Design Thinking е рамка за решавање проблеми што користи емпатични, креативни и аналитички вештини за совладување на предизвиците. Најчесто менаџерите, сопствениците на компаниите организациите, тимовите и секој воопшто се соочува со најразличен проблем кој треба да се разреши:
- потрага по својата следна голема идеја (креирање нов производ или услуга).
- организациите се обидуваат да ги натераат луѓето да заштедат енергија или вода (да решат социјален проблем).
- IT компанијата која сака лесен дизајн за еден од неговите гаџети ( треба да одговара на потребите на потрошувачот).
Во секоја од овие ситуации, Design Thinking методологијата може да се користи и за решавање на проблеми и за дизајнирање и градење на вашата иднина.
Како да примените design thinking во вашиот живот
Мнозинството од нас го поминуваат најголемиот дел од животот на работните места. Затоа, како ќе ја дизајнираме нашата иднина е доста битен дел од професионалните дел на живеењето.
Кога луѓето бараат помош за да се идентификува кој пат во кариерата да се следи, честопати им се укажува да ја идентификуваат нивната страст. Но, експертите велат дека ова е погрешен пристап. Ова е затоа што студиите покажуваат дека само 20% од населението може да идентификува единствена интерес.
Другите 80% од популацијата се заинтересирани за многу различни нешта или немаат ниту едно нешто што се искачува на нивото на „тоа е она што сакам да го сторам до крајот на животот“. За тие 80%, интересот не е нешто што тие го имаат или го наоѓаат, туку нешто на кое работат.
Овие луѓе треба да испробаат нешто ново, да видат како работи, да го разоткријат и да експериментирааат понатаму. Токму тука може да се примени Design Thinking. Да се изгради иднина со идејно размислување значи да се земе импровизациски поглед на животот и да се оди напред со „градење на патот“.
Чекори што треба да ги следите за да примените Design Thinking во креирањето на Вашата кариера
Еве ги чекорите што треба да ги следите за примена на Design Thinking во Вашето секојдневие или кариера:
1. Водете дневник
Да претпоставиме дека се чувствувате неисполнето на работа. Со цел да утврдите како да ја подобрите оваа состојба, започнете да водите дневник за “Добрите работи/време”. Така ќе ги следите вашите дневни активности за една недела за да утврдите во кои активности најмногу уживате. Поставувајте си на себе што повеќе прашања, за да одговорите полесно се самооткриете.
2. Следете ја Вашата енергија:
Некои активности се енергични, додека други пак трошат енергија. Означете ги вашите главни активности за неколку недели и забележете како се чуствувате од секоја активност. Како и со претходната вежба, целта на оваа вежба е да забележите како влијаат вашите активности врз вас. Преку вашиот дневник ќе ви добиете идеи за тоа како да ги подобрите вашите рутини.
3. Креирајте три плана:
Во оваа вежба, ќе размислите за неколку сценарија или патеки за следните пет години од животот. Ова се траектории што реално може да ги следите. Погледнете го следново:
- Едно сценарио е вашиот тековен живот, ако едноставно продолжи таков каков што е;
- Второто сценарио е она што би го сториле доколку вашиот сегашен живот ненадејно го снема;
- За повеќе сценарија, помислете на тоа што можеби сакате да направите со вашиот живот;
Вистината е дека повеќето луѓе не знаат што сакаат, затоа едноставно создадете неколку различни сценарија кои вклучуваат различни алтернативи што ви звучат интересно. Дали некогаш сте размислувале да продадете сè што поседувате и да патувате низ целиот свет? Можеби ќе сакате да станете адвокат во кој било момент од животот? Дали некогаш Ви дошло на ум да станете готвач?
Освен кариерата, влучете и лични цели во Вашиот план, како на пример пишување роман, патување во Јужна Америка, свирење инструмент и сл.
Трите вежби што ги завршивте во чекорите погоре Ви дадоа повеќе информации за себе и за Вашиот живот – кои сте и што сакате. Тие информации претпоставуваме дека Ви помогнаа за да го дефинирате Вашиот (можен) проблем. На еден начин поминавте дел од Design Thinking процесот. Следно е да примените дел од сознанијата во пракса и да тестирате.
Поентата на овие вежби е да сфатите дека Вашиот живот би можел да оди и во многу различни насоки, а вие би можеле да бидете среќни во секоја од нив. Сепак, не постои ниту еден совршен пат, затоа престанете да мислите дека ако сте направиле погрешен пресврт некаде, никогаш нема да го водите вашиот „идеален живот“.