“Learn to design and design to learn”
Дизајнот на продукт е креирање на средина (продукт, систем или услуга) која ќе му овозможи на корисникот да има вредно корисничко искуство.
При дизајнирањето на продукт, дизајнерите мора да ги постават следниве прашања:
-
Кој проблем го решаваме?
Дефиницијата на проблемот произлегува од претходни сознанија за пазарот, корисничките потреби и конкуренцијата.
На пример, Apple во 80-тите години го дефинира проблемот на постоечкото компјутерско глувче на следниов начин: скапо, комплицирано за изработка и затоа- невозможно масовно да се произведува и користи. Дизајнерите биле насочени кон продукт кој ќе биде поефтин и полесен за изработка, како и естетски прифатлив и наменет за широка употреба. Нивните прототипи вклучувале ротирачко топче од дезодоранс во пластичен “оклоп” кој цврсто ќе ги држи внатрешните компоненти. По валидацијата на прототипот, изработено е првото Apple глувче чиј дизајн на механизам оттогаш се користи за производство на сите компјутерски глувчиња.
- Кој се соочува со тој проблем?
Добриот дизајн е од “луѓе за луѓе”. Неопходно е да го погледнете вашето решение од гледната точка на корисникот бидејќи успешниот дизајнер не се занимава само со дизајнот, туку и со крајната цел и употребната вредност на продуктот. Doug Dietz го дизајнира првиот рендген наменет за деца во склоп на неговата иновативна Adventure series со помош на Design Thinking. Индустрискиот дизајнер започнува да го дизајнира иновативниот уред откога присуствува во ординацијата во моментот кога мало девојче неутешно плаче по прегледот во уредот кој тој го дизајнирал. Со помош на IDEO и Design Thinking, дизајнира нов, забавен рендген уред во кој децата не само што не се плашат, туку се забавуваат. -
Што сакаме да постигнеме со продуктот (решението)?
Nike, модниот ветеран во иновации, успешно го поврзува дизајнот со модата преку користење на design thinking многу одамна пред овој пристап да стане препознатлив. Во 80-тите години Nike го пушта во продажба Air Force One, иновативниот модел на патики кој содржи технологија на компресиран воздух во ултра- модерна надворешност. Целта на овие модели е да го подобрат атлетскиот перформанс со користење на иновативна методологија, а истовремено да остават модерен впечаток.
Валидацијата на решението е неопходна во текот на целиот процес на дизајн. Доколку корисниците го валидираат вашиот прототип, сметајте дека имате успешен продукт за продажба. Примерите за користење на Design Thinking при дизајн на продукт покажуваат дека вистинската иновативност се крие во решавањето на вистинските проблеми и задоволувањето на потребите на корисниците.