10 совети за подобро менаџирање со времето

Total
17
Shares

Да се биде свесен за времето, резултира со само-подобрување и постигнување на целта. Тоа се однесува и за вашата работа и за личниот живот.

Дали чувствувате потреба да бидете поорганизирани и попродуктивни? Дали го поминувате демотивирани и се прашувате зошто не сте постигнале многу?

Тогаш овие совети за квалитетно управување со времето ќе ви помогнат да ја зголемите вашата продуктивност и да бидете задоволни со постигнатите цели.

1.Откријте каде губите време

Многумина од нас се жртви на губење време, односно дозволуваме други да ни го „крадат“ времето. Кои се вашите крадци? Дали поминувате премногу време на непоребно сурфање интернет, читајќи е-пошта, објавување на Фејсбук, испраќање пораки или остварување приватни повици?

Дали го трошите времето залудно? Следењето на дневните активности помага да се формира точна слика за тоа колку време поминувате на разни активности, што е првиот и главен чекор кон ефективно управување со времето.

2.Поставете цели за управување со времето

Запомнете, фокусот на управување со времето е всушност промена на вашето однесување, а не промена на времето. Започнете со елиминирање на вашите лични потрошители на време. На пример, поставете цел една недела да не телефонирате или пак да одговарате на текстуални пораки што не се поврзани со работата (во работно време).

3.Спроведете на план за управување со времето

Важно е да го промените вашето однесување со текот на времето за да постигнете каква било цел што сте си ја поставиле на себе, како што е зголемување на вашата продуктивност или намалување на стресот. Значи, вие не само што треба да ги поставите вашите специфични цели, туку и да ги следите со текот на времето за да видите дали ги остварувате или не.

4.Користете алатки за управување на времето

Без разлика дали станува збор за планер, софтверска програма или апликација, првиот чекор за управување со вашето време е да ја знаете моменталната состојба и да планирате како ќе го поминувате вашето време во иднина. Outlook, на пример, ви овозможува да закажувате настани лесно и може да се постави да ве потсетува на настаните однапред, што го олеснува управувањето со времето.

5.Откријте кои се вашите дневни приоритети

Треба да започнете секој ден со сесија приоритетi на задачите за тој ден и поставување на репер за нивна реализација. Ако имате 20 задачи на ден, колку од нив навистина треба да извршите?

6.Научете да делегирате 

Делегацијата е една од најтешките работи што треба да ја совладаат особено претприемачите. Но, без разлика на големината на Вашиот бизнис, нема потреба да бидете единствено Вие инволвирани – треба да дозволите и другите да преземат дел од обврските. Делегацијата ги споделува задачите што би биле подобри ( а исто така и поосодветни) некој друг од тимот, за Вие да можете времето да го посветите на приотитетните работи според Вас.

7.Воспоставете рутини и држете се до нив што е можно повеќе

Кога ќе се појават кризни моменти, ќе бидете многу попродуктивни ако можете да ги следите рутините во поголемиот дел од времето. За повеќето луѓе, креирањето и следењето рутина овозможува да се справат со денвните задачите, без да бидат во постојана трка со времето.

8.Поставете временски ограничувања за задачите

На пример, читањето и одговарањето на е-пошта може да ви го потроши целиот ден. Наместо тоа, поставете ограничување од еден час на ден за оваа задача и држете се до неа. (Најлесен начин да го реализирате ова е да доделите солиден термин за оваа задача наместо да одговарате на е-пошта во секое време.)

9.Бидете сигурни дека вашиот систем е организиран

Дали губите многу време барајќи низ вашиот компјутер? Одвојте време да организирате систем за управување со вашите материја, апликации и фолдери за работа. Така ќе знаете во секој момент што каде се наоѓа, лесно ќе доаѓате до потребните работи, никој нема да чека на вас, а воедно сето тоа ќе резултира со заштеда на скапоценото време. 

10.Избегнувајте совршенство

Избегнете преголема анализа на сè што правите. Тоа сепак не значи да бидете невнимателни. Дадете се од себе – секогаш. Но, совршенството може да ве влече надолу, затоа не размислувајте за тоа. Откако ќе завршите со одредена задача за која сметате дека е солидно сработена, мора да продолжите понатаму.

Ефективното управување со времето во крајна линија е резултат на правилен став и посветеност кон вашите цели. Дигиталните алатки можат да помогнат во напорите за управување со времето, постојат многу календари и достапни уреди за следење на времето што ќе ви помогнат ефикасно да управувате со времето.

Без оглед на советите или алатките што ги користите, искористете го вашето време мудро, но исто така одвојте време за одмор и релаксација за да бидете среќни и мотивирани постојано.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Уметноста на раскажувањето заедно со Design Thinking

Замислете како влегувате во пријатна кафуле со драг пријател, каде што Design Thinking  и споделувањето искуства беспрекорно се испреплетуваат како совршена мешавина од кафе и крем. Како помивуаат минутите/часовите, сфаќаме…
Прочитај

Како до Ваша подобра верзија на професионален план?

Во модерното време, големо внимание се посветува на персоналниот и професионалниот развој на индивидуата. Усовршувањето на професионалната димензија на индивидуата започнува од персоналниот развој. Велат дека најдобриот проект на кој…
Прочитај

Практични совети за рестартирање на емпатијата на работното место

Од клучно значење е компаниите да ангажираат и развијат поефикасни менаџери и лидери способни да ја придвижат својата компанија напред и во добри и во тешки времиња. Тоа бара гледање…
Прочитај