Интервју со Лела од Innothink: “Design Thinking се стреми за подобрување на иднина и се обидува да креира идеи кои ќе дадат решенија на секојдневните предизвици”

Total
1
Shares
DesignThinking - Lela

Денес ќе разговараме со Лела Анастасова, сертифициран Design Thinking тренер и инструктор во Innothink. Работи како Design Thinking инструктор веќе неколку години има работено по оваа методологија од деца, средношколци и студенти сè до некои од најголемите компании во Македонија.

Кажете ни нешто повеќе за вас, од кога почнавте да работите со Design Thinking и што Ве наведе кон тоа? Која е вашата позиција во Innothink и со што всушност се занимава  оваа компанија?

Лела: Полни 10 години работам како професор по германски јазик и секогаш сакам да избегам од традиционалните начини на предавање и едукација. Се уште ја немав сретнато оваа методологија како термин, а ја користев во наставата преку алатките кои современите учебници ги нудат. Спонтано дојдов во комуникација со луѓето кои веќе подготвуваа нешто ново,знаејќи дека главниот фокус ми е едукација на децата, кои ме повика да бидам дел од гостувањето на Обуката за Design Thinking со Noam Sohachevsky од Design Club UK, во Јавна соба. Тој одржа обука  каде се стекнав со Design Thinking  сертификат. Така започнува мојата дружба со  Design Thinking. Ме привлече креативната реализација и нешто што ме карактеризира лично мене, динамика и шаренило.

Така веќе 2 години сум дел од Тимот на Innothink, каде поминавме доста различни обуки и тренинзи, за најразлични компании и индустрии. Не можам никако да ги изоставам моите најомилени работилници, а тоа се оние каде главни актери се децата.

Оваа методологија сте ја применувале со најразлични возрасти и професии, од деца се до топ менаџмент во големи компании. Дали може да ни кажете нешто повеќе за Design Thinking и како може да се применува кај различни корисници? 

Лела: Design Thinking се базира на логика, имагинација, интуиција и систематизирано расудување за да се истражат можностите на тоа што би можело да биде, со цел да се создадат посакувани резултати во прилог на крајниот корисник (клиент).

Design Thinking  се стреми за подобрување на иднина и се обидува да креира идеи кои ќе дадат решенија на предизвиците со кои секојдневно се соочуваме.

Предноста на оваа методологија е дека не познава граници ниту пак има предрасуди. Се покажала како ефективна буквално во сите индустрии и области, кај сите возрасти и култури. Тоа е така бидејќи во центарот на внимание на оваа методологија се луѓето. А луѓето се двигатели на промените, па следствено Design Thinking присутен и прилагодлив секаде каде што треба да се задоволат потребите на корисникот за да се одговори на промените и навиките. 

Според Вас зошто е потребно да се користи и имплементира овој начин на размислување и работење? Што треба една модрена компанија да направи за да може да ја користи оваа методологија и какви придобивки би имала од истата?

Лела: Денес динамиката на живеење ни наметнува бргу да се менуваме и да делуваме. Сметам дека и затоа Design Thinking методологијата годиниве станува се повеќе популарна. Таа нуди ефективни решенија кои се бргу применливи, односно подготвени за имплементација. Алатките кои се користат при овој процес нудат можности да се извлечат реални информации од вашите (потенцијални) корисници. Самото тоа дека работите на жива материја, добивате релевантни податоци од истражувањата на терен, ве тераат брзо да делувате и нестрпливо сакате да ги видите резултати од вашите нови или подобрени производи, сервиси или услуги.


Во изминатите месеци во Innothink спроведовте и неколку виртуелни работилници и обуки. Какво беше искуството, со какви предизвици се соочивте и дали сметате дека во иднина би можеле овие работилници да се реализираат само виртуелно?

Лела: Ние впрочем направивме комплетен Design Thinking процес изминатиов период. Бевме приморани да се адаптираме на новите околности и нашите работилници да ги трансформираме во Виртуелни обуки и тренинзи. Поминавме низ фаза на истражување, собирање идеи, организиравме пробни работилници, тестиравме различни алатки, менувавме планови, се подобрувавме. Моментално постигнавме од целиот тој процес целосно да се префрлиме и нашите услуги да ги нудиме виртуелно. Воедно подготвивме 4 нови работилници/обуки и наскоро ќе бидат  лансирани и достапни на нашата  нова веб страница. Сè беше доста бргу, непредвидливо, но можеби баш тоа принесе големи резултати и креативност.

Што би препорачале за во иднина? Дали сметате дека Design Thinking работилници можат да одговорат на новите предизвици?

Лела: Времето на прифаќање на  промените е неминовно тука.  Сега на нас е оставен предизвикот на каков начин ќе избереме. 

Слободно можам да кажам и да ги охрабрам компаниите дека виртуелните Design Thinking работилници се одговор за вашите дилеми во поглед на моменталните случувања. Впрочем низ една работилница ќе успеете да откриете со кои точно проблеми се соочувате, да ги истражите вашите конкуренти  што и како прават, да создадете идеи и да ги селектирате, ќе направите прототип кој ќе го тестирате директно со вашите корисници и да добиете директен фидбек за да го подобрите.

Истовремено вашиот тим ќе се стекне со едно ново искуство и начин на работење кое ќе можете и понатаму да го применувате во компанијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Ruzica Filiposka - HR Magnetik

Интервју со Ружица Филипоска од Магнетик: “Го запознав мојот тим со Design Thinking и до ден денес го применуваме активно!”

  Оваа недела седнавме да поразговараме со HR менаџерот во модната групација Магнетик – Ружица Филипоска. Ни раскажа како се запознала со Design Thinking методологијата, како ја вовела да се…
Прочитај
Jane Pavlevski - A1

Интервју со Јане Плавевски од А1 Македонија “Компанијата која на корисниците ќе им понуди реални решенија за нивните потреби, секогаш ќе расте.”

Една од најголемите компании за телекомуникација во нашата земја – А1 Македонија активно ја применува Design Thinking методологијата во своето секојдневно работење. Поттикнати од придобивките решија да им дадат вистинска…
Прочитај

Интервју со Розита Т. Христовска: “Design Thinking е алатка која се користи на професионален и на личен план!”

Eдни од првите кои имаа прилика да ги искусат виртуелните Design Thinking работилници се EU House и нивниот виртуелен настан на кој 30-тина млади креираа решенија за идеалното училиште од…
Прочитај

Интервју со Доц. Д-р Кате Трајкова: Design Thinking методологијата е алатка која има исклучителна вредност и треба да ја совладаат сите наставници и универзитетски професори

Доц. Д-р Кате Трајкова е професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Неодамна се запозна и започна да ја применува Design Thinking методологијата. Од интервјуто ќе дознаете како е да се…
Прочитај

Игор Јованоски од Europa House Скопје: “2022 е европска година на младите и клучен момент да се продолжи напред”

Игор Јованоски e дел од тимот на Europe House Скопје како постар менаџер за мрежи и помош на Европска Унија. Неговото богато портфолио и искуство секојдневно допринесува за иднината и…
Прочитај

Интервју со Enroll – Победничката идеја на Startup Weekend Skopje 2022

Неодамна Скопје повторно беше домаќин на глобалниот настан за млади претприемачи и иноватори – Startup Weekend. После 54 часа интензивна работа стручното жири составено од експерти во разни области ја…
Прочитај