Интервју со Ана Јеличиќ од DesignThinkers Adriatic

Total
1
Shares
design thinkers adriatic

Во пресрет на интерактивната работилница ( “Design Thinking for Corporate Innovation”) поразговаравме со Ана Јеличиќ (Белград, Србија) , која е сертифициран Design Thinking тренер со докажано портфолио во сферата на човечките ресурси. Во последниве години фасилитира различни Design Thinking обуки, проекти и boot camps за големи компании, како А1, NIKE, BMW, Cartier, Volkswagen, Vodafone и многу други.

Поддржани од DesignThinkers Academy (Амстердам, Холандија), која глобална агенција за иновации, застапена во 25 земји. Нивна задача е да им помагаат на компаниите ширум светот правејќи премин од строго ориентиран пристап кон производот и управуван од продажбата, кон нов пристап комплетно фокусиран на потребите и желбите на човекот.

Која е Ана Јеличиќ, раскажете ја Вашата приказна и како стигнавте да бидете дел од Design Thinkers Academy?

Која е Ана Јеличиќ – сè уште се обидувам да разберам и да го дознаам тоа 🙂
Првпат се запознав со Design Thinking методологијата и „се вљубив на прв поглед“ пред околу четири години … и таа љубов сè уште трае 🙂 Прво се едуцирав и обучував, а потоа работев на проекти во рамките на мојата HR Design агенција како консултант. Од пред две години, како Senior Facilitator, се приклучив на тимот на DesignThinkers Academy од Амстердам, која моментално работи во 25 земји во светот. Во нашиот регион работиме како DesignThinkers Academy Adriatic каде пружаме услуги во сите земји од поранешна Југославија.

Иако нашето име е DesignThinkers Academy, покрај едукативните програми што ги организираме, работиме и на голем број проекти на кои соработуваме со корпорации, стартапи, во владиниот и невладиниот сектор. Сите наши програми се сертифицирани.

design thinkers adriatic

Кога прв пат се запознавте со Design Thinking методолгијата и според вашето искуство каква е прифатеноста за нови нешта на овие простори?

На првиот дел од прашањето одговорив веќе во претходниот дел. Во врска со прифаќањето на нови работи, кои се поврзани со Design Thinking, компаниите најлесно ги усвојуваат фазите и алатките на ovaa ова методологија. Сепак, принципите на Design Thinking се многу важни ако навистина сакаме да имаме успешна имплементација на проектот, ако навистина сакаме да создадеме култура во организација која дизајнира, што иновира секој ден, не само преку индивидуални настани што се случуваат еднаш годишно.

Сепак, тој дел од усвојувањето на принципот како начин на работа е нешто што е најпредизвикувачко за компаниите, пред сè затоа што бара промена во начинот на размислување.

Со кои предизвици се соочуваат компаниите во изминативе годинии, особено сега во неизвесно време за сите? Колку се отворени кон промени?

Сметам дека најголемиот предизвик за компаниите е неизвесноста. Невозможно е да се предвидат некои работи, да се создадат долгорочни планови. Компаниите сакаат да иновираат, но да ги задржат постојните форми на одлучување, решавање проблеми, разбирање на проблеми, работни процеси … тие сакаат да создадат иновации, но да ги задржат претходните форми на однесување. Невозможно е! Компаниите велат дека се отворени за промени, но во пракса не се подготвени да ризикуваат толку многу со промените.

Дали компаниите оставаат простор за експериментирање и колку вложуваат во едукацијата на своите вработени?

Важноста и перспективата на инвестирање во вработените се сменија многу во последните години. Мислам дека брзите промени во индустријата ги „принудија“ компаниите да инвестираат во вработените за да останат поконкурентни на пазарот со тоа што имаат експерти меѓу вработените, придонесоа за тоа.

Понатаму, за ова придонесе и ставот на вработените за време на процесот на вработување, кои сè повеќе прашуваат кои се нивните годишни буџети за едукација. Некои компании сè уште одобруваат обуки што се поврзани само со професијата или позицијата во која работи вработениот, но има сè повеќе компании кои одобруваат обуки кои не се директно поврзани со работата на вработените, но овозможуваат работникот да биде задоволен како на приватен така и на деловниот животен план (на пример, инструктор по јога … ).

design thinkers adriatic

Што се однесува на експериментирањето, тоа сè уште е на климави нозе. Еден од принципите на Design Thinking методологијата е “not knowing where we are heading” што значи – кога пристапуваме кон решавање на проблемите, немаме идеја или визија за тоа како ќе изгледаат нашите решенија.

На почетокот на проектот, имаме проблем што го решаваме, но не знаеме дали нашето решение ќе биде апликација, нов процес, производ или услуга. Отворени сме за пристап во кој прво го истражуваме проблемот, а потоа се занимаваме само со неговото решавање. Компаниите сè уште гледаат на ова како голем ризик. Сепак, иновациите не се случуваат кога го следиме патот што веќе го изодивме, а тоа е дека штом имаме проблем, го решаваме без да се занимаваме со разбирање на проблемот и потребите на корисниците.

Може накратко да ни објасните некоја од вашите најбарани/најпродуктивни работилници, целиот процес, какви се впечатоците од учесниците и воопшто од компаниите?

Тоа зависи од тоа дали зборуваме за едукација или проекти. Обуките имаат за цел да откријат што е Design Thinking, кои се фазите и принципите на методологијата и да се зајакне колаборацијата во тимот. Некои исто така гледаат на тоа како на едукативен тим билдинг. Кај проектите тоа е различно, бидејќи луѓето повеќе се врзуваат за самиот предизвик, а резултатите од истражувањето и проектите траат многу подолго.

За повеќето, на почетокот Design Thinking е прилично збунувачки затоа што нè движи надвор од нашата комфорт зона. Луѓето претежно бараат структура, броеви, точност, а Design Thinking нè учи како да пристапуваме кон решавање проблем на поинаков начин, пред сè прашувајќи за кого го решаваме проблемот и каква е перспективата на нашиот корисник.

Значи, нема табели и броеви на excel , туку разбирање за потребите на корисникот и емпатијата. Мислам дека на сите најмногу им се допаѓа фазата на идеација, без разлика дали го разбираат Design Thinking процесот малку подобро тогаш или затоа што тоа е најкреативниот дел од Design Thinking, не сум сигурна што е точно, но секако е фазата во која секој најмногу се радува и ужива.

Каков е бенефитот од ваквите работилници и според вас каква е иднината на овој тип на обуки?

Обуките се добри за да нè запознаат со основните принципи на методологијата или темата што ја истражуваме. Сметам дека обуките треба да се применуваат континуирано, бидејќи тие нè придвижуваат кон нови знаења. Сепак, обуките без проекти не се доволни за ние навистина да промениме нешто во организациите во кои работиме, но исто така и во нас самите.

Она што го гледам како најдобри начини за учење и примена на ново знаење е прво дводневна или тридневна обука на одредена тема, потоа примена на тоа знаење на одреден проект, па фасилитација. Ова ни дава прво разбирање на методологијата, потоа имаме можност да го примениме наученото каде ќе се сретнеме со еден куп нови прашања, а потоа и фасилитација. Ова се покажа како најдобар начин во контекст на Design Thinking.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Ruzica Filiposka - HR Magnetik

Интервју со Ружица Филипоска од Магнетик: “Го запознав мојот тим со Design Thinking и до ден денес го применуваме активно!”

  Оваа недела седнавме да поразговараме со HR менаџерот во модната групација Магнетик – Ружица Филипоска. Ни раскажа како се запознала со Design Thinking методологијата, како ја вовела да се…
Прочитај
Jane Pavlevski - A1

Интервју со Јане Плавевски од А1 Македонија “Компанијата која на корисниците ќе им понуди реални решенија за нивните потреби, секогаш ќе расте.”

Една од најголемите компании за телекомуникација во нашата земја – А1 Македонија активно ја применува Design Thinking методологијата во своето секојдневно работење. Поттикнати од придобивките решија да им дадат вистинска…
Прочитај

Интервју со Розита Т. Христовска: “Design Thinking е алатка која се користи на професионален и на личен план!”

Eдни од првите кои имаа прилика да ги искусат виртуелните Design Thinking работилници се EU House и нивниот виртуелен настан на кој 30-тина млади креираа решенија за идеалното училиште од…
Прочитај
DesignThinking - Lela

Интервју со Лела од Innothink: “Design Thinking се стреми за подобрување на иднина и се обидува да креира идеи кои ќе дадат решенија на секојдневните предизвици”

Денес ќе разговараме со Лела Анастасова, сертифициран Design Thinking тренер и инструктор во Innothink. Работи како Design Thinking инструктор веќе неколку години има работено по оваа методологија од деца, средношколци…
Прочитај

Интервју со Доц. Д-р Кате Трајкова: Design Thinking методологијата е алатка која има исклучителна вредност и треба да ја совладаат сите наставници и универзитетски професори

Доц. Д-р Кате Трајкова е професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Неодамна се запозна и започна да ја применува Design Thinking методологијата. Од интервјуто ќе дознаете како е да се…
Прочитај

Игор Јованоски од Europa House Скопје: “2022 е европска година на младите и клучен момент да се продолжи напред”

Игор Јованоски e дел од тимот на Europe House Скопје како постар менаџер за мрежи и помош на Европска Унија. Неговото богато портфолио и искуство секојдневно допринесува за иднината и…
Прочитај