Како дигиталните содржини го зголемуваaт искуството на потрошувачите и лојалноста кон брендот?

Total
2
Shares

Поминаа деновите кога маркетингот се фокусираше само на придобивките од производот претставен преку класични реклами и џинглови. Сега маркетингот се изведува преку раскажување приказни, кои сè повеќе се користат за да се пренесе пораката на брендот до потрошувачите на многу повлијателен начин. Дигиталното раскажување ги презема сите форми на маркетинг бидејќи дизајнирањето содржина со емотивно поврзување работи подобро за да го привлече вниманието на потрошувачот.

Познат е фактот дека луѓето се поврзуваат со луѓе, а не со брендови. Преку содржина која е дизајнирана да овозможи дигитално раскажување приказни, брендовите можат да ја покажат својата човечка страна споделувајќи што прави нивниот тим, што е тоа што тие го учат или да им дадат увид на своите клиенти во она што се случува зад сцената на нивното работно место. Кога брендовите заговараат нешто што им е потребно, вредносно или сакано на нивните потрошувачи, тогаш тие можат да ја почуствуваат пораката, вредностите и приказната на брендот. Воедно и содржината тука игра интегрална улога во комуникацијата на бренд-пораката на попривлечен начин.

Да се има одличен производ не значи ништо ако никој не е свесен за тоа или за каков проблем решава. Доколку компаниите не обрнат внимание на она што го сакаат клиентите, тогаш го ризикуваат брендот. Истото важи и за комуникацијата со брендот. Да се напише блог не значи ништо доколку никој не го прочита. Исто така, ако комуникацијата со брендот не ги адресира болните точки на клиентот, тогаш нема никакво влијание.

Најдобрите приказни не ги учат луѓето на нешто ново. Наместо тоа, најдобрите приказни се оние што се согласуваат со она во што веќе веруваат потрошувачите и ја прават публиката да се чувствува попаметна и безбедна.

Design Thinking и креирањето на креативни содржини

Денес, сè започнува со волшебна содржина што овозможува емотивно поврзување. На брендовите им е потребна квалитетна содржина која не е само забавна, туку и едукативна и сликовита за да може да влијае на клиентите. Ова треба да се прави постојано во фиксни интервали, така што содржината на брендот останува значајна и релевантна за нејзината публика. Градењето заедница на лојални приврзаници кон брендовите на каналите на социјалните медиуми, е ефикасен начин да поврзете повеќемина едни со други. На овој начин тие ќе можат да ги разменуваат своите позитивни и негативни искуства, како и сопствената „генерирана од корисници“ содржина во која ќе можат да споделуваат слики или видеа на нивната интеракција со брендот, производ или услуга. Ова ја зголемува лојалноста на брендот и носи повеќе потенцијални клиенти.

Примената на Design Thinking алатката многу може да помогне про креирањето стратегии за содржини. Истражувања за маркетинг и дизајн, истражувања за задоволството на клиентите, анализа на податоци и други слични методи ќе обезбедат брендовите да добијат јасна слика за нивната база на клиенти и потоа да можат да создаваат пораки врз основа на потребите и преференциите на потрошувачите.

Добро извршената, корисна и релевантна содржина може да доведе до позитивни и исполнети искуства за содржината за потенцијалните потрошувачи. Испораката на содржина на начин што го привлекува фокусот на клиентот и е пријатна, како и наградувачка за нив е одличен начин, не само да стекнете нови клиенти, туку и да ги задржите постојните. Кога креирате содржина, важно е да се соживеете со можноста на начин што ќе го поврзете нивното искуство брендот. На пример, ако станува збор за козметички бренд, тогаш тие треба да го продадат својот производ фокусирајќи се на пречките со кои се соочуваат луѓето со кожни проблеми. Ова ќе ја едуцира публиката за проблеми со кожата, препорачани рутини за нега на кожата и ќе содржи коментари од задоволни клиенти.

Накусо, да се привлечат и задржат клиентите е од суштинско значење за негување и одржување на лојалноста кон брендот и воспоставување долготрајни односи. Со воспоставена интересна стратегија за креирање содржина, компаниите можат да стекнат конкурентска моќ на пазарот и да изградат доверба на клиентите преку своите уникатни, континуирани и персонализирани искуства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Како да дојдете до најдоброто решение за проблемот користејќи ја Design Thinking методологијата?

“Сите сакаме иднина која ќе биде подобра од сегашноста” – во зборовите на Елон Маск, претприемачот кој го освои светот со своите ракети, електрични автомобили и тунели, ние сакаме да…
Прочитај

Позитивните страни од интеракцијата помеѓу АI трендовите

Во денешниот свет на брзо темпо, вештачката интелигенција (AI), маркетинг технологиите и одржливоста се длабоко меѓусебно поврзани, обликувајќи ја иднината на бизнисот и отворајќи го патот за иновативни решенија. Оваа…
Прочитај

Навигирајте ја 2024та со Design Thinking: Нови почетоци во секој аспект од животот

Додека стоиме на прагот на 2024 година, годината е исполнета со неизвесности, авантури и можности. Среде овие предизвици, моќта на Design Thinking нè наведува да му пристапиме на секој ден…
Прочитај

Која е поврзаноста на Design Thinking со одржливиот начин на живот?

Во свет кој се соочува со невидени еколошки предизвици, повикот за иновативни решенија никогаш не бил поалармантен. Design Thinking се појавува како надеж во оваа потрага по одржливост, а тоа…
Прочитај

Design Thinking и вештачката интелигенција: Дали е ова спој излезен од рајот?

„Предвидувањето на иднината не е магија, тоа е вештачка интелигенција“. – Дејв Вотерс Design Thinking и вештачката интелигенција се меѓусебно поврзани на неколку начини, а нивната комбинација може да донесе…
Прочитај