ЕU Grenathoon:„Зелени решенија за нова генерација“

Total
5
Shares

Изминатиот викенд (25.02-27.02) тимот на Солвео беше дел од настаните кои се во знак на прославата на EU House Крива Паланка по повод нивниот прв роденден. За таа цел заедно организираа 54 часовен хакатон, односно Greenathon, на тема “Зелени решенија за нова генерација”.

На овој натпревар 50+ млади од 5 градови, односно 2 држави, Северна Македонија и Бугарија, поделени во 8 тимови, креираа зелени решенија за поздрава иднина.

Овој хакатон има за цел да споделува знаење и искуство. Интензивната работа во текот на викендот поттикнува тимски дух и голема креативност. Главната цел е да се најдат решенија како одговор на вистински проблем, стекнување нови вештини и пријателства и секако, забава.

Овогодинешниот хакатон го носи името Greenathon, натпревар каде младите се поттикнати да креираат таканаречени „зелени решенија“. Натпреварот генерално промовира иновации, критичко размислување, решавање проблеми и вештини за управување со тим.

Победничкиот тим “Eco-centric“ одлучија да го решават проблемот со уништувањето на шумите, употребата на пластика и емисиите на јаглерод со создавање тетратка и канцелариски материјал од водоотпорна хартија направена од рециклирана пластика. Уникатност на идејата на овој тим е во тоа што вакви продукти не се прават во регионот и се целосно еко-пријателски и служат за повеќекратна употреба.

Покрај победничкиот тим, судиите одлучија титулата за особено признание да ја добие тимот “Paladins of nature” кои имаат инициатива да започнат кампања која ќе ги поттикне децата на училишна возраст да рециклираат наместо да фрлаат отпад;

Предвидено  е наградување на учениците за рециклирањето со цел тие да развијат еколошки ориентирани навики, со кои се надеваат дека може да го променат менталитетот на општеството.

Учесниците активно работеа и несебично ги споделуваа своите идеи, се стекнаа со нови крeативни вештини и најбитно нови пријателства.

Од работите кои би ги издвоил како придобивки од настанот се можноста да работите со нови креативни поединци, да бидете креативни заедно и да измислувате одлични решенија за навистина големи и реални проблеми – изјава од учесник.

 Во рамките на настанот беше организиран и забавен дел, односно Талент Шоу, каде младите ги споделуваа своите таленти, односно уникатности, од свирење гитара, пишување поезија, до уметност, дизајн и фотографија. Интересот беше голем и остави големи импресии.

 

 

Крајната цел на „зелената иднина“ е да се заменат практиките и методите кои ги оштетуваат/исцрпуваат природните ресурси со алтернативни еколошки, економски ефикасни и социјално правични практики кои се одржливи.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

10 тимови со 10 нови идеи за зелена иднина на Startup Weekend Sustainability Skopje 2023

Изминатиов викенд (од 27ми-29ти Октомври) над 60 учесници и 20 ментори се обединија во борбата за поодржлива иднина на 12тото издание на Startup Weekend Sustainability Skopje 2023. Со голем ентузијазам…
Прочитај

Bio Hack My World 2023 инкубаторската програма за сите вљубеници во науката

UNDP заедно со Град Скопје и UNICEF  ја отвараат првата  „Отворена градска лабораторија“ лоцирана во СУГС „Марија Кири – Склодовска“-Скопје, за биотрансформација со цел да ги вклучат заедниците во креирање…
Прочитај

Пријавете се за специјализирана FINTECH програма, DESIGN THINKING тренинг и награден ХАКАТОН

Фондацијата ПРЕДА плус го објави повикот за учество во првата наменски креирана програма која ќе отвори нова ера во финансиската индустрија кај нас. FINTECH START-UP програмата е наменета за сите…
Прочитај

Приштина е домаќин на Techstars Startup Weekend Western Balkans 2022

Techstars Startup Weekend е креативен и колаборативен тридневен едукативен настан каде секој може да креира и развие нови стартап идеи. Станува збор за креирање бизнис модел, прототипирање, дизајнирање и валидација…
Прочитај