C3 Global Cloud Skills v-Tour бесплатната конференција наменета за IT менаџери, IT професионалци, програмери, бизнис лидери и HR менаџери

Total
74
Shares

И годинава, Семос Едукација, со поддршка на Microsoft, ја организира C3 Global Cloud Skills v-Tour, бесплатната конференција наменета за IT менаџери, IT професионалци, програмери, бизнис лидери, HR менаџери, од компании и владини институции, како и студенти од сите универзитети и институции за неформално образование.

C3 Global Cloud Skills v-Tour ќе се одржи на 17 март 2021 година како дел од ексклузивната серија од 15 настани на LLPA Leading Learning Partners Association, здружение на водечки светски тренинг центри од 55 земји во светот. Идејата за ваков тип на глобален ИТ настан е на Семос Едукација и веднаш беше поддржана Microsoft, а започна да се реализира минатата година со 8 конференции кои веднаш постигнаа глобален успех.

Конференцијата е во три сегменти.

Првиот ги донесува најновите трендови во cloud глобалната заедница и очекувањата за иден развој и дигитална трансформација.

Вториот претставува можност за истражување на придобивките од работата во Microsoft cloud технологија, ги претставува обуките и сертификатите на Microsoft кои се дизајнирани врз основа на улогите на вработените и за специјалистите во доменот на човечки ресурси нуди насоки како да се формира тим со високи перформанси и зошто е важно вработените да имаат cloud вештини.

Во рамки на конференцијата учесниците ќе имаат можност да слушнат излагања на истакнати сертифицирани тренери и консултанти меѓу кои:

  • Гоце Аргиров, сертифициран Microsoft тренер, ќе ја отвори темата за новите начини на стекнување cloud вештини.
  • Зоран Кимов, сертифициран Microsoft тренер и Data Analyst Consultant, кој ќе се осврне на дигиталната трансформација и користење на Power Apps, Power Automate, Power BI и Power Virtual Agents во процесот на креирање на дигитална култура во организациите и тимовите.
  • Фисник Доко, сертифициран Microsoft Certified тренер, ќе зборува за искористување на можностите на Azure App Service.
  • Дејан Вакански, ИТ професионалец и консултатант, ќе зборува за Data science во Azure како најлесен начин за поттикнување на растот на бизнисот.

„Размената на искуства во текот на конференцијата поттикнува раѓање нови идеи за тоа како да се намали јазот во вештините на вработените во компаниите и да се забрза процесот на учење, а истовремено нуди простор за градење партнерства и поврзување со клиенти и колеги кои имаат слични приоритети.“ , вели Валентина Тасева, извршна директорка на Семос Едукација.

Конференцијата е бесплатна, а  резервацијата на места е во тек на следниот линк.

Третиот сегмент од конференцијата е C3 Cloud Skills Cup натпреварот за програмери, ИТ професионалци за cloud, data и AI.

C3 Cloud Skills Cup турнирот се состои од дваесет прашања од секоја од наведените области а целта е учесникот во 5 минути да одговори на што е можно повеќе прашања за пократко време.  Натпреварувачите од сите три категории со најмногу точни одговори и најкратко време ќе добијат титула шампион и 500 € ваучер за обука од Семос Едукација. Понатаму, локалните победници ќе се натпреваруваат со победниците од другите земји-членки на LLPA на светскиот шампионат во јуни 2021 година.

„Победниците од сите три категории добиваат титула „Cloud Pro World Champion“,„Data & AI Pro World Champion” или „Developer World Champion“, и пакет со сеопфатна вредност од 2.400 USD секој. Пакет вклучува еден Surface DUO, еден Surface Slim Pen, едни Surface слушалки и 250 USD Amazon гифт картичка.“, изјави Патрик Керстен, претседател на Управниот одбор на LLPA.

Освен наградите, дополнителна мотивација за сите ИТ професионалци е фактот што C3 Cloud Skills Cup овозможува јакнење на компетитивниот дух но и поврзување со колеги од цел свет кои работат во истиот сектор со кои можат да соработуваат и разменуваат знаења во иднина.

Пријавувањето за натпреварот е на следниот линк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Македонски иноватори освоија награда на балканскиот Techstars Startup Weekend во Тирана

Тимовите беа водени од 35 интернационални ментори, експерти во осум различни индустрии. Организатор на настанот беше Центарот за иновации Oficina од Тирана. Techstars Startup Weekend е 54 часовен настан кој…
Прочитај

Тирана го кани Балканот на регионален Стартап викенд од 19-21 ноември

Првото регионално издание на Текстарс стартап викенд ќе се одржи во Тирана каде претставници од 6 земји ќе работат на развојот на нови бизнис решенија преку решавање на локални предизвци.…
Прочитај