7 начини за подобрување на Design Thinking вештините

Total
1
Shares

Динамиката на трендовите е многу брза, а за да ги следите и да бидете постојано во чекор со современиот свет и вие треба да сте адаптирани за брзи промени. А тоа значи дека ви се потребни различни вештини и алатки за успешно да манерврирате низ тие процеси. Design Thinking како концепт извлекува најмногу од искуството во развој, истовремено создавајќи го најдобриот можен резултат за вашиот целен пазар.

Во моменти кога времето е најважно, постојат методи за забрзување на процесот без да се жртвува квалитетот.

Подолу споменатите идеи ќе ви помогнат да ги зајакнете вашите способности за успешно креирање на распоредот на вашите активности, како и селекција на приоритетите:

1. Проучете го теоретскиот аспект

Ако сакате да бидете експерт во одредена област, мора да стекнете одредено знаење околу основите. Прочитајте ги основните теории и разберете различните аспекти на зададениот предизвик. Ова ќе ви помогне да преминете на следниот чекор и да стекнете поголема експертиза.

2. Истражувајте околу вас

Трендовите се менуваат, условите се менуваат и многу е важно да се справите со променливите услови и предизвици. Следете што прави вашата конкуреција. Учете и од негативните и од добрите искуства и примери.

3. Зголемете ја моќта на набљудување

Пред да започнете да креирате стратегија за одреден предизвик, многу е важно да дефинирате каков проблем решавате. Набљудувајте ја вашата околина, копкајте по детали, поставувајте прашања од различни страни. Размислувајте со поширок дијапазон, опфатете ги сите можни аспекти и допирни точки со вашиот корисник/производ/сервис.

4. Побарајте помош

Секогаш е добро да се има искусен ментор за секаков вид на задача. Затоа што секогаш кога креираме проекти  или пак совладуваме предизвици, треба да има експерт кој може конструктивно да критикува. Ако добиете добар ментор, можете да добиете сериозни и вредни насоки за вашата работа.

5. Соберете повратни информации

Собирањето повратни информации е многу добро за подобрување на вашите вештини. Позитивните повратни информации секогаш ќе ве охрабруваат да дадете повеќе, а негативните повратни информации ќе ви помогнат да се подобрувате. Секогаш примајте ги критиките конструктивно и работете на вашите слабости.

6. Тренирај се

Откако ќе се стекнете со опширно знаење, време е да го имплементирате и спроведете во пракса. Почнете да се тренирате за да постигнете резултати од вашето знаење. Секогаш е добро да се одржува правилната практика на сè што сте научиле.

7. Совршенството е клучот

Стремете се кон совршенство ако сакате да бидете најдобри во вашата работа. Кога обрнувате внимание на деталите, тоа ве прави да се издвојувате во споредба со другите. Ако се стремите да испорачате совршенство, секогаш ќе бидете првиот избор.

Design Thinking не e магично стапче кое ги решава проблемите во еден ден. Мора да бидете трпеливи и да продолжите да ги усовршувате своите вештини со овие чекори.

Најдобар начин да ги подобрите вашите Design Thinking вештини е постојано испробување на алтките и процесот. За почеток, истражувајте и проучете ги точките наведени погоре, а потоа тренирајте го вашиот мозок да ги гледа работите поинаку со нова и свежа перспектива секој пат.

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Уметноста на раскажувањето заедно со Design Thinking

Замислете како влегувате во пријатна кафуле со драг пријател, каде што Design Thinking  и споделувањето искуства беспрекорно се испреплетуваат како совршена мешавина од кафе и крем. Како помивуаат минутите/часовите, сфаќаме…
Прочитај

Како до Ваша подобра верзија на професионален план?

Во модерното време, големо внимание се посветува на персоналниот и професионалниот развој на индивидуата. Усовршувањето на професионалната димензија на индивидуата започнува од персоналниот развој. Велат дека најдобриот проект на кој…
Прочитај

Практични совети за рестартирање на емпатијата на работното место

Од клучно значење е компаниите да ангажираат и развијат поефикасни менаџери и лидери способни да ја придвижат својата компанија напред и во добри и во тешки времиња. Тоа бара гледање…
Прочитај