, но и да ги направиме истите успешни, за да можат да ни пружат големи потенцијали, за иднината на компанијата, луѓето во неа, но и заедницата во која делуваме.

Моите цели не се разликуваат од оние на компанијата, секој еден вработен расте и се развива заедно со компанијата. Кога станав дел од ХАСЕЛТ знаев дека тука припаѓам. Јас сум личност која е многу трудољубива, која смета дека секој успех доаѓа со работа, но и дека успехот сам по себе би немал никава важност ако истиот не го споделиме со луѓето околу нас. Главната цел отсекогаш ми била да го сакам тоа што го работам, да сакам наутро да одам на работа, полна со позитивна енергија и подготвена да го освојам светот заедно со мојот тим.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Ruzica Filiposka - HR Magnetik

Интервју со Ружица Филипоска од Магнетик: “Го запознав мојот тим со Design Thinking и до ден денес го применуваме активно!”

  Оваа недела седнавме да поразговараме со HR менаџерот во модната групација Магнетик – Ружица Филипоска. Ни раскажа како се запознала со Design Thinking методологијата, како ја вовела да се…
Прочитај
Jane Pavlevski - A1

Интервју со Јане Плавевски од А1 Македонија “Компанијата која на корисниците ќе им понуди реални решенија за нивните потреби, секогаш ќе расте.”

Една од најголемите компании за телекомуникација во нашата земја – А1 Македонија активно ја применува Design Thinking методологијата во своето секојдневно работење. Поттикнати од придобивките решија да им дадат вистинска…
Прочитај

Интервју со Розита Т. Христовска: “Design Thinking е алатка која се користи на професионален и на личен план!”

Eдни од првите кои имаа прилика да ги искусат виртуелните Design Thinking работилници се EU House и нивниот виртуелен настан на кој 30-тина млади креираа решенија за идеалното училиште од…
Прочитај
DesignThinking - Lela

Интервју со Лела од Innothink: “Design Thinking се стреми за подобрување на иднина и се обидува да креира идеи кои ќе дадат решенија на секојдневните предизвици”

Денес ќе разговараме со Лела Анастасова, сертифициран Design Thinking тренер и инструктор во Innothink. Работи како Design Thinking инструктор веќе неколку години има работено по оваа методологија од деца, средношколци…
Прочитај

Интервју со Доц. Д-р Кате Трајкова: Design Thinking методологијата е алатка која има исклучителна вредност и треба да ја совладаат сите наставници и универзитетски професори

Доц. Д-р Кате Трајкова е професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Неодамна се запозна и започна да ја применува Design Thinking методологијата. Од интервјуто ќе дознаете како е да се…
Прочитај

Игор Јованоски од Europa House Скопје: “2022 е европска година на младите и клучен момент да се продолжи напред”

Игор Јованоски e дел од тимот на Europe House Скопје како постар менаџер за мрежи и помош на Европска Унија. Неговото богато портфолио и искуство секојдневно допринесува за иднината и…
Прочитај