Тирана го кани Балканот на регионален Стартап викенд од 19-21 ноември

Total
3
Shares

Првото регионално издание на Текстарс стартап викенд ќе се одржи во Тирана каде претставници од 6 земји ќе работат на развојот на нови бизнис решенија преку решавање на локални предизвци.

Стартап Викенд е 54 часовен настан кој ги обединува претприемачите, иноваторите, стартап ентузијатите и креативците, и ги предизвикува за време на еден викенд тимски да направат комплетно бизнис решение. 

Овој пат, предизвикот вклучува решавање на значајни проблеми кои го засегаат целиот регион. Фокусот ќе биде ставен на 8 индустрии и тоа: енергетика, туризам, агритехнологија, е-бизнис, сајбер безбедност, крипто, дигитални финансии и телекомуникации.  

Без разлика дали веќе имате идеја за бизнис која сакате да ја унапредите или не, настанот нуди големи придобивки за сите учесници.  Од дружење и развивање на комуникациските вештини, до стекнување контакти со искусни ментори, и многу вредни награди за победничкиот тим.

Па затоа, ако имате генијална бизнис идеја, или пак сакате креативна стимулација и дружење, побрзајте да ја резервирате вашата бесплатна карта ТУКА!

Организаторот ги покрива трошоците за сместување за сите учесници. 

За повеќе информации посетете ги Facebook и веб страната на организаторот. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

10 тимови со 10 нови идеи за зелена иднина на Startup Weekend Sustainability Skopje 2023

Изминатиов викенд (од 27ми-29ти Октомври) над 60 учесници и 20 ментори се обединија во борбата за поодржлива иднина на 12тото издание на Startup Weekend Sustainability Skopje 2023. Со голем ентузијазам…
Прочитај

Bio Hack My World 2023 инкубаторската програма за сите вљубеници во науката

UNDP заедно со Град Скопје и UNICEF  ја отвараат првата  „Отворена градска лабораторија“ лоцирана во СУГС „Марија Кири – Склодовска“-Скопје, за биотрансформација со цел да ги вклучат заедниците во креирање…
Прочитај

Пријавете се за специјализирана FINTECH програма, DESIGN THINKING тренинг и награден ХАКАТОН

Фондацијата ПРЕДА плус го објави повикот за учество во првата наменски креирана програма која ќе отвори нова ера во финансиската индустрија кај нас. FINTECH START-UP програмата е наменета за сите…
Прочитај

Приштина е домаќин на Techstars Startup Weekend Western Balkans 2022

Techstars Startup Weekend е креативен и колаборативен тридневен едукативен настан каде секој може да креира и развие нови стартап идеи. Станува збор за креирање бизнис модел, прототипирање, дизајнирање и валидација…
Прочитај