Оваа недела седнавме да поразговараме со HR менаџерот во модната групација Магнетик – Ружица Филипоска. Ни раскажа како се запознала со Design Thinking методологијата, како ја вовела да се применува во фирмата и какви резултати постигнале.
1. Кажи ни нешто за тебе, што работиш и какво искуство имаш? Кои се твоите секојдневни обврски и одговорности?
Големо задоволство и предизвик е да се биде една карика во процесот на дирекна продажба. Процес кој сам по себе е динамичен, дава голема можност за иновативно размислување, многу уникатен и специфичен и токму поради сите овие карактеристики дава големи можности за развој на личен и професионален план. Да бидам искрена многу сум среќна и благодарна за тоа што мојата работна средина е составена од професионални тимови што секојдевно ме мотивираат и ја прават мојата работа предизвикувачка.
Во тимовите на мојата компанија секогаш се трудиме да владее ентузијазмот. Сметам дека е клучен фактор пред се за дејноста во која ние фукционираме ,а тоа е малoпродажбата на лукзуна модна , брендирана гардероба. Токму нивниот ентузијзам и енергија секојднeвно ми даваат мотив со задоволство да ги извршувам своите работни обврски во кои заедно ги составуваме нашите професионални тимови, performance management, задржување и унапредување на позитивната работната средина, зголемување на мотивацијата на вработените и нивното задоволство во работата, развој и едукација на вработeните.
2. Kaкви обуки се применуваат во твојата работна средина и кој е твојот извор на инспирација?
Дирекната продажба, пред се во областа на модата е дејност која дава големи можности за примена на обуки од различни области. Обуки за личен раст и развој на вработените, обуки од областа на техники на продажба, обуки за развивање на техники за подобрување на комуникацијата и обуки специјализирани за нашата компанија за најновите модни трендови и инспирации за кои посетуваме семинари во Италија. Редовно имаме посети од нашите партнери и добиваме материјали дирекно од матичните брендови.
Секојдневната комуникација која ја имам со своите тимови, нивното споделување на информации за нивното секојдневно фукционирање ми се неизмерна и основна инспирација и насока во кој правец да се надоградиме и кој вид на обука да ја реализираме.
Обуките секогаш ги организирам со голема посветеност, трудејќи се секогаш да им бидат интересни, креативни и поучни како би го задржала нивното внимание и би добила позитивен feedback, како во однос на нивните комантари после обуката така и во примената на инфомациите добиени од истата. Во нашата компанија обуките секогаш се со интерактивен карактер и претставуваат значаен сегмент од нашата работа, бидејки претставуваат можност и за взаемна дискусија, разменување на мислења и искуства , како и ефективно и креативно решавање на предизвиците од секојдевното работење.
3. Како една од обуките кои ти лично ги имаш посетено е и Design Thinking обуката. Што претставува за тебе Design Thinking?
Во центарот на работењето на нашата компанија е потрошувачот. Да се разбереме задоволен потрошувач ќе имате само тогаш кога ќе имате задоволен и мотивиран работник. Членовите на моите тимови се оние кои ја пренесуваат пораката до крајниот потрошувач преку својата енергија, емоции и ентузијам.
За да имате мотивиран задоволен и продуктивен работник постојано треба да работите на тоа. Да го зголемувате ентузијамот за работата на своите вработени, нивната љубов кон работата, да им овозможите убава и пријатна работна атмосфера и да го редуцирате стресот. Посетата на работилницата за Design Thinking метологијата многу ми помогна токму во овие аспекти. Секако моето искуство го пренесов на своите тимови. Thinking outside the box, различното размислување за секојдневните ситуации и барање на креативно решение по пат на креативен процес многу ми помогна во редуцирањето на стресот во неочекувани ситуации, го зголемија ентузијазмот и задоволството во работата.
4. Како ја применуваш Design Thinking методологијата во твоето професионално секојдневие? Дали можеш да ни дадеш некој пример?
По посетата на работилницата за Design Thinking методологијата почнав секојдевно да ја применувам во своите активности и во професионаалниот живот и во деловните активности. Гледањето на ситуациите од различен аспект навистина ми го редуцираа стресот, ми ја зголемија мотивацијата и ефективноста во секојдневното фуксционирање.
Моето искуство веднаш го пренесов на своите тимови кои се секогаш расположени да научат нешто ново. Тоа дополнително ми ја зголемува волјата за работа и мотивацијата.
Примената на Design Thinking ја започнавме со интерактивна вежба во која групите кои беа присутни напишаа ситуации од работењето кои им се помалку пријатни. После објаснувањето на фазите на процесот на Design Thinking ги решивме сите задачи кои ги имавме претходно напишано и заедно дојдовме до заклучок дека самата промена на пристапот на ситуацијата – истата таа ситуација е помалку стресна. Погледот на ситуацијата од друга перспектива, сочувствувањето, дефинирање – идеализирање како ситуацијата би се решила во корист на сите засегнати страни, наоѓање на медиум за идеално спроведување и имплементација на решението. Оваа методологија ни даде одговори за тогашните ситуации преку еден ефикасен и лесно применлив начин кој се уште го применуваме.
5. Според твоето досегашно искуство, дали сметаш дека Design Thinking методологијата може да се примени и понатаму во компанијата каде што работиш?
Живееме во свет во кој промените се составен и неминовен дел од нашето секојдневно фукционирање . Од фундаментално значење е како ние ќе гледаме на нив и како ќе се приспособиме на истите. За секоја компанија која сака да си ја олесни работата, Design Thinking е методо кој доколку го применува во своето работење ќе и биде многу полезна и значајна алатка за да се прилагоди на динамичната околина и да ги искористи бенефитите кои секоја нова можност ги нуди.
Гледањето на работите од поинаква персектива – од перспективата на сите учесници, иновативното креативно размислување, односно будењето на свеста дека палетата на бои не се само црна и бела е многу битен момент во мојата компанија. Во нашата компанија тоа ни помага во решавањето на секојдневните предизвици и извршувањето на секојдневните активности, ни ја зголемува мотивацијата и продуктивноста, волјата и ентузијазмот за работа.