Каква е придобивката од Design Thinking во образованието?

Total
8
Shares

Интересен е факот дека речиси 85% од работните места што ќе постојат во 2030 година сè уште не се измислени. Но, како можеме најдобро да ги подготвиме најмладите за оваа непозната иднина? Како можеме да ги научиме нашите деца да бидат креатори, иноватори и решавачи на проблеми кои ќе можат да се приспособат и да одлучуваат кога е потребно за да процветаат во светот кој брзо се менува?

Светот на образованието и учењето драстично се промени за учениците и студентите. Со мултидисциплинарен пристап во учењето, ним им требаат извонредни вештини за да бидат способни да преминат на својата идна професија. Design Thinking вештините не само што им помагаат на учениците да разберат што учат туку и им помагаат да ги надминат и да ги преиспитаат задачите кои ги решаваат.

Подучувањето на младите со помош на Design Thinking им овозможува да развијат начин на размислување за раст и важни вештини за решавање проблеми, како и аналитичко и просторно размислување.

Design Thinking вештините не се корисни само во училниците, овие вештини се многу барани од работодавците ширум светот. Во продолжение ќе разгледаме зошто учењето на таквите методологии како Design Thinking се од клучно значење за учениците и студенти.

Која е потребата на Design Thinking во образованието?

За да одговорите на ова прашање, размислете за брзо менување на работната средина и патот кон кој се движи иднината на професиите. За да успеете, да напредувате и да бидете дел од иднината, ќе треба да бидете прилагодливи и вешти. Ќе треба да бидете спремни да се справите со ситуации кои досега не сте ги виделе. Тука примената на Design Thinking игра клучна улога во процесот на образованието и креирање на вештините кои ја трасираат животната патека на сегашните ученици.

Design Thinking поттикнува прашања

Design Thinking ви овозможува да бидете во предниот дел и во центарот на приказната и да користите креативни методи за да дојдете до идеи, предлози и решенија за различни ситуации, проблеми и прашања.

Прашања како: Имам предизвик, но како да му пристапам? Научив нешто ново, но како да го протолкувам? Имам идеја, но како да ја изградам? Пробав нешто ново, но како да го развијам? 

Го трансформира начинот на кој му пристапувате на светот и дозволува простор за замислување и создавање нови решенија.

Design Thinking учи на емпатија 

Емпатијата е во сржта на Design Thinking, им овозможува на учениците да разберат дека развиваат подлабоки увиди и разбирања за однесувањето и потребите на луѓето од нивното опкружување.

На пример, ако учениците градат фарма користејќи сончева енергија и други обновливи облици на енергија, тие прво мора да разберат за потребите на луѓето кои ја користат енергијата, какво влијание ќе има врз соседите, колку би чинело и други практични аспекти. Пред да зачекори понатаму, тие прво ќе научат како да сочувствуваат со корисниците за кои е наменет производот.

Design Thinking учи на отвореност и флексибилност

Design Thinking го обликува пристапот кон решавање на проблемите со тоа што дозволува фокус  не само на создавање на една идеја, туку на неколку идеи. Оваа методологија помага да се дефинираат проблемите и да се конструираат прашања и одговори. Овозможува генерирање и визуелизирање идеи користејќи креативни процеси.

Исто така, ја нагласува имагинацијата, што значи дека помага да се дојде до бројни идеи, како и може да ги учи учениците да бидат слободоумни со помош на процеси на размислување кои вклучуваат дефинирање на проблеми, создавање прототипи со помош на повеќекратни повторувања на процесот додека не дојдете до практични решенија. Тоа дава непристрасна платформа за оценување и тестирање на решенијата.

Design Thinking е вештината на 21-от век

На работните места во 21-от век, соработката, работата во тимови, решавањето проблеми, преземањето ризик, креативното размислување и флексибилноста се некои од високо ценетите вештини. Design Thinking ви помага да ги всадите овие вештини бргу во училниците за да им помогне на сегашните ученици понатаму полесно да преминат на професионални работни места.

Тоа не само што им помага во подобрувањето и продлабочувањето на учењете во училишните денови, туку и ги подготвува за конкурентна и предизвикувачка работна средина во иднина.

Вештините на 21-от век како креативно размислување, одлучување, решавање проблеми може да се научат со процесите на Design Thinking. Емпатијата, дефинирањето, идеацијата, прототипот и тестирањето се сите фази кои го подготвуваат тлото што е неопходно за утрешните работни места како и за секојдневниот живот.

Имплементацијата на Design Thinking во образованието значи да се потенцираат нашите човечки таленти и способности. Вреди да се спомене дека ова не е ниту сосема ново, ниту има намера целосно да ги замени работите кои веќе добро функционираат. Но, Design Thinking се покажа како ефикасен пристап за воведување промени на различни професии, како што се истражување, бизнис и менаџмент.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.