Eдни од првите кои имаа прилика да ги искусат виртуелните Design Thinking работилници се EU House и нивниот виртуелен настан на кој 30-тина млади креираа решенија за идеалното училиште од иднината со примена на Design Thinking методологијата.
По тој повод разговараме со Розита Талевска Христовска – менаџер за вмрежување од EU House, кои беа дел од првите виртуелни Design Thinking работилници.
1. Кажете ни нешто повеќе за Вас, која е Вашата работа во EU House?
Networks Manager – си кажува се само по себе, нели? 🙂
Мојот ангажман во EU House опфаќа широка палета од активности, како координација и мониторинг на проектите, подготовка на концепти, креирање активности, имплементирање програми за младите (Erasmus Plus, Design Thinking работилници, хакатони, дебати, настани…)
Изгледа ми било предодредено да ‘вмрежувам’ откако паметам за себе, растејќи по светот како дете на дипломат, соочувајќи се со различности уште од мали нозе фасцинирана бев од тоа какви сè луѓе постојат. Тоа се провлекува кај мене цел мој професионален живот и секогаш се наоѓам во ситуација да сум со најразлични профили на луѓе. Така и со ЕU House. Многу различни активности, настани, луѓе, дискусии, дебати патувања итн. Што повеќе може да посака човек.
2. Што Ве мотивираше да тргнете во потрага по нови алатки и начини за доедуцирање и поттикнување на креативноста кај младите? Зошто се одлучивте за Design Thinking?
Сакав да ja пренесам мојата возбуда кога прв пат jaс се сретнав со Design Thinking. Тоа беше на една обука во Италија каде што член на тимот беше обучувач токму за Design Thinking. Со оглед на тоа дека групата немаше слушнато за тоа, дечкото, за најдобрo да ни долови што е тоа едноставно ни подаде по еден лист А4 лист и ни рече напрaвете плик. Ние така збунети се погледнавме еден со друг и почнавме да размислуваме како да направиме плик. По некое време сите дојдовме до различни функционални пликоа / решенија. Ете тоа е Design Thinking ни рече.
И така се запознав со процесот на креирање на солуции користејќи го процесот на Design Thinking. Фантастично нели? 🙂
3. Како ја применивте Design Thinking методологијата кај младите?
Дали може да ни раскажете малку повеќе за начинот на кој младите се запознаа со Design Thinking и како се одвиваше целиот процес?
Со оглед на тоа што сум во постојан контакт со млади преку најомилената работна обврска – дебати со средношолци кои ги организирам за Амбасадорот на Делегација на ЕУ, често имам прилика да осознаам што е тоа што ги интересира младите или што е тоа што би им помогнало за личен и иден професионален развој, како да бидат во тек со најновите алатки итн. А Солвео имав прилика да ги запознаам уште кога беа во своите почетоци, па ми останале во сеќавање и повторно неизбежното мое вмрежување.
4. Како едни од првите кои ја прифатија Design Thinking методологијата во виртуелно издание, кои беа Вашите очекувања од онлајн работилниците со младите и дали се оствари посакуваната цел?
Искрено малку бев скептична дали ќе има постојан интерес со оглед на тоа што програмата траеше повеќе недели, но на мое пријатно изненадување Солвео со својот динамичен, интерактивен и креативен пристап успешно го задржа вниманието на голема група на средношколци во време на различни рестрикции и други предизвици со кои се соочуваа со преминот на онлајн настава.
5. По завршување на Design Thinking програмата, какви резултати се постигнаа и какви креативни решенија понудија младите?
Над 30тина неверојатни средношколци на првата виртуелна Design Thinking работилница беа поделени во 8 тимови и го дизајнираа своето идеално училиште на иднината.
Виртуелната рабoтилница во форма на училишен предизвик се состоеше од 2 вебинари, 2 менторски сесии и ден наменет за презентациите. На крајот на проектот, учесниците креираа целосно дизајнирано решение кое што го тестираа и подобрија за да биде „подготвено за пазарот“.
Учениците создадоа најразлични прототипи за своите решенија кои ни ги презентираа на последната работилница. Добивме копмплетна програма за современо образование, дигитална едукација за професорите (под менторство на учениците, online платформи, chill зони за училиштата, па сè до Bullying апликација).
6. Што би препорачале за во иднина? Дали сметате дека Design Thinking работилници можат да одговорат на новите предизвици?
Дефинитивно. Топло препорачувам секој да го помине овој процес затоа што Design Thinking е алатка која се користи на професионален, но и на личен план. Плус со Солвео тоа е секогаш забавно што е неоходно за да остане во добро сеќавање.