Се реализираше и 10-от Startup Weekend Skopje! Кои беа победничките решенија?

Total
1
Shares

Минатиот викенд се оддржа десеттото јубилејно издание на Startup Weekend Skopje – оваа година повторно онлајн. За време на викендот 8 тимови работеа на нивните уникатни стартап идеи и за само 54 часа ги претворија во бизнис решенија.

Настанот се одвиваше на платформите Zoom и Discord, и беше отворен со говор од страна на директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров. Настанот беше поддржан од страна на 9 ментори – експерти од регионот, кои доброволно одвоија време и им помогнаа на учесниците да ги развијат своите идеи во правилната насока.

Судиите Владимир Трајковиќ, Игор Маџов и Душица Лазарова после следење на финалните презентации и дискустија со тимовите после нивниот пич, одлучија дека идеите кои заслужуваат да бидат наградени се следниве:

Трето место: Influnect – Поврзување на брендови со Tik Tok инфлуенцери од нивниот таргет пазар и обратно.

Второ место: Retrend – Платформа за продажба на аксесоари изработени од редизајнирани стари парчиња аксесоари, и донирање на дел од профитот.
Прво место: Pick-a-Gift – онлајн шопинг платформа за подароци каде славеникот сам може да си го избере подарокот без да ги гледа цените

Ова е вториот онлајн Startup Weekend Skopje доброволно организиран од страна на Солвео – агенција за иновации, со поддршка од спонзорите: Фонд за иновации и технолошки развој, Startup Maceodnia, MK Host, Academy of UX, Дане Тодоровски, CASEUX, Red Central Production и Soft Serenity Candles. Да не ги заборавиме исто така и медиумските спонзори кои несебично ја раширија добрата вест за реализирање 10-от Startup Weekend Skopje

Следната година се надеваме дека настанот ќе може да се одржи во живо, а до тогаш чувајте се и размислувајте за вашата следна startup идеја!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

10 тимови со 10 нови идеи за зелена иднина на Startup Weekend Sustainability Skopje 2023

Изминатиов викенд (од 27ми-29ти Октомври) над 60 учесници и 20 ментори се обединија во борбата за поодржлива иднина на 12тото издание на Startup Weekend Sustainability Skopje 2023. Со голем ентузијазам…
Прочитај

Bio Hack My World 2023 инкубаторската програма за сите вљубеници во науката

UNDP заедно со Град Скопје и UNICEF  ја отвараат првата  „Отворена градска лабораторија“ лоцирана во СУГС „Марија Кири – Склодовска“-Скопје, за биотрансформација со цел да ги вклучат заедниците во креирање…
Прочитај

Пријавете се за специјализирана FINTECH програма, DESIGN THINKING тренинг и награден ХАКАТОН

Фондацијата ПРЕДА плус го објави повикот за учество во првата наменски креирана програма која ќе отвори нова ера во финансиската индустрија кај нас. FINTECH START-UP програмата е наменета за сите…
Прочитај

Приштина е домаќин на Techstars Startup Weekend Western Balkans 2022

Techstars Startup Weekend е креативен и колаборативен тридневен едукативен настан каде секој може да креира и развие нови стартап идеи. Станува збор за креирање бизнис модел, прототипирање, дизајнирање и валидација…
Прочитај