Интервју со Доц. Д-р Кате Трајкова: Design Thinking методологијата е алатка која има исклучителна вредност и треба да ја совладаат сите наставници и универзитетски професори

Total
30
Shares

Доц. Д-р Кате Трајкова е професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Неодамна се запозна и започна да ја применува Design Thinking методологијата. Од интервјуто ќе дознаете како е да се биде професор денес и кои се нејзините најголеми предизвици.

Колку време сте професор и на која катедра? Можете ли да ни кажете малку повеќе за вашето искуство и одговорности?

Да се биде професор во ова време на големи промени е вистинска чест, професија која не подразбира само пренесување на знаење и сознанија туку многу повеќе опфаќа активности за развој на социо-емоционалните вештини, индивидуален развој, насочување на интересите и обликување на вредностите  на младите. По речиси една деценија во високото образование, предавам група предмети од областа на организациските науки и менаџментот, младите и нивниот ентузијазам, љубопитноста за принципите на современиот менаџмент, одржливоста на бизнисот  како и за психологијата на менаџментот ми се сериозен предизвик за постојана потрага по нови пристапи на едукација. Како што кажав, личниот развој на студентите и грижата за нивнот менатлно здравје во рамки на центарот за академско советување  се значаен дел од мојот академски ангажман.

design thinking mk

Едукацијата постојано бара нови алатки и методологии кои ќе им овозможат креативни и интеркативни начини на младите. Што ве поттикна да тргнете во потрага по нови алатки и методологии? Како дознавте за Design Thinking методологијата?

Научно истражувачката работа бара постојано активно и високо ниво на љубопитност, изразување на креативниот потенцијал. За подобро запознавање со одредени концепти, настојувам во своите предавања да им предочам на  студентите конкретни веќе докажани, апликативни модели и алатки за работа. Верувам дека низ вежба и тестирање на одредени методологии во одреден контекст за време на часот или на одреден случај, придонесувам за развој на критичкото мислење и стекнување на знаење. Покрај низата на алатки кои ги применувам во својата работа, за  Design Thinking методологијата ме поттикнаа да размислувам првенците практичари на алатката – InnoThink и Solveo. Во потрага по целиот концепт на методологијата, станав член Interaction Design Foundation каде ја завршив онлине обуката со исклучителен успех меѓу 10те најдобри во класата, односно 3та на листата слушатели од Република Северна Македонија.

Имавте прилика да ги примените алатките од Design Thinking методологијата со вашите студенти. Дали можете да ни споделите кои беа нивните импресии и дали сметате дека може DT методологијата да се примени во секојдневните предавања и активности со студентите?

Запознавањето со алатката преку конкретен пример од секојдневното живеење и потрагата по можни иновативни пристапи за решавање на прашањето кое го засега секојдневниот живот на младите беше ново и необично искуство за нив. Алатката ја применивме додека сеуште имавме настава во училница, каде имаа можност да работат во групи, да минат низ сите фази на процесот, да цртаат и да генерираат навистина иновативни пристапи. Алатката ќе ја применувам и понатаму на своите часови, истовремено применувајќи ја за дизајн на предавањата по одредени тематски единици. Со малку вежба истата станува рутина која може да се примени за дизајн на разновидни решенија на прашања од нашето секојдневие.

design thinking mk

Дали би ја препорачале Design Thinking метологијата на наставниците и универзитетските професори? Според вас дали еден ваков тип на креативна методологија може да стане дел од целокупното образование на младите?

Design Thinking Методологијата е алатка која има исклучителна вредност. Наставниците и универзитетските професори треба да ја совладаат пред се за дизајнот на своите часови. Хумано центристичката природа на методологијата подразбира покрај идентификацијата на екстерните фактори, идентификација на психолошката природа на корисникот на услугата, а со тоа дизајнирање на услугата според природата на корисникот во случајов нашите ученици и студенти. Познавањето на алатката и нејзината примена во дизајнирањето на образовно едукативниот пристап за време на пандемијата со Ковид може да одигра значајна улога во подобрувањето на образовниот процес. Ги охрабрувам да се запознаат, безрезервно да ја применуваат и да навлезат што подлабоко во примената на алатката која ке им открие поинакви перспективи за наставата и образованието во ова време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Ruzica Filiposka - HR Magnetik

Интервју со Ружица Филипоска од Магнетик: “Го запознав мојот тим со Design Thinking и до ден денес го применуваме активно!”

  Оваа недела седнавме да поразговараме со HR менаџерот во модната групација Магнетик – Ружица Филипоска. Ни раскажа како се запознала со Design Thinking методологијата, како ја вовела да се…
Прочитај
Jane Pavlevski - A1

Интервју со Јане Плавевски од А1 Македонија “Компанијата која на корисниците ќе им понуди реални решенија за нивните потреби, секогаш ќе расте.”

Една од најголемите компании за телекомуникација во нашата земја – А1 Македонија активно ја применува Design Thinking методологијата во своето секојдневно работење. Поттикнати од придобивките решија да им дадат вистинска…
Прочитај

Интервју со Розита Т. Христовска: “Design Thinking е алатка која се користи на професионален и на личен план!”

Eдни од првите кои имаа прилика да ги искусат виртуелните Design Thinking работилници се EU House и нивниот виртуелен настан на кој 30-тина млади креираа решенија за идеалното училиште од…
Прочитај
DesignThinking - Lela

Интервју со Лела од Innothink: “Design Thinking се стреми за подобрување на иднина и се обидува да креира идеи кои ќе дадат решенија на секојдневните предизвици”

Денес ќе разговараме со Лела Анастасова, сертифициран Design Thinking тренер и инструктор во Innothink. Работи како Design Thinking инструктор веќе неколку години има работено по оваа методологија од деца, средношколци…
Прочитај

Игор Јованоски од Europa House Скопје: “2022 е европска година на младите и клучен момент да се продолжи напред”

Игор Јованоски e дел од тимот на Europe House Скопје како постар менаџер за мрежи и помош на Европска Унија. Неговото богато портфолио и искуство секојдневно допринесува за иднината и…
Прочитај

Интервју со Enroll – Победничката идеја на Startup Weekend Skopje 2022

Неодамна Скопје повторно беше домаќин на глобалниот настан за млади претприемачи и иноватори – Startup Weekend. После 54 часа интензивна работа стручното жири составено од експерти во разни области ја…
Прочитај