Настан: Како да воведете иновации во Вашата компанија?

Total
1
Shares

Внесувањето иновации е круцијално за компаниите, особено во овие нови неизвесни времиња. Тоа подразбира одлучност да им се пристапи на предизвиците од еден друг нов агол, да им се пружи можност на новите вредности и начини на размислување.

Примената на нови алатки и методологии е од голема корист денес, затоа што тие ни помагаат полесно да ги совладаме пречките, а истовремено и да допринесуваме со резултати. Една таква метдодолгија е Design Thinking, која слободно можеме да кажеме дека од ден на ден се популарна.

 

 Зошто е тоа така? 

Во овие неизвесни времиња се фокусираме на потребите на другите, изнаоѓаме решенија како да помогнеме. А емпатијата е првиот и најбитен чекор во Design Thinking процесот, па затоа моментално оваа методолгија е сè позастапена кај компаниите од сите индустрии. Ориентирана кон човековите потреби, Design Thinking методологијата се стреми да ги подобри производите, услугите и сервисите, а воедно и да реши конкретни предизвици.

 

На 10.12.2020 ќе се одржи Online работилница проследена со панел дискусија  заедно со Ана Јеличиќ (Design Thinkers Academy Adria од Белград) и Иван Зографски (Solveo и Innothink, Скопје). Тие ќе ги споделат своите искуства од прва рака, кои компании најчесто имаат интерес и потреба од Design Thinking, ќе раскажат за трансформацијата од физички во виртуелни работилници, и најбитно зошто ваквите нови алатки и вештини се токму сега многу корисни. Преку конкретни примери ќе ни откријат зошто компаниите се одлучуваат за примена на Design Thinking.

При крајот ќе се одржи кратка работилница каде учесниците ќе имаат можност сами да согледаат каква моќ има Design Thinking методологијата.

Сè што треба да направите да бидете дел од ова несекојдневно искуство, е да се пријавите на следниот линк.

Целта на виртуелната Design Thinking работилница е да го поттикне иновативното размислување, да се запознаете со моќта на оваа методологија, и што е најважно како можете да ја примените во вашата пракса и да креирате иновативни продукти.

Работилницата е наменета за секој кој сака да дознае како може да креира иновативни продукти и стратегии во компанијата, да поттикне креативно и иновативно размислување во тимот, да креира нови продукти и да постигне успех.

На оваа работилница ќе ја осознаете суштината на Design Thinking методологијата, ќе дознаете како и каде може практично да се примени истата, и какви резултати може да се постигнат доколку се практикува во секојдневната професионална пракса.

Ве поттикнуваме да им дадете шанса на новите и непознати нешта. Верувајте дека ќе бидете изненадени од придобивките и креативната енергија што позади себе ги остава примената на Design Thinking.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

10 тимови со 10 нови идеи за зелена иднина на Startup Weekend Sustainability Skopje 2023

Изминатиов викенд (од 27ми-29ти Октомври) над 60 учесници и 20 ментори се обединија во борбата за поодржлива иднина на 12тото издание на Startup Weekend Sustainability Skopje 2023. Со голем ентузијазам…
Прочитај

Bio Hack My World 2023 инкубаторската програма за сите вљубеници во науката

UNDP заедно со Град Скопје и UNICEF  ја отвараат првата  „Отворена градска лабораторија“ лоцирана во СУГС „Марија Кири – Склодовска“-Скопје, за биотрансформација со цел да ги вклучат заедниците во креирање…
Прочитај

Пријавете се за специјализирана FINTECH програма, DESIGN THINKING тренинг и награден ХАКАТОН

Фондацијата ПРЕДА плус го објави повикот за учество во првата наменски креирана програма која ќе отвори нова ера во финансиската индустрија кај нас. FINTECH START-UP програмата е наменета за сите…
Прочитај

Приштина е домаќин на Techstars Startup Weekend Western Balkans 2022

Techstars Startup Weekend е креативен и колаборативен тридневен едукативен настан каде секој може да креира и развие нови стартап идеи. Станува збор за креирање бизнис модел, прототипирање, дизајнирање и валидација…
Прочитај