5 лекции кои светските бизниси ги издвојуваат од пандемијата!

Total
1
Shares

Претходната 2020 година беше обележана од пандемијата на Ковид-19, донесе неизвесност, привремени или подолги затворања на бизнисите и економските оператори. Се соочивме со промени во секојдневниот живот и работата- кои се одвиваа во домашни услови, а тоа бара менаџерска стратегија за справување. Тешките времиња бараат брзо соочување со предизвици и уште побрзо извлекување на поуки кои ќе не водат напред без оглед на лошите околности и кризата која не затекна неподготвени.

И покрај се, компаниите кои го разбраа “новото нормално”, излегоа победници во оваа криза. Она што можеме да го извлечеме како поука од нивното искуство се следниве 5 цитати:

  1.     Луѓето се на прво место

“Сите сме поврзани. Дури и најголемите компании во 2020 сфатија дека не можат да работат без нивните “основни” вработени. Вработените за кои бизнисите ги нарекуваа заменливи, сега се сметаат за основни за успехот на бизнисот, а тоа ни дава причина да размислиме за почитта и грижата кон сите вработени во тимот, од најниските до највисоките позиции.” – Гидеон Кимбрел, InList

“Верувам дека повеќето од нас научија колку е важно да се биде свесен за предизвиците со кои се соочуваат нашите вработени, соработници и партнери во нивниот живот. Секој различно се справува со стресовите во ова чудно време, па затоа е важно да се запамети дека скоро сите се опкружени со стравови кои не можете да ги видите преку Zoom или да ги слушнете преку телефон… Ова е одлично време за дополнителна емпатија и трпеливост. Извонредната работа е што тоа не е екслузивна состојба во овие времиња. Сметам дека е ова вредно за размислување и се надевам дека ние кои се потсетивме на оваа вредност годинава, ќе продолжиме и понатаму со повеќе емпатија и трпение.” – Тим Филдс, Kabam

  1.     Диверзификација

“Тешка, но непроценлива лекција научена за време на пандемијата е старата, но добра изрека: не се чуваат сите јајца во иста кошничка. Нашиот бизнис се фокусира на деловни активности во областа на планирање на настани, па потенцијалните милионски зделки ни пропаднаа преку ноќ. Истото може да се каже и за малопродажбата и угостителството. Заради пандемијата, научивме постојано да диверзифицираме и понатаму, затоа што навистина никогаш не знаете што ќе се случи во иднина.” – Бриџит Хилтон, LSTN Sound Co.

  1.     Иднината ќе биде поинаква, адаптирајте се

“Многу долго време, бизнисите ги земаа здраво за готово (правам споредба) стабилноста на културната клима и брзината со која нештата може прекуноќ да се променат. Бизнисите кои ја надминаа кризата беа способни да се променат во време на брза и масовна промена. Истовремено, бизнисите кои не беа агилни, или не постојат веќе или се соочија со огромни загуби. Неопходно е да ја видите можноста која се крие во кризата или во сплетот на околностите, а не да бидете совладани од стравот кој промените го наметнуваат. ”- Стивен Ле Вајн, grapevine pr+ consulting

  1.     Секој проблем има решение

“Секогаш може да се најде решение. Бидејќи медиумскиот пејзаж се менуваше во текот на целата година и гледавме како издавачките куќи минуваат низ отпуштања, додека уредничките приоритети постојано се менуваа. Уметноста на менување на насока (анг. Pivoting) е од непроценлива важност. Треба да имате способност да пивотирате и да најдете решение во секој момент.” – Ентони Лангоне, Marbaloo Marketing

  1.     Слушајте внимателно, потоа иновирајте

“Научив дека на светот му требаат лидери кои ќе се фокусираат на слушање исто толку, ако не и повеќе, отколку што се фокусираат на зборување. Како што се зголемува потребата за иновации и “out-of-the-box” размислување, повеќето лидери се насочени кон тоа како да се користи технологијата за поттикнување на промени. Но, на крајот на денот, луѓето се поттикнувачи на таа култура, а не компјутерите. Нашиот нов свет ќе се формира преку иновации во полето на емпатијата и разбирање на луѓето со кои работиме, сега повеќе од било кога.” – Шара Сендероф, Raised in Space

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Како да дојдете до најдоброто решение за проблемот користејќи ја Design Thinking методологијата?

“Сите сакаме иднина која ќе биде подобра од сегашноста” – во зборовите на Елон Маск, претприемачот кој го освои светот со своите ракети, електрични автомобили и тунели, ние сакаме да…
Прочитај

Навигирајте ја 2024та со Design Thinking: Нови почетоци во секој аспект од животот

Додека стоиме на прагот на 2024 година, годината е исполнета со неизвесности, авантури и можности. Среде овие предизвици, моќта на Design Thinking нè наведува да му пристапиме на секој ден…
Прочитај

Која е поврзаноста на Design Thinking со одржливиот начин на живот?

Во свет кој се соочува со невидени еколошки предизвици, повикот за иновативни решенија никогаш не бил поалармантен. Design Thinking се појавува како надеж во оваа потрага по одржливост, а тоа…
Прочитај

Design Thinking и вештачката интелигенција: Дали е ова спој излезен од рајот?

„Предвидувањето на иднината не е магија, тоа е вештачка интелигенција“. – Дејв Вотерс Design Thinking и вештачката интелигенција се меѓусебно поврзани на неколку начини, а нивната комбинација може да донесе…
Прочитај

Како да ја подобрите секојдневната комуникација со околината?

Design Thinking може да биде корисен во секојдневната комуникација бидејќи тоа е пристап насочен кон човекот кој ја нагласува емпатијата и разбирањето на луѓето со кои комуницирате. Кога применувате Design…
Прочитај