Десет документарни филмови кои поттикнуваат креативност

Total
2
Shares
kreativnost

Креативноста е заразна, пренесете ја на другите! – Алберт Ајнштајн

Креативноста не е вродена вештина, туку вештина која ја поттикнуваме, негуваме и развиваме со постојано создавање и креирање. Затоа, наместо да градите имунитет на креативност, погледнете ги десетте документарни филмови кои ги издвоивме за вас со цел да поттикнеме позитивна, креативна енергија која ќе ве инспирира во животните потфати.

  1. Design & Thinking (2011)

Очекувано, на прво место на листата е документарецот инспириран од design thinking методологијата во кој се интервјуирани врвни менаџери како и светски познатите design thinking експерти, основачите нa IDEO Тим Браун и Дејвид Кели. Документарниот филм се фокусира на предизвиците на 21.век и имплементацијата на design thinking методологијата во бизнис светот.

https://www.youtube.com/watch?v=uilcaXYnluU&t=32s

  1. Inge Druckrey: Teaching to see (2012)

Познатата Инге Дракри, дизајнер и едукатор, во овој документарен филм за графички дизајн трпеливо не учи како да научиме да го гледаме светот и да визуелизираме за да создаваме дизајн. Малите детали во нашето опкружување се неисцрпна инспирација, само доколку знаеме да ги забележиме.

https://vimeo.com/45232468#embed


  1. Design the new business (2011)

Создаден од неколкумина холандски студенти на стратешки дизајн со поддршка од Зилвер Иновејшн, овој краток документарен филм ни покажува дека дизајнот и бизнисот се неразделни категории.

https://vimeo.com/31678404#embed


  1. Influencers (2019)

Инфлуенсерите се подвижните реклами на брендовите во денешниот свет на социјални мрежи. Во овој краток документарен филм се анализираат факторите на популарност и влијанието на инфлуенсерите, како и трендовите и креативноста кои тие ги претставуваат.

https://vimeo.com/16430345#embed


  1. The Creative Brain (2019)

Дејвид Иглман, невролог и автор на бестселери, ги дознава тајните на креативноста и креативниот процес од остварени креативци ширум светот во овој одличен документарен филм на Нетфликс од 2019 година.

https://www.youtube.com/watch?v=5gSmcL1CJMQ


Уште еден одличен документарен филм од ризницата на Нетфликс, кој за прв пат во историјата го прикажува раѓањето на новата 3Д индустрија и нејзините неограничени можности. 

https://www.youtube.com/watch?v=JeqT2NvTFSw


  1. Abstract: The Art of Design (2017- 2019)

Единствената документарна серија на оваа листа е дело на Скот Дадич, а во продукција на Нетфликс. Во двете сезони на серијата се нуди по нешто за сечиј интерес, па така во епизодите дефилираат познати дизајнери, иноватори, архитекти, фотографи чии дела се обележје на модерниот свет.

https://www.youtube.com/watch?v=DYaq2sWTWAА


  1. Art and Copy (2009)

 Вистинскиот документарен филм за оние кои се интересираат за маркетинг, рекламирање, ПР и разбираат дека уметноста и пишаниот збор злато вредат во модерната бизнис арена.

https://www.youtube.com/watch?v=raitw4z_0BE


  1. Amazon Empire: The Rise and Reign of Jeff Bezos (2020)

Креативноста не е извор само на уметност и врвен дизајн, туку и на креативни бизнис модели.  Новиот документарец за Џеф Безос, основачот на Амазон, ни ја раскажува приказната за подемот на Безос од сопственик на мала компанија до гигант од досега невидени размери во историјата на капитализмот.

https://www.youtube.com/watch?v=RVVfJVj5z8s


  1. Faces Places (2017)

Францускиот документарен филм на режисерката Агнес Варда е свежа и поинаква приказна за нејзиното невообичаено пријателство со фотографот и муралист ЈР и нивните уметнички авантури во прекрасните рурални делови на Франција.

https://www.youtube.com/watch?v=2rKZcAiLHlY

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Virtuelen Design Thinking team buidling

Моќта на Виртуелниот Design Thinking тим билдинг води до ефикасни и сплотени тимови

Многумина од нас се се уште дел од тимовите кои се моментално одвоени, можеби само локациски, но можеби и со различни временски зони. Без оглед каде е вашиот тим, градењето…
Прочитај
design thinking mk

Ефективна комбинација на Design Thinking и Agile во пракса

Design thinking е кориснички ориентиран пристап за креативно решавање на проблеми. Произлегува од начинот на размислување на дизајнерите, а може да го аплицира секоj поединец или бизнис. Agile е итеративен…
Прочитај
Work from home `

5 корисни совети како со Design Thinking да си го олесните работењето од дома

Работата од дома е еден од предизвиците со кој светот се соочува во време на пандемија. За недостатоци на работењето од дома се сметаат: недостаток на комуникација, осаменост, дефокусираност, намалена…
Прочитај

Петте чекoри на Design Thinking

Design Thinking методологијата е еден вид на упатство, кое води до подобри решенија за пократко време. Во зборовите на Давид Келеј, таткото на Design Thinking: Главната цел на методологијата е…
Прочитај
positivni promeni so desing thinking

Со Design Thinking до позитивни промени

Design thinking е пристап кој се користи за креативно решавање на комплексни проблеми. Па оттука следи прашањето “како да го примениме и за воведување на позитивни промени?” Промените се неопходен…
Прочитај