Интервју со Сандра Костовска основач на Paper Box: “Желбата да имам книжарница  беше главната причина што се решив да направам трансфер во кариерата.”

Total
30
Shares

Сандра Костовска го отвора нашиот серијал на смели, креативни и иновативни бизнис идеи на нашиот пазар. A ние со задоволство сакаме да ги поддржиме. Позитивната млада девојка го формира брендот Paper Box и си остварува една желба од детството. 

1. Сандра, ти имаш интересна приказна за твоето образование и кариера, раскажи ни го твоето патешествие? Отвори ни ја твојата магична кутија:)

Интересно е тоа што моето образование го започнав во Русија, каде што го завршив првото одделение. Потоа го продолжив моето образование во Скопје, дел од средното образование го поминав во Охридската Гимназија, за на крај повторно да го завршам на Филолошкиот факултет во Скопје. Моетото работно искустство го започнав во фирмата на моите родители каде што го добив целото работно искуство и подготовка да можам да продолжам понатаму.  

2. Што е Paper Box и од каде е целата идеја за ваков креативeн и иновативен бизнис? 

Paper Box е онлајн платформа каде сите графички дизајнери, архитекти, уметници  кои сакаат своите дела да ги пласираат на пазарот, можат да го направат тоа на Paper Box. Идеата за онлајн платформа  ја добив од мојата другарка Даниела, која сама го создаде брендот Bastet Noir кој веќе неколку години е онлајн на пазарот. Не само што идеата ја добив од неа туку имав постојана поддршка од неа. 

Инаку желба ми беше со години да имам своја книжарница поточно картолерија, продавница само за хартиени производи, но бидејќи модерното време налага се’ повеќе да купуваме онлајн затоа се решив да отворам онлајн продавница за хартиени производи. 

3. Како се одлучи за огромен трансфер во кариерата? Кој беше твојот најголем предизвик, а воедно и мотивација да продолжиш напред со твојата идеја?

Желбата да имам книжарница  беше главната причина што се решив да направам трансфер во кариерата. Предизвикот е остварување на една своја голема цел и желба која си ја поставив уште пред неколку години, само немаше погоден момент кога да се изреализира. Мотивацијата доаѓа сама по себе особено кога тоа што го правиш им се допаѓа и на другите па те мотивираат да направиш уште повеќе од тоа што си почнал и замислил. 

4. Какво беше твоето искуство на пазарот? Кои беа првите импресии?

Сепак многу е рано да зборувам за искуството на пазарот, само неколку месеци постои Paper Box, но досегашното искуство за овие месеци е и повеќе од тоа што очекував во позитивна смисла. Новите контакти со клиентите и соработниците е нешто непроценливо, учиш многу, дознаваш нови информации, работиш под притисок, стрес, успех, се се тоа први импресии. 

5. Мрежата на соработници на Paper Box постојано расте, на кој начин доаѓаш до нови контакти? Кои се впечатоците кога ќе слушнат за Paper Box соработка?   

Мрежата расте навистина брзо пред се’ благодарение на социјалните мрежи, кои многу ми помогнаа да остварам нови контакти. Многу често доаѓам до нови контакти преку соработниците со кои веќе соработуваме, но и тоа што постојано барам нови контакти и без разлика дали се познаваме или не, стапувам во контакт за соработка, но и обратно. Генерално им се допаѓа идеата, но сепак се работи за соработка и не секогаш секој е расположен да ја прифати понудата. Сепак се работи за работа па нема лутење.


6. За релативно краток период популарноста на Paper Box достигна високо ниво, какви тајни можеш да ни откриеш за твојот успех?

Како што кажав и претходно најмногу ми помогнаа социјалните мрежи, пријателите и познаниците кои несебично споделуваа, зборуваа за Paper Box.

Тајната за успехот до сега каде што стигнав е постојана работа, упорност, посветеност и одговорност, но и пред сe’ круцијалната поддршката која ја имав од најблиските целиот овој период, бидејќи без некои од нив, немаше  да постои  Paper Box, барем не во ова издание кое што е сега.     

7. И за крај што би им препорачала на младите и идните креативни претприемачи? 

Да не се откажуваат од својот сон, без разлика колку и да им изгледа во моментот нереален за реализација. Да ризикуваат бидејќи тоа е дел од тајната на успехот, да се осмелат да побараат совет и помош и тогаш чуда се случуваат. 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Ruzica Filiposka - HR Magnetik

Интервју со Ружица Филипоска од Магнетик: “Го запознав мојот тим со Design Thinking и до ден денес го применуваме активно!”

  Оваа недела седнавме да поразговараме со HR менаџерот во модната групација Магнетик – Ружица Филипоска. Ни раскажа како се запознала со Design Thinking методологијата, како ја вовела да се…
Прочитај
Jane Pavlevski - A1

Интервју со Јане Плавевски од А1 Македонија “Компанијата која на корисниците ќе им понуди реални решенија за нивните потреби, секогаш ќе расте.”

Една од најголемите компании за телекомуникација во нашата земја – А1 Македонија активно ја применува Design Thinking методологијата во своето секојдневно работење. Поттикнати од придобивките решија да им дадат вистинска…
Прочитај

Интервју со Розита Т. Христовска: “Design Thinking е алатка која се користи на професионален и на личен план!”

Eдни од првите кои имаа прилика да ги искусат виртуелните Design Thinking работилници се EU House и нивниот виртуелен настан на кој 30-тина млади креираа решенија за идеалното училиште од…
Прочитај
DesignThinking - Lela

Интервју со Лела од Innothink: “Design Thinking се стреми за подобрување на иднина и се обидува да креира идеи кои ќе дадат решенија на секојдневните предизвици”

Денес ќе разговараме со Лела Анастасова, сертифициран Design Thinking тренер и инструктор во Innothink. Работи како Design Thinking инструктор веќе неколку години има работено по оваа методологија од деца, средношколци…
Прочитај

Интервју со Доц. Д-р Кате Трајкова: Design Thinking методологијата е алатка која има исклучителна вредност и треба да ја совладаат сите наставници и универзитетски професори

Доц. Д-р Кате Трајкова е професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Неодамна се запозна и започна да ја применува Design Thinking методологијата. Од интервјуто ќе дознаете како е да се…
Прочитај

Игор Јованоски од Europa House Скопје: “2022 е европска година на младите и клучен момент да се продолжи напред”

Игор Јованоски e дел од тимот на Europe House Скопје како постар менаџер за мрежи и помош на Европска Унија. Неговото богато портфолио и искуство секојдневно допринесува за иднината и…
Прочитај