Ивона Забазановска во своето био на LInkedIn за себе вели кратко и јасно: I do creative work. I do marketing. Taa е креатор на приказни, видеа и концепти за фотосесии, мајсторски ги владее социјалните медиуми, вљубеник е во Design Thinking методологијата и секогаш поседува идеја повеќе.
Во пресрет на овогодинешниот Startup Weekend Skopje, Ivona Zabaznovska oд Solveo, во утрешното интервју споделува кои се придобивките од учеството на ваков настан и ве охрабрува да се пријавите.
Ивона, Вие сте дел од креативниот тим на Солвео, компанија која се занимава со иновативни консултансти решенија за компаниите. За почеток, кажете ни повеќе за Вашата позиција, главните активности и мотивација?
Мојата улога во Солвео е да бидам креативна и да размислувам со отворен ум, но ако морам да потенцирам позиција тоа би било некој микс од Marketing Strategy Specialist и Community Manager. Главната мотивација за мојата работа ја добивам од самиот тим, начинот на кој што комуницираме и начинот на кој што креираме. Работиме тимски и можам да кажам дека секој член од тимот има чувство како да припаѓа во едно големо семејство на креативци.
Солвео веќе четврта година по ред е организатор на Стартап Викенд Скопје, а втора по ред во онлајн издание. Вие како дел од организацискиот тим, како би ги споредиле овие два типа, традиционален настан во живо и онлајн?
Пааа, разликите помеѓу онлајн настан и настан во живо се евидентни… Од самиот почеток на пандемијата пред повеќе од една година интернационалниот тим на Techstars покрена неверојатна иницијатива и направија целосен план како (ние) организаторите да го адаптираме организирањето на Startup Weekend 100% онлајн.
Најголемата разлика е што се се случува зад тастатура и учесникот не може да ја почувствува вистинската еуфорија и енергија од целиот настан. Ние како организатори се трудиме да ја пренесеме истата еуфорија и онлајн, со цел учесниците вистински да ја почувствуваат таа Startup Weekend Skopje енергија. Разликите се големи, но целта и мотивацијата е иста!
Кој се’ има право на учество на Стартап Викенд Скопје, до кога трае пријавувањето, колку време трае настанот? И најбитно кои се придобивките од учеството на еден ваков настан?
Право на учество имаат апсолутно сите стартап ентузијасти. Не е важно дали имаш или немаш идеја за стартап, апликациите се отворени за сите. Учесниците кои немаат идеја, се приклучуваат во тимот на таа идеја која највеќе им се допаѓа, а пак учесниците кои имаат идеја, ја споделуваат како 60 seconds Pitch и им даваат шанса на учесниците да се приклучат во нивниот тим.
Startup Weekend Skopje трае 3 дена и оваа година ќе се оддржи од 16ти до 18ти април. Почнуваме во петок во 18:00 часот и завршуваме во недела во 18:00 часот!
Придобивки има еден куп, ако учесникот е подготвен да даде 101% и да работи со отворен ум за време на настанот. Но би одвоила неколку клучни придобивки:
– Ќе се запознаеш со многу нови луѓе,
– Ќе слушнеш различни идеи и ќе се инспирираш,
– Имаш шанса да ја тестираш твојата стартап идеја,
– Ќе добиеш директен feedback од менторите и експерти во областа, -Имаш шанса да ја споделиш твојата стартап идеја, која на крајот на денот може да стане реалност,
– Доколку се најдеш на 1,2 или 3 место ќе освоиш примамлива награда.
За мене лично нема поголема придобивка од тоа да се соберат повеќе истомисленици на едно место и да направат бура од инспиративни стартап идеи.
Како би ги охрабриле оние кои се скептични за своите идеи или пак немаат храброст да се пријават? Раскажете ни некој успешна приказна која била дел од франшизата Стартап Викенд…
Значи да се разбереме, ако не ја покажеш идејата пред светот никогаш нема да знаеш дали има шанса да успее или не. Дефинитивно ги охрабрувам сите оние кои имаат и тронка страв или пак несигурност за споделување на нивната идеја да се пријават на Startup Weekend Skopje, зошто навистина тоа е едно уникатно и инспирирачко искуство, верувајте ќе бидете изненадени. Успешни приказни од франшизата на Techstars Startup Weekend на глобално ниво има еден тон, и нормално Македонија не е исклучок. Како најсвежи и најактуелни успешни приказни ќе ги споменам Ways2Help и Challenger.
Ways2Help е победничката идеја од ланскиот онлајн Startup Weekend Skopje, на која што тимот продолжи да работи и реално во рок од една година остварија навистина импресивни резултати. Инсипирај се од приказната на Ways2Help и дознај повеќе на нивниот website.
Challenger е тимот кој го освои 3то место на Startup Weekend Skopje 2018, иако се соочија со многу многу препреки, Challenger денеска е успешно лансирана мобилна апликација која 100% функционира. Погледни го нивниот website и дознај повеќе што прави Challenger за нашата заедница.
Вие сте дел и од организацијата на други настани од овој актуелен карактер, како на пример хакатонот RETHINK. Како би ја опишале потребата, интересот кај нас, дали е Македонија земја на иновации?
Потреба дефинитивно има, а и младите се спремни и желни да креираат и искусат нештно ново. Rethink е креативниот маратон кој го организиравме 3 години по ред во живо пред да почне пандемијата.
За Rethink 2020 подготвувавме нешто што не се случило претходно во Македонија, креативен маратон со уникатен карактер.
Остваривме соработки со неколку компании кои покажаа сериозен интерес за поставување на предизвик на Rethink 2020, а со тоа докажаа дека се спремни и желни за иновации. За жал, настанот целосно го одложивме, но контактите и интересот останаа, така што прво нешто што Солвео ќе направи по официјланото завршување на пандемијата – Rethink vol. 4!