Трендовите во дизајнот постојано се менуваат. Дизајнерите се пред голем предизвик да ги дознаат и имплементираат иновативните трендови. Гугл е одличен пример за компанија која ги прифаќа новите трендови додека останува континуирано фокусира на иднината без да се задржи во статус кво ситуација. Дизајн трендовите се диктирани и од околностите и проблемите со кои се соочуваат луѓето во моментот. Заштитата на животната средина, концептот на циркуларна економија, одржливоста и паметните технологии се концепти широко застапени во модерниот иновативен дизајн. Следниве дизајн трендови веројатно ќе се задржат во наредните години како водечки:
- Одржлив дизајн
Преку неуморно експериментирање, Адидас продолжува да развива нови технологии за производство на патики кои ги спојуваат перформансите, одржливоста и смелата, модерна естетика. Адидас минатата година го ажурираше дизајнот на нивниот Loop модел на патики кои се изработуваат на одржлив, иновативен начин.
Најдолгата, 330 метарска соларна велосипедска патека на светот е пуштена за сообраќај во Холандија оваа година. Дизајнот на оваа патека ги спојува одржливоста и иновативноста. Наречен е патот на иднината, бидејќи целта е да се намали емисијата на штетни гасови во наредната декада. Создавањето на соларна енергија на иновативни начини со промовирање на здрав и активен живот носи многу бенефити за животната средина и луѓето. Соларните велосипедски патеки во Холандија ги надминале очекувањата во раната фаза- генерираат повеќе од 3.000 киловати енергија, доволна за едно домаќинство годишно. Холандија е позната и по велосипедската патека осветлена со соларни ЛЕД светилки, која ноќе потсетува на познатата слика на Ван Гог- Sвездена ноќ. Слични соларни патеки се наоѓаат и во Јужна Кореја, но на автопатиштата. Енергијата која се генерира од овие патеки, се користи за осветлување на автопатот и за полнење на електричните автомобили.
- 3D дизајн
3D дизајнот не е револуционерен во светот на веб -дизајнот, туку напротив, ги фасцинира корисниците на Интернет со години наназад. Меѓутоа, како што зголемената и виртуелната реалност стануваат се попопуларни во 2021 година, сигурно е дека трендот на хиперреалистични 3D дизајни ќе продолжи и понатаму. Овој тренд им помага на дизајнерите и брендовите да ги охрабрат своите клиенти да поминуваат повеќе време на страницата и потенцијално да се конвертираат во нивни клиенти. Од друга страна, 3D дизајнот им нуди на посетителите на интернет страниците уникатно искуство помеѓу реалноста и дигиталниот свет.
Од друга страна, 3Д принтаните продукти се повеќе го заземаат високото место на листата на иновативен дизајн. Со помош на паметната технологија за дизајн и потпомогнати од вештачката интелигенција, полесно е од било кога да се дизајнира и отпечати 3D производ.
- Дизајн потпомогнат од вештачка интелигенција
AeroFarms гради фарми за истражување и развој како водечки центри за извонредност специјализирани за спојување на хортикултурата, инженерството и науката за податоци за да ја унапредат науката и знаењето. Компанијата одгледа над 550 сорти на растенија, со користење на најновите сензорски технологии и наука за податоци, како и вештачка интелигенција. Дизајнот на вертикалните градини зависи од подрачјето во кои се наоѓаат, и се смета за решение на недостатокот на зеленилото во модерните градови.
За време на пандемијата на Ковид- 19, кога најголем дел од бизнисите ги затворија своите врати, меѓу кои и фитнес центрите, лансирана е Темпо, домашна фитнес станица со која добивате естетски и функционален фитнес центар и тренер во вашиот дом користејќи вештачка интелигенција.
Се поголемиот број на иновативни стартапи и компании се ориентираат кон овие дизајн трендови. Одржливоста на дизајнот и неговата функционалност се безвременски квалитети кои ќе бидат обележје на производите и иновациите кои надоаѓаат во следната декада.