Топ 3 апликации кои ќе Ви ја олеснат организацијата на работните обврски

Total
1
Shares

Деловната динамика на денешницата има една карактеристична одлика: ажурност. Брзото темпо на живеење и работење наметнува потреба од силни организациски вештини и продуктивност под притисок, без кои ќе потонеме во морето на обврски.

Планирањето на работните задачи, рокови и задолженија во хартиена форма- нотеси е сеуште најпосакуваниот начин на менаџмент со обврските. Но, технологијата има пософистицирани решенија кои го менуваат начинот на кој ги планираме обврските. Ваквите решенија или апликации се особено добредојдени во компаниите, каде треба да се планираат не само индивидуалните задачи туку и задачите на ниво на тимот. За да ве  поттикнеме на поголема продуктивност и полесна соработка, ви нудиме три проверени апликации кои се докажале како неизбежни алатки во секојдневното работење:

Trello

Оваа веб- базирана апликација е создадена во 2011 година, и бргу стана една од најпопуларните алатки за проект менаџмент. Се состои од дигитални картички во стилот на Канбан, каде што секоја картичка претставува задача или настан запишан во календар. Секој член на тимот може активно да учествува во планирањето на проектот со додавање и менување на картичките, прикачување на датотеки, итн. Продуктивноста подразбира и менаџирање и правилно користење на времето, па така  Trellо може да се поврзе со апликацијата RescueTime. 

Се работи за версатилна апликација, како што вели директорот на Trello, која може да се користи не само за работни обврски, туку и за планирање на свадби и настани, патувања, менаџмент на слободно време, односно за сите оние работи за кои ви треба структурно планирање.

Mindly

Без разлика што работите, дали сте менаџер, студент, професор, секако имате потреба од структура во секојдневното работење. Апликацијата овозможува визуелен приказ на идеите и протокот на мислите. Идеална е за индивидуален бреинсторминг кој потоа се споделува со остатокот од тимот. Доколку повеќе сакате да се изразувате визуелно, ова е правата апликација за вас. Недостатокот е што е достапна само за мобилни телефони и таблет уреди, но сепак во тоа има предност- можете да ги бележите своите идеи во секое време, на секое место, без да бидете обврзани да го имате со вас персоналниот компјутер. 

Pomodorro

Кога вршењето на задачи е временски ограничено, несомнено не фаќа паника. Понекогаш сме фокусирани и смирени, но не можеме да се посветиме на една задача целосно бидејќи ни се отворени сите апликации од кои постојано ни стигаат нотификации, а со тоа не можеме да дадеме неподелено внимание. Едноставен начин за да го решиме ова е да поставиме временска рамка и аларм со цел да завршиме одредена задача во одреден рок. Едно од најпознатите решенија за менаџмент на време е Pomodoro техниката, измислена во 80-тите години од Франческо Цирило. Оваа техника користи тајмер за распределба на работата во интервали во траење од 25 минути, одвоени со кратки паузи. Секој интервал е познат како помодоро, од италијанскиот збор за „домат“, а како инспирација послужил кујнскиот тајмер во форма на домат што Цирило го користел во студентските денови. Апликацијата има и тимска варијанта наречена Teamdoro.

Иако сигурно веќе користите апликации или техники за зголемување на продуктивноста кои ви помагаат во секојдневното работење, испробајте ги и наведените три  “асистенти” за успешен  работен ден, кои ќе ви помогнат да бидете повеќе организирани, ефикасни, продуктивни и дека максимално ќе го користите и работното но и слободното време. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Што е Design Thinking?

Во последно време терминот Design Thinking стана доста популарен во бизнис светот. Но, што е Design Thinking? Од каде потекнува и, каде се користи? И, како може да ни помогне…
Прочитај

3 Design Thinking алатки за тимски успех

Design Thinking методологијата е од отворена природа, односно најдобро функционира кога се користат мноштво идеи и гледишта. Секојдневните состаноци и работилници можете да ги освежите со некоја од Design Thinking…
Прочитај

Како да го креираш твојот идеален корисник?

Персоната ни помага да одговориме на единственото и најважно прашање: „За кого креираме?“ Профилот на персона за нашиот клиент или корисник е впрочем архетип или полуфиктивен лик создаден од етнографското…
Прочитај

Мали точки за моќни тимски одлуки

Гласањето со точки (Dot voting) е едноставен, но ефективен начин да се обезбеди визуелен преглед на актуелни или релевантни идеи за одреден проект или на работилница. Оваа активност помага при…
Прочитај