Фондацијата ПРЕДА плус го објави повикот за учество во првата наменски креирана програма која ќе отвори нова ера во финансиската индустрија кај нас.
FINTECH START-UP програмата е наменета за сите заинтересирани програмери, основачи на финтек старт-ап компании, продукт менаџери, како и сите вие вљубеници и иноватори во новите финансиски трендови.
Настаните се планирани да се одвиваат во Битола, почнувајќи од 14 ноември, а целата програма е предвидена да има 3 фази:
- Design Thinking тренинг (14.11-18.11);
- Хакатон (25.11-27.11);
- Форум за иновации (30.11).
Пријавувањето е во тек, а ќе трае до 7 ноември, 2022.
Тука можете да се пријавите со вашиот тим.
Што ќе добијат учесниците во оваа програма:
- Обука за Design Thinking вредна 1.000 евра и сертификат за истата;
- Бесплатно менторство од еминентни, домашни и интернационални професионалци на 48 часовен хакатон кој ќе се организира на крај на ноември 2022;
- Презентација на проектите пред потенцијални инвеститори – инвестициски networking event;
- Простор за дискусија за трендовите и идните перспективи на темата: „Иднината на Fintech“;
- И се разбира, многу нови контакти и одлична забава.
Прочитајте повеќе за Design Thinking методологијата!
Кои се четирите предизвици од кои ќе можете да изберете еден и да креирате свое решение во зададената област?
- Технологија и потрошувачко банкарство: платен систем;
- Технологија и кредит: Кредитирање и прибирање средства;
- Технологија и инвестирање;
- Технологија и осигурување.
Кои се условите за учество?
- Тимско учество од најмалку 2 или најмногу 4 члена;
- Поседување на универзитетска диплома;
- Возраст: нема ограничувања;
- Ќе има селекција, во која ќе бидат избрани 20 учесници.
- Само селектираните тимови може да се натпреваруваат на хакатонот;
- Идеите и концептите кои ќе бидат доставени треба да се соодветно насочени кон главниот предизвик;
- Учесниците ќе се обврзат активно да учествуваат за време на подготовката и имплементацијата на хакатонот и во обуката како прва фаза и во партиципирањето на хакатонот и форумот за иновации;
- Решението може да се надоврзе на постоечки производ, но тимот мора да покаже дека го развива за време на хакатонот;
- Решенијата кои биле целосно финиширани пред хакатонот нема да бидат земени во предвид за награди;
- Пожелно е добро познавање на англискиот јазик на членовите од тимот;
Кои се критериумите за избор на идеја?
- Иновативност и креативност на решението;
- Приспособливост, односно адаптирање на промени и потреби на проектот;;
- Разбирање на опишаниот проблем;
- Тимска компатибилност;
- Најдобриот тим ќе биде избран од жирито и ќе биде награден со 3.000 евра/ваучер.
- Деловното решение ќе биде презентирано пред потенцијални инвеститори.
Повеќе информации за целата FINTECH START-UP програма можете да дознаете од ТУКА.