Зoшто треба да се развива и негува емпатијата кај секого од нас?

Total
9
Shares

Емпатијата е најосновната вредност на цивилизацијата.” – Роџер Еберт

Емпатијата е способност да ги разбереме другите и да сочувствуваме со нив. Преку емпатијата создаваме интерес и почит кон другите. Дефинирана како способност,  емпатијата не е вродена ниту се развива автоматски кај човекот, туку постои потенцијал за развивање на емпатија, а истата се учи при социјализација.

Во денешно време, сè повеќе се потенцира важноста за поттикнување и развивање на емпатијата кај децата и адолесцентите, но и во бизнис опкружувањето како важна вештина за напредок и развој во кариерата.

Зошто е важна емпатијата?

Емпатијата ни помага да сфатиме како се чувствуваат другите и соодветно да реагираме во дадената ситуација, без разлика дали се работи за социјални, интимни или професионални релации. Како што вели една стара индијанска поговорка:  пред да судиш, прошетај една милја во чевлите на другиот, така луѓето кои имаат високо изразена емпатија стекнуваат искуства директно од животите на другите луѓе.

Развојот на емпатијата мора да почне од самите нас и од нашите доживувања, односно, од соживувањето со одредена ситуација која нам не ни случува но ја доживуваме како наша состојба. Бајките, игрите и приказните за деца ја имаат токму таа улога- да ги поттикнат децата да ги замислат ситуациите во кои ликовите се наоѓаат и да сочувствуваат со нив.

Емпатијата е тесно поврзана со емоционалната интелигенција и паралелно треба да се развива како кај децата, така и кај возрасните.

Емпатичните луѓе ги препознаваме по тоа што:

    Подобро ги разбираат другите и го разбираат нивното влијание врз околината

    Полесно решаваат конфликти во секојдневието

    Можат да го предвидат однесувањето на другите и способни се да читаат  невербални знаци

    Полесно стануваат лидери, постојано се мотивирани

    Негуваат одлични професионални и пријателски релации.

Емпатија во бизнис опкружување

Во бизнис опкружувањето, негувањето на емпатијата помага при менаџирањето и соработката на тимовите. Разбирањето на туѓите перспективи е основата на соработката, а најлесниот начин да се постигне разбирање е преку конверзација, обичен разговор. Дознајте кои се интересите на вашите вработени или колеги, обратете внимание на тоа што прават, што сакаат, какви идеи споделуваат. Од друга страна, слушајте внимателно што ви кажуваат луѓето и обратете внимание на нивните невербални знаци.

Емпатијата во бизнисот влегува на експоненцијална врата со појавата на Design thinking пристапот. Неговата почетна точка е емпатијата нуди безброј алатки и забавни активности кои докажано поттикнуваат емпатија, без разлика дали се работи за развивање емпатија кон корисниците или во рамки на тимот. 

На пример role- play игрите би биле одличен тим билдинг за вежбање и создавање на емпатија помеѓу вработените, додека алатката наречена Empathy map е одлична за разбирање на потребите на корисниците.

Во кратки црти, емпатијата е интерес за другите. Треба свесно да се практицира и вежба секојдневно бидејќи е мисловен и емотивен “мускул” неопходен за успех во социјалниот, деловниот и приватниот живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Како да дојдете до најдоброто решение за проблемот користејќи ја Design Thinking методологијата?

“Сите сакаме иднина која ќе биде подобра од сегашноста” – во зборовите на Елон Маск, претприемачот кој го освои светот со своите ракети, електрични автомобили и тунели, ние сакаме да…
Прочитај

Позитивните страни од интеракцијата помеѓу АI трендовите

Во денешниот свет на брзо темпо, вештачката интелигенција (AI), маркетинг технологиите и одржливоста се длабоко меѓусебно поврзани, обликувајќи ја иднината на бизнисот и отворајќи го патот за иновативни решенија. Оваа…
Прочитај

Навигирајте ја 2024та со Design Thinking: Нови почетоци во секој аспект од животот

Додека стоиме на прагот на 2024 година, годината е исполнета со неизвесности, авантури и можности. Среде овие предизвици, моќта на Design Thinking нè наведува да му пристапиме на секој ден…
Прочитај

Која е поврзаноста на Design Thinking со одржливиот начин на живот?

Во свет кој се соочува со невидени еколошки предизвици, повикот за иновативни решенија никогаш не бил поалармантен. Design Thinking се појавува како надеж во оваа потрага по одржливост, а тоа…
Прочитај

Design Thinking и вештачката интелигенција: Дали е ова спој излезен од рајот?

„Предвидувањето на иднината не е магија, тоа е вештачка интелигенција“. – Дејв Вотерс Design Thinking и вештачката интелигенција се меѓусебно поврзани на неколку начини, а нивната комбинација може да донесе…
Прочитај