Интервју со Филомена Пљаковска-Аспровска: “Електронските плаќања во Македонија се сигурни и безбедни“

Total
16
Shares

Новиот серијал интервјуа на DesignThinking.mk, на наше огромно задоволство ќе го отвори  Филомена Пљаковска-Аспровска, претседател на Управниот одбор и извршен директор на Касис АД Скопје, единствениот процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички во Македонија.

2020 е година за паметење и пресвртница на секое поле. За Интернационалниот Картичен Систем – КаСис АД Скопје, кој е посветен на развојот на  дигиталните технологии во нашата земја, изминатиот период претпоставувам поминал во динамично темпо. Што тоа значеше за Вас и македонскиот финансиски сектор, како одговоривте на динамиката и предизвиците?

Дефинитивно 2020 година ќе остане година за паметење. Од економски, општествен и социјален аспект нѝ донесе многу промени и предизвици. КОВИД-19 пандемијата го промени, но истовремено и го обедини светот со мерките за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот и ја втурна светската економија во најголемата рецесија до сега. Во вакви услови ние како компанија покажавме флексибилност и брзо се прилагодивме, следејќи ги препораките и трендовите во насока да го заштитиме здравјето на вработените и истовремено да обезбедиме континуирани и квалитетни услуги за нашите клиенти.

За да одговориме на потребите кои ги донесе пандемијата, воведовме нови услуги во доменот на електронската трговија и функционалности за дигитална експозитура на АТМ: ажурирање на телефонски број, плаќање сметки и трансфер на пари, новитети во комуникацијата со банките кои ќе овозможат нови функции во мобилните апликации користени од нивните клиенти, како и новите картични продукти за плаќање – стикер и минитаг.

Новите услови наметнаа и нови навики кај граѓаните. Забрзано се премина од готовинско плаќање во почеста примена на платежни картички. Што значеше тоа од аспект на обемот на работа на Касис?

Пандемијата создаде услови и потреба електронските канали неминовно и зачестено да се користат. Растот во користењето на е-трговијата е евидентен, од набавка на храна, облека, плаќање сметки и режиски трошоци. Нашите заложби за подобрување на состојбите, зголемување на довербата и понудата во е-трговијата изминатата година се реализираа со промотивни периоди и финансиски олеснувања заедно со банките со кои ја нудиме услугата на пазарот, засилена поддршка на трговците и клиентите преку нашите канали за комуникација и соработки со чинители од индустријата.

На системот за е-трговија на КаСис – cPay во моментов работат повеќе од 70% виртуелни продавници на македонскиот пазар, односно 890 е-commerce трговци. Има преку 29.000 регистрирани клиенти и во просек месечно се реализираат повеќе од 280,000 трансакции, со имплементиран 3D безбедносен модел кој  овозможува автентикација на сопственикот.

На што да внимаваат граѓаните при електронска трансакција за да бидат сигурни дека е безбедна?

Треба да веруваме на онлајн продавници со веб страна кои имаат одлика на продавница со општи услови за користење, политика за приватност, информација за банка, и за кои знаеме дека се кредибилни од туѓи, а и од наши претходни искуства.

Неколку совети за граѓаните:

  • Не кликнувајте на сомнителни линкови
  • Користете силни лозинки
  • Не користете јавни Wi-FI мрежи
  • Заклучете ги уредите преку кои пристапувате на Интернет
  • Никогаш не давајте повеќе информации отколку што е неопходно

Безбедни ли сме онлајн?

Согласно Извештајот на Европската агенција за сајбер-безбедност ENISA, глобално, за најчести сајбер-закани се сметаат:

  • Малвер
  • Веб-базирани напади
  • Фишинг

Нашата држава има сигурно, безбедно, доверливо и отпорно дигитално опкружување, поддржано од квалитетно изградени капацитети, високо квалификувани експерти, изградено ниво на доверба, како и национална и меѓународна соработка во областа на сајбер безбедноста. Кај нас доследно се следи Акцискиот план за имплементација на Стратегија за сајбер безбедност 2018 – 2022 година и истиот се развива во делот на одредени поглавја, како пример, направен е Развој на национална таксономија за сајбер инциденти.

Сите чинители, банките, Народната Банка , асоцијациите и ние како компанија континуирано соработуваме и го даваме својот максимум во развивање на решенија за јакнење на безбедноста.

Што значат новововедените стандарди за корисничкото искуство?

Новите стандарди во доменот на е-трговија, но и новите услуги кои ги воведовме и ги имаме во план за оваа година, особено се во насока на подобрување на корисничкото искуство, на следење на навиките на клиентите, нивните потреби и заштедување на нивното време. Истовремено се постигнува високо ниво на безбедност (SCA – strong customer authentication) со користење на биометриски податоци.

За добра безбедна околина пред се’  потребна е софистицирана мрежна опрема, добар безбедносен систем – (алармен, систем за видеонадзор и систем за физички и логичен пристап до податоци).Пенетрациските надворешни и внатрешни скенирања како и vulnerabilities скенирањата се неизбежна инвестиција доколку се стремиме кон квалитетни скенирања со познати сигурносни алатки (пр.Qualis). Нашата компанија во 2019 и 2020 инвестираше во современа безбедносна инфраструктура, обнова на дел од сигурносните камери како и во опрема. Горди сме на инвестицијата со која ја заокруживме 2020 година со купување на комплетно нова производствена линија за персонализација и пакување на платежни картички.

Како ја гледате 2021 и развојниот пат на Касис по пандемијата?

Глобалните трендови ќе се одразат и на нашата земја. Растот на е-трговијата не е краткорочен, луѓето ќе продолжат се повеќе да купуваат преку Интернет, а евидентно е дека отврањето на онлајн продавница ќе станува се подостапно и поедноставно и купувањето преку Интернет ќе биде поперсонализирано и автоматизирано.

Очекувам е-трговијата да продолжи да се развива со зголемен интензитет и да се зголемува обемот на електронски плаќања. Во насока на зголемување на понудата за оваа година, како и за наредната, заедно со нашите банки клиенти организираме промотивни кампањи со финансиски олеснувања со цел зголемување на понудата. Во континуирана комуникација сме со бизнисите за изнаоѓање решенија за нивните бизнис модели за продажба на производи и услуги како во земјата така и во странство.

Како независен процесор сертифициран од страна на MasterCard и Visa, доследно ги следиме и практикуваме меѓународно прифатените стандарди за работа, како и усогласеноста со таквите стандарди со една единствена цел – обезбедување висок степен на безбедност и оперативна доверливост на своите клиенти. Како компанија продолжуваме да се стремиме кон eфективни и ефикасни капацитети за сигурност, заштита и превенција од злоупотреба на картичките, соработка со сите засегнати страни и заедно со банките да обезбедиме електронската трговија и употребата на платежната картичка како медиум остане доверлива и достапна за клиентите.

Имаме адекватен број на добро обучен, компетентен и доверлив тим кој работи со системот на безбеден и ефикасен начин, и обезбедува почитување на правилата и поставените процедури за работа и управување со ризикот, како во нормални, така и во вонредни ситуации.

Во текот на оваа година се очекува заокружувањето и донесувањето на Законот  за платежните услуги и платните системи, кој секако дека ќе отвори простор за нови иновативни решенија и нови учесници кои би се појавиле на пазарот на платежни услуги, а со тоа и доближување на светските пазари во делот на плаќањата со платежни картички . Продолжуваме со иста динамика на нови проекти и нови услуги кон забрзан развој на дигиталните канали и начини на плаќање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Ruzica Filiposka - HR Magnetik

Интервју со Ружица Филипоска од Магнетик: “Го запознав мојот тим со Design Thinking и до ден денес го применуваме активно!”

  Оваа недела седнавме да поразговараме со HR менаџерот во модната групација Магнетик – Ружица Филипоска. Ни раскажа како се запознала со Design Thinking методологијата, како ја вовела да се…
Прочитај
Jane Pavlevski - A1

Интервју со Јане Плавевски од А1 Македонија “Компанијата која на корисниците ќе им понуди реални решенија за нивните потреби, секогаш ќе расте.”

Една од најголемите компании за телекомуникација во нашата земја – А1 Македонија активно ја применува Design Thinking методологијата во своето секојдневно работење. Поттикнати од придобивките решија да им дадат вистинска…
Прочитај

Интервју со Розита Т. Христовска: “Design Thinking е алатка која се користи на професионален и на личен план!”

Eдни од првите кои имаа прилика да ги искусат виртуелните Design Thinking работилници се EU House и нивниот виртуелен настан на кој 30-тина млади креираа решенија за идеалното училиште од…
Прочитај
DesignThinking - Lela

Интервју со Лела од Innothink: “Design Thinking се стреми за подобрување на иднина и се обидува да креира идеи кои ќе дадат решенија на секојдневните предизвици”

Денес ќе разговараме со Лела Анастасова, сертифициран Design Thinking тренер и инструктор во Innothink. Работи како Design Thinking инструктор веќе неколку години има работено по оваа методологија од деца, средношколци…
Прочитај

Интервју со Доц. Д-р Кате Трајкова: Design Thinking методологијата е алатка која има исклучителна вредност и треба да ја совладаат сите наставници и универзитетски професори

Доц. Д-р Кате Трајкова е професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Неодамна се запозна и започна да ја применува Design Thinking методологијата. Од интервјуто ќе дознаете како е да се…
Прочитај

Игор Јованоски од Europa House Скопје: “2022 е европска година на младите и клучен момент да се продолжи напред”

Игор Јованоски e дел од тимот на Europe House Скопје како постар менаџер за мрежи и помош на Европска Унија. Неговото богато портфолио и искуство секојдневно допринесува за иднината и…
Прочитај