Kои се најбараните професии и работни квалификации денес?

Total
4
Shares

Пазарот на работна сила постојано се менува и еволуира. Најбараните работни квалификации се менуваат од година во година, а особено со развојот на технологијата во последната декада.

Во 90тите години на минатиот век, на пример, најбараните работни места биле во услужниот сектор: бизнис и финансиски услуги, сметководители, адвокати, административни работници, канцелариски персонал и слични професии.

Во 2021 година, најбараните професионални квалификации се од областа на вештачката интелигенција, продажба, UX дизајн, блокчејн, сајбер безбедност. Со рапидниот напредок на технологијата, отворени се нови индустрии за кои се потребни нови квалификации и знаења.

На пример, се поголемата употреба на интернет услугите и дигитализацијата на работните места, важноста на сајбер безбедноста е зголемена. Сајбер криминалот во време на пандемијата со КОВИД- 19 е зголемен за 600%, додека повеќе од половина милион Зоом профили беа компромитирани за време на кризата. Од друга страна, зголемената е-трговија во последните неколку години има потреба од различни професионалци. Дигитализацијата наметнува потреба од дигитален маркетинг, па се повеќе се бараат вештини од оваа област. Па така, можеме да заклучиме дека најбараните професии во 2021 година се следниве пет топ професии:

  1. Професионалци за сајбер- безбедност

Професионалците за сајбер безбедност се постојано барани и на цена. Освен техничките квалификации, за овие работни места се потребни и професионалци кои поседуваат меки вештини. Способноста за јасна комуникација и активно слушање се основните меки вештини кои се бараат за оваа позиција.

  1. Професионалци за е-трговија

Со рапидниот раст на е-трговијата, се повеќе се бараат професионалци од областа на продажбата, СЕО, корисничката поддршка, логистиката, пишување на содржини, итн.

  1. Специјалист за дигитален маркетинг

Иако дигиталниот маркетинг е дел од секојдневието одамна, сеуште се смета дека спаѓа во една од најпосакуваните индустрии за работа. Најбараните вештини во 2021 година кои се потребни во оваа област се: маркетинг автоматизација, маркетинг видео продукција, специјалист за социјални медиуми, специјалист за маркетинг содржини, и слично.

  1. Специјалист за UX

Корисникот е во центарот на вниманието на модерните компании, па затоа се потребни професионалци за корисничко искуство на продуктите. Освен дизајнот, корисноста и функциите на продуктот, брендинг и маркетинг стратегијата, специјалистот за UX e всушност одговорен за целокупното искуство на корисникот со продуктот, од почеток до крај. Скриената вештина која овие професионалци ја имаат е да ги препознаат можностите за развој на продуктот и бизнисот во целина.

  1. Професионалци од областа на вештачка интелигенција

Напредокот направен во технологијата на вештачка интелигенција создава потреба од обучен кадар во различни аспекти на оваа област. Бројот на работни места се зголемува во областа на вештачката интелигенција во технолошката индустрија. Тоа е фасцинантно поле за оние кои се толку наклонети. Можностите за иден напредок се скоро воодушевувачки. Она што некогаш изгледаше како футуристички фантастичен свет, сега почнува да се формира пред нашите очи. Машините сега извршуваат задачи што некогаш беа можни само со луѓе. Се отвораат нови работни места на ова ново поле.

Накратко, интернет револуцијата ги промени потребите, вештините и професионалните квалификации кои се потребни за успех. Освен техничките квалификации, во 2021 година се повеќе се бараат и “меките” вештини. Според едно истражување на  Society of Human Resource Management, 97% од менаџерите сметаат дека меките вештини се еднакво важни односно поважни од останатите квалификации. Наведени се неколку топ “меки” вештини кои секој професионалец треба да ги усоврши, како: адаптибилност, комуникација, управување со време, емоционална интелигенција и способноста за активно слушање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Како да дојдете до најдоброто решение за проблемот користејќи ја Design Thinking методологијата?

“Сите сакаме иднина која ќе биде подобра од сегашноста” – во зборовите на Елон Маск, претприемачот кој го освои светот со своите ракети, електрични автомобили и тунели, ние сакаме да…
Прочитај

Навигирајте ја 2024та со Design Thinking: Нови почетоци во секој аспект од животот

Додека стоиме на прагот на 2024 година, годината е исполнета со неизвесности, авантури и можности. Среде овие предизвици, моќта на Design Thinking нè наведува да му пристапиме на секој ден…
Прочитај

Која е поврзаноста на Design Thinking со одржливиот начин на живот?

Во свет кој се соочува со невидени еколошки предизвици, повикот за иновативни решенија никогаш не бил поалармантен. Design Thinking се појавува како надеж во оваа потрага по одржливост, а тоа…
Прочитај

Design Thinking и вештачката интелигенција: Дали е ова спој излезен од рајот?

„Предвидувањето на иднината не е магија, тоа е вештачка интелигенција“. – Дејв Вотерс Design Thinking и вештачката интелигенција се меѓусебно поврзани на неколку начини, а нивната комбинација може да донесе…
Прочитај

Како да ја подобрите секојдневната комуникација со околината?

Design Thinking може да биде корисен во секојдневната комуникација бидејќи тоа е пристап насочен кон човекот кој ја нагласува емпатијата и разбирањето на луѓето со кои комуницирате. Кога применувате Design…
Прочитај