Внесувањето иновации е круцијално за компаниите, особено во овие нови неизвесни времиња. Тоа подразбира одлучност да им се пристапи на предизвиците од еден друг нов агол, да им се пружи можност на новите вредности и начини на размислување.
Примената на нови алатки и методологии е од голема корист денес, затоа што тие ни помагаат полесно да ги совладаме пречките, а истовремено и да допринесуваме со резултати. Една таква метдодолгија е Design Thinking, која слободно можеме да кажеме дека од ден на ден се популарна.
Зошто е тоа така?
Во овие неизвесни времиња се фокусираме на потребите на другите, изнаоѓаме решенија како да помогнеме. А емпатијата е првиот и најбитен чекор во Design Thinking процесот, па затоа моментално оваа методолгија е сè позастапена кај компаниите од сите индустрии. Ориентирана кон човековите потреби, Design Thinking методологијата се стреми да ги подобри производите, услугите и сервисите, а воедно и да реши конкретни предизвици.
На 10.12.2020 ќе се одржи Online работилница проследена со панел дискусија заедно со Ана Јеличиќ (Design Thinkers Academy Adria од Белград) и Иван Зографски (Solveo и Innothink, Скопје). Тие ќе ги споделат своите искуства од прва рака, кои компании најчесто имаат интерес и потреба од Design Thinking, ќе раскажат за трансформацијата од физички во виртуелни работилници, и најбитно зошто ваквите нови алатки и вештини се токму сега многу корисни. Преку конкретни примери ќе ни откријат зошто компаниите се одлучуваат за примена на Design Thinking.
При крајот ќе се одржи кратка работилница каде учесниците ќе имаат можност сами да согледаат каква моќ има Design Thinking методологијата.
Сè што треба да направите да бидете дел од ова несекојдневно искуство, е да се пријавите на следниот линк.
Целта на виртуелната Design Thinking работилница е да го поттикне иновативното размислување, да се запознаете со моќта на оваа методологија, и што е најважно како можете да ја примените во вашата пракса и да креирате иновативни продукти.
Работилницата е наменета за секој кој сака да дознае како може да креира иновативни продукти и стратегии во компанијата, да поттикне креативно и иновативно размислување во тимот, да креира нови продукти и да постигне успех.
На оваа работилница ќе ја осознаете суштината на Design Thinking методологијата, ќе дознаете како и каде може практично да се примени истата, и какви резултати може да се постигнат доколку се практикува во секојдневната професионална пракса.
Ве поттикнуваме да им дадете шанса на новите и непознати нешта. Верувајте дека ќе бидете изненадени од придобивките и креативната енергија што позади себе ги остава примената на Design Thinking.