Зошто корисничко- ориентираниот пристап му е потребен на човекот како никогаш до сега?

Total
22
Shares

Интеракцијата помеѓу корисникот и продуктот, услугата или системот се вика корисничко искуство- или, главниот фактор дали одреден продукт или услуга ќе успеат на пазарот. Корисничкото искуство е израз кој секоја компанија го користи секојдневно. Во последните неколку години, дури и пакувањето во кое се наоѓа продуктот треба да овозможи врвно корисничко искуство. На пример, Lush, британскиот козметички бренд знае дека новите генерации го ценат корисничкото искуство, но се истовремено загрижени за животната средина. Затоа, наместо стандардното пакување, брендот вовел ново пакување во форма на куферче за повеќе употреби. Со тоа испраќа јасна порака дека ги знае своите корисници и нивната посветеност кон заштита на животната средина.

 За време на пандемијата на КОВИД-19, одредени дигитални продукти и услуги станаа секојдневие. Виртуелните настани за стотици онлајн корисници станаа секојдневие, а компаниите кои ги нудат услугите за аудио и видео разговори процветаа (на пример, Zoom). Дигиталните канцеларии и алатките за онлајн работилници и состаноци, како што се Miro и Butter, ги заменија канцелариите и конференциските сали. Овие дигитални продукти и услуги не се појавуваат за време на пандемијата, туку само го чекаа вистинското време (социјална дистанца) кога ќе има реална потреба од ваков вид на услуги.

Зошто во кризни времиња е особено акцентирана потребата од кориснички- ориентиран пристап?

Во време на криза се случуваат огромни промени во однесувањето на луѓето за многу кратко време. Разбирањето на перспективата на корисниците е поважно од било кога во такви ситуации. Кориснички- ориентираниот пристап подразбира емпатија и длабоко разбирање на луѓето. Во процесот на кориснички ориентиран дизајн, дизајнерите длабоко навлегуваат во животот, потребите и перспективите на обичните луѓе. Тие се обидуваат да ги разберат мотивациите и блокадите со кои човекот се соочува. За да се дојде до употреблив продукт или услуга, потребно е да се експериментира со прототипите. Постојаното унапредување на прототипот врз основа на реален фидбек од корисниците ќе доведе до креирање на продукти и услуги кои се модерни, лесно прифатливи од корисниците и најважно од се- за нив има реална потреба на пазарот.

Компаниите треба да се адаптираат на новата реалност и да имаат увид како да ги задоволат потребите и желбите на луѓето во ‘новото нормално’. Google Project Soli е интересен пример за радарска технологија кој се појави во време кога е потребна безконтактна интеракција.

Платежните терминали без контакт се веќе во употреба, но прашање на време е кога радарските сензори за движење ќе бидат користени на банкоматите или вендинг машините.

Design Thinking методологијата е во центарот на кориснички- ориентираниот пристап.

За да се креираат производи за кои има потреба на пазарот, а кои решаваат одреден проблем на корисниците (како во примерите погоре), потребно е користење на Design Thinking во целиот циклус на креирање и развој на продуктот/ услугата. Со овој пристап, дизајнерите и компаниите ќе играат клучна улога во лоцирањето на најгорливите проблеми на денешницата и креирање на решенија за тие проблеми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Virtuelen Design Thinking team buidling

Моќта на Виртуелниот Design Thinking тим билдинг води до ефикасни и сплотени тимови

Многумина од нас се се уште дел од тимовите кои се моментално одвоени, можеби само локациски, но можеби и со различни временски зони. Без оглед каде е вашиот тим, градењето…
Прочитај
design thinking mk

Ефективна комбинација на Design Thinking и Agile во пракса

Design thinking е кориснички ориентиран пристап за креативно решавање на проблеми. Произлегува од начинот на размислување на дизајнерите, а може да го аплицира секоj поединец или бизнис. Agile е итеративен…
Прочитај
Work from home `

5 корисни совети како со Design Thinking да си го олесните работењето од дома

Работата од дома е еден од предизвиците со кој светот се соочува во време на пандемија. За недостатоци на работењето од дома се сметаат: недостаток на комуникација, осаменост, дефокусираност, намалена…
Прочитај

Петте чекoри на Design Thinking

Design Thinking методологијата е еден вид на упатство, кое води до подобри решенија за пократко време. Во зборовите на Давид Келеј, таткото на Design Thinking: Главната цел на методологијата е…
Прочитај
positivni promeni so desing thinking

Со Design Thinking до позитивни промени

Design thinking е пристап кој се користи за креативно решавање на комплексни проблеми. Па оттука следи прашањето “како да го примениме и за воведување на позитивни промени?” Промените се неопходен…
Прочитај