10-тото издание на Стартап Викенд Скопје – овој пат онлајн 

Total
1
Shares

Не треба да дозволиме пандемијата да го сопре развојот на нови бизнис решенија – велат организаторите на Стартап Викенд Скопје, кои оваа година стојат позади 10-тото јубилејно издание на овој настан.

Стартап Викенд Скопје е 54 часовен настан кој ги обединува претприемачите, иноваторите, стартап ентузијатите и креативците со цел за време на само еден викенд, тимски да направат победничко бизнис решение. Традиционално настанот се одржува во живо, но поради моменталната ситуација, исто како и минатата година, настанот ќе се одржи онлајн за време на викендот 16-18 АПРИЛ!
Учеството е бесплатно и можеш да обезбедиш карта ТУКА

Затоа што сите активности ќе се одвиваат онлајн на платфомите Discord и Zoom, на настанот можат да учествуваат сите стартап ентузијасти од С. Македонија од комфорот на нивниот дом. Пријавување со идеја или без, настанот нуди големи придобивки за сите учесници, од дружење и развивање на комуникациските вештини, до стекнување контакти со искусни ментори, и многу вредни награди за победничкиот тим – велат организаторите од Тимот на Solveo, кои го организираат Стартап Викенд Скопје по 4-ти пат.

Учеството е БЕСПЛАТНО, но местата се ограничени и затоа ако имате генијална бизнис идеја, или пак сакате креативна стимулација и дружење, побрзајте да го резервирате вашето место ТУКА!

За повеќе информации посетете ги Facebook и веб страната на настанот. 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

10 тимови со 10 нови идеи за зелена иднина на Startup Weekend Sustainability Skopje 2023

Изминатиов викенд (од 27ми-29ти Октомври) над 60 учесници и 20 ментори се обединија во борбата за поодржлива иднина на 12тото издание на Startup Weekend Sustainability Skopje 2023. Со голем ентузијазам…
Прочитај

Bio Hack My World 2023 инкубаторската програма за сите вљубеници во науката

UNDP заедно со Град Скопје и UNICEF  ја отвараат првата  „Отворена градска лабораторија“ лоцирана во СУГС „Марија Кири – Склодовска“-Скопје, за биотрансформација со цел да ги вклучат заедниците во креирање…
Прочитај

Пријавете се за специјализирана FINTECH програма, DESIGN THINKING тренинг и награден ХАКАТОН

Фондацијата ПРЕДА плус го објави повикот за учество во првата наменски креирана програма која ќе отвори нова ера во финансиската индустрија кај нас. FINTECH START-UP програмата е наменета за сите…
Прочитај

Приштина е домаќин на Techstars Startup Weekend Western Balkans 2022

Techstars Startup Weekend е креативен и колаборативен тридневен едукативен настан каде секој може да креира и развие нови стартап идеи. Станува збор за креирање бизнис модел, прототипирање, дизајнирање и валидација…
Прочитај