ИНТЕРВЈУ со Наташа Б.Миркова од Represent Communications: „Цврсто чекориме по патот кој сами успеавме да го трасираме“

Total
6
Shares

Наташа Божиновска Миркова е директорка на агенцијата Represent Communications Македонија.  Агенцијата е дел од регионалниот Represent System, една од најуспешните агенции за дигитални комуникации и односи со јавноста во регионот повеќе од 18 години. Represent Communications работи во доменот на интегрирани комуникации, нудејќи полн опсег на беспрекорни услуги  успешно спојувајќи ги истите со најновите технологии.

Кои се лекциите кои како агенција ги научивте од пандемиската година зад нас?

Годината зад нас донесе многу промени за кои не бевме ни свесни дека ќе се провлекуваат цела година, бидејќи првичните прогнози беа дека ќе завршат до јуни минатата година. Темата за завршувањето на пандемијата и враќањето кон веќе познатите навики се отвори на еден од нашите регионални колегиуми, кои почнавме да ги одржуваме секоја среда на ниво на директори за да можеме да бидеме во тек со настаните. Научивме дека можеме да се среќаваме и онлајн, нешто што пред пандемијата не беше воопшто практика. Научивме дека тековната работа можеме да ја извршуваме од дома и да бидеме успешни. Научивме исто така дека планираните работи и стратегијата која сме ја прифатиле за тековната година може комплетно да се промени преку ноќ, нешто за што претходно не ни помислувавме дека може да биде случај.

Се нижеа секакви ситуации, од тоа дека многу клиенти едноставно ги паузираа своите маркетинг активности и интегрирани комуникации со страв што ќе донесе новата реалност, па сѐ до таму да размислуваме како ќе се позиционираме со оглед на “новото нормално“. Стравовите беа присутни постојано. Но, она што нѐ направи исклучително среќни и горди е тоа што годината помина, а ние успеавме на ниво на цел систем во сите канцеларии во регионот да ги задржиме сите вработени на своите работни места и да го зголемиме тимот за време на Ковид-19 кризата за 20 нови колеги, од кои тројца се приклучија кон нашиот тим во Скопје.

Каков потенцијал гледате во 2021?

Исклучително сме горди, како една од најмладите канцеларии на Репресент  Системот, на тоа што ја стартувавме оваа неизвесна и тешка за планирање 2021 година со сериозни проекти со големи компании, кои се подготвени да градат нов пристап во комуникациите. Среќни сме што со “Пивара Скопје“ работиме во делот на корпоративните комуникации. Морам да нагласам дека Пивара Скопје е меѓу ретките домашни компании кои ја познаваат моќта на добра содржина и ја користат преку својата комуникациска платформа. Потребата за непосреден контакт со потрошувачите преку атрактивна содржина, некои компании ја увидоа дури во текот на карантинот, а Пивара Скопје го има тоа со платформата “Полна чаша“ веќе 5 години наназад. Горди сме и на соработката со најголемиот центар за едукација, кој го прослави својот 25-ти роденден, “Семос Едукација“ во делот на односи со јавноста, градење на корпоративна општествена стратегија, метрики и насоки за дигиталните кампањи, кои имаат сериозно сложена структура, оптимизација и др; потоа со “КаСис АД Скопје“ почнавме да работиме во делот на интерните и екстерните комуникации со посебен акцент на кризниот ПР и градење на корпоративна општествена стратегија, а нов глобален клиент ни е “St.Lucia” од Карипските острови. Дел од овие долгорочни проекти ќе ја одбележат 2021, а работиме и на нови приказни, кои ќе треба да бидат раскажани до крајот на годинава.

Освен директната работа со клиенти, тимот на Репресент е фокусиран и на споделување на своето знаење преку Лондонска школа за односи со јавноста и серија мастер часови.

 Делот на едукација во рамки на Репресент Академијата од Белград постепено и успешно го пресликуваме  и во нашата локална канцеларија. Сега, пред 4-тиот роденден на нашата канцеларија, имаме успешно завршено две генерации на дипломци на нашата Лондонска школа за односи со јавноста, каде во тек е запишувањето на третата генерација. Во меѓувреме, на почетокот на овој месец нашиот локален тим го лансираше и ЛСПР Алумни клубот, местото каде ќе се среќаваат сите дипломци на Лондонската школа за односи со јавноста и ќе имаат можност за вмрежување и запознавање, покрај бесплатните обуки и предавања кои ќе им бидат достапни од наша страна.

Лондонската школа за односи со јавноста е присутна во регионот скоро 20 години како лиценцирана едукација, која нуди можност за проширување на знаењата во делот на односи со јавноста, управување со угледот на компаниите, управување со кризни ситуации, кризно комуницирање, брендирање и маркетинг, како и нови модули за социјалните медиуми и дигиталниот маркетинг. Предноста на овој тип на едукација се личните примери на предавачите, странски и локални, кои своето долгогодишно искуство го црпат како пример во најразлични ситуации пред своите слушатели. Предавачите нѝ доаѓаат од компании како The Coca Cola Company, Adria Media Group, Пивара Скопје, ЛСПР Лондон и други. Предноста на овој тип на едукација е тоа што се среќаваме со најразличен профил на слушатели, од луѓе кои сакаат да направат промена во својата кариера, до луѓе искусни во своите професии кои сметаат дека треба да го надградат своето знаење.

Кои се светските трендови во доменот на комуникациите што сакате да ги донесете во регионот?

Светските трендови покажуваат дека побарувачката во делот на комунукациите полека, но сигурно се движи во насока на зголемување на потребата од квалитетна содржина која би се споделувала за компаниите, а со самото тоа би се градел кредибилитетот на брендовите. Водени од потребата одлучивме да лансираме Content Academy 2021, каде би се осврнале на клучните параметри во градењето на content marketing стратегијата & inbound marketing. Целта е да покажеме како изгледа кога клиентот има потреба од продукција на видеа што ќе ја раскажат приказната која ќе ја зголеми нивната продажба; потребата да се има елементарно знаење во делот на search engine optimization за веб страниците на компаниите каде што се претставуваат или се продаваат производи/услуги; што точно значи инфлуенсер маркетинг и како да се искористи најдоброто од него;  како фотографијата станува клучен фактор за една вест да биде отворена и прочитана; и секако за крај доаѓа потребата да се зборува за Бренд ПР.

Плановите не застануваат тука. Интенцијата нѝ е да учиме и понатаму, бидејќи сметаме дека учењето е секогаш во мода #EducationIsAlwaysIn.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Ruzica Filiposka - HR Magnetik

Интервју со Ружица Филипоска од Магнетик: “Го запознав мојот тим со Design Thinking и до ден денес го применуваме активно!”

  Оваа недела седнавме да поразговараме со HR менаџерот во модната групација Магнетик – Ружица Филипоска. Ни раскажа како се запознала со Design Thinking методологијата, како ја вовела да се…
Прочитај
Jane Pavlevski - A1

Интервју со Јане Плавевски од А1 Македонија “Компанијата која на корисниците ќе им понуди реални решенија за нивните потреби, секогаш ќе расте.”

Една од најголемите компании за телекомуникација во нашата земја – А1 Македонија активно ја применува Design Thinking методологијата во своето секојдневно работење. Поттикнати од придобивките решија да им дадат вистинска…
Прочитај

Интервју со Розита Т. Христовска: “Design Thinking е алатка која се користи на професионален и на личен план!”

Eдни од првите кои имаа прилика да ги искусат виртуелните Design Thinking работилници се EU House и нивниот виртуелен настан на кој 30-тина млади креираа решенија за идеалното училиште од…
Прочитај
DesignThinking - Lela

Интервју со Лела од Innothink: “Design Thinking се стреми за подобрување на иднина и се обидува да креира идеи кои ќе дадат решенија на секојдневните предизвици”

Денес ќе разговараме со Лела Анастасова, сертифициран Design Thinking тренер и инструктор во Innothink. Работи како Design Thinking инструктор веќе неколку години има работено по оваа методологија од деца, средношколци…
Прочитај

Интервју со Доц. Д-р Кате Трајкова: Design Thinking методологијата е алатка која има исклучителна вредност и треба да ја совладаат сите наставници и универзитетски професори

Доц. Д-р Кате Трајкова е професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Неодамна се запозна и започна да ја применува Design Thinking методологијата. Од интервјуто ќе дознаете како е да се…
Прочитај

Игор Јованоски од Europa House Скопје: “2022 е европска година на младите и клучен момент да се продолжи напред”

Игор Јованоски e дел од тимот на Europe House Скопје како постар менаџер за мрежи и помош на Европска Унија. Неговото богато портфолио и искуство секојдневно допринесува за иднината и…
Прочитај