Интервју со Трпе Туфекчиев: „Усовршувањето на своите способности води кон големи успеси“

Total
15
Shares

Трпе Туфекчиев од компанијата Marquardt е специјалист за обука и зајакнување на компетенциите кај вработените. Како одговорен за проценка на потребите за обуки, едукативната програма и материјали за учење, го споделува неговиот придонес и искуство во ова интервју со нас.

Трпе, раскажете ни за Вашето работно искуство и моменталната Ваша позиција во компанијата Marquardt?

Трпе не бил отсекогаш во сегментот човечки ресурси. Моето најголемо работно искуство е всушност 5 години како наставник по социологија во велешката гимназија. Пред скоро 3 години, мојата кариера продолжи во сектор каде што главен акцент е контактот со луѓе, но овојпат тоа беше позицијата специјалист за регрутација и тренинг во престижното Маркарт семејство.

Оваа позиција подразбира активно учество во процесот на регрутација како и голем ангажман во делот за тренинг и развој на нашите вработени.

Да се биде одговорен за едукативните обуки и тренинзи за сите вработени индивидуално, како и за тимовите е многу одговорна и предизвикувачка задача. На кои начини/критериуми ги одредувате програмите за обука?

Маркарт е интернационална семејна компанија која се грижи за своите вработени на еден мошне сериозен начин притоа вложувајќи огромни напори за усовршување на истите.

Во тој контекст, секоја од 20-те Маркарт локации, располага со поголем или помал тим за тренинг и развој кој изготвува детален годишен тренинг план за своите вработени во кој се опфатени сите тековни тренинг потреби на луѓето. Критериумите по кои се одредуваат тренинг потребите на вработените се опфатени во нашиот глобален  Talent Management System, во кој меѓу другото, се оценуваат перформансите на нашите вработени, нивните точки за подобрување како и аспекти кои треба да се надградат.

Според Вас, колку се потребни надградувања во кариерата на вработените? Зошто обуките од едукативен карактер се од голема важност за раст на една компанија? И каков е интересот за дополнителни тренинзи кај вработените?

Во однос на потребата од континуирано надградување кај вработените, добро би било да ја спомнеме безвременската мисла дека човек учи додека е жив. Во тој контекст, неопходно е човекот да тежнее кон усовршување на своите способности како би успеал да достигне повисоко ниво на развој.

Оттука, сосема е очигледна огромната важност на обуките и нивниот придонес кон континуиран раст како на самите вработени, така и на самата компанија.

Во однос на интересот за дополнителни тренинзи, најголемиот дел од нашите вработени се свесни за предизвиците како и за бенефитите кои можат да се добијат од било која обука (независно од типот на обуката).

Кои се моменталните најбарани вештини кај работодавците, колку пазарот може да одговори на потребниот квалитет и дали во Македонија има солидни и современи едукативни програми за професионална надоградба?

Денес насекаде се појавуваат памфлет статии кои зборуваат за некакви универзални вештини кои би биле барани во следните 10 или 20 години.

Меѓутоа, искуството ми даде до знаење дека всушност, секој работодавач, во зависност од неговата основна активност, си бара одредени квалитети и вештини. Бидејќи нашата компанија се занимава со производство на електронски прекинувачи и компоненти, од нашите вработени кои се директно инволвирани се очекува да бидат самокритични, самоиницијативни, да располагаат со висок степен на аналитичко размислување како и да бидат насочени кон континуирано подобрување.

Во однос на тоа дали во Македонија има добри едукативни програми, можам да потврдам дека во последно време, работите на ова поле одат по исклучително нагорна линија. Нема воопшто да бидам скромен и ќе потенцирам дека програмата на Innothink преку која се поттикнува тимскиот дух и креативноста кај вработените, потоа институтот Вита кој е фокусиран на организацискиот развој и развојот на луѓето, лидерството и организациската култура на компаниите како и многу други кои во последниве неколку години се појавија ми даваат силно чувство на оптимизам дека работите поврзани со тренинг и развој навистина тргнуваат кон подобро.

Дали тоа што сте дел од поголема странска франшиза Marquardt влијае врз едукативната програма и методологија што ја користите за обука на Вашите вработени?

Апсолутно. Доаѓањето на компании како Marquardt во Македонија е од исклучително значење доколку сакаме да ги подобриме перспективите на Learning & Development. Имено, странските компании во тренингот и едукацијата на своите вработени ја гледаат и иднината на самата компанија и токму затоа, огромни напори и финансии се инвестираат во делот за тренинг и развој.

Што сметате дека треба да поседува и негува еден човек за да прикаже ефикасни и продуктивни резултати? И кои дополнителни фактори допринесуваат за нивно реализирање?

Пред се, желба за напредување и стекнување нови и нови знаења. Без таа аспирација, не би можеле да зборуваме за ефикасност и продуктивност.

Откако ќе се увиди желбата за развој, следно е активноста на одделот за тренинг и развој кој ги усмерува тие поединци на правилен начин да стекнат нови знаења и правилно да ги употребат стекнатите знаења.

Како дополнителни фактори би го навел т.н менталитет на самата компанија во која работат таквите поединци, како и опкружувањето во самата работна средина, бидејќи колку е порелаксирана и похармонична работната средина, толку помотивирани работници ќе има во таа компанија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Ruzica Filiposka - HR Magnetik

Интервју со Ружица Филипоска од Магнетик: “Го запознав мојот тим со Design Thinking и до ден денес го применуваме активно!”

  Оваа недела седнавме да поразговараме со HR менаџерот во модната групација Магнетик – Ружица Филипоска. Ни раскажа како се запознала со Design Thinking методологијата, како ја вовела да се…
Прочитај
Jane Pavlevski - A1

Интервју со Јане Плавевски од А1 Македонија “Компанијата која на корисниците ќе им понуди реални решенија за нивните потреби, секогаш ќе расте.”

Една од најголемите компании за телекомуникација во нашата земја – А1 Македонија активно ја применува Design Thinking методологијата во своето секојдневно работење. Поттикнати од придобивките решија да им дадат вистинска…
Прочитај

Интервју со Розита Т. Христовска: “Design Thinking е алатка која се користи на професионален и на личен план!”

Eдни од првите кои имаа прилика да ги искусат виртуелните Design Thinking работилници се EU House и нивниот виртуелен настан на кој 30-тина млади креираа решенија за идеалното училиште од…
Прочитај
DesignThinking - Lela

Интервју со Лела од Innothink: “Design Thinking се стреми за подобрување на иднина и се обидува да креира идеи кои ќе дадат решенија на секојдневните предизвици”

Денес ќе разговараме со Лела Анастасова, сертифициран Design Thinking тренер и инструктор во Innothink. Работи како Design Thinking инструктор веќе неколку години има работено по оваа методологија од деца, средношколци…
Прочитај

Интервју со Доц. Д-р Кате Трајкова: Design Thinking методологијата е алатка која има исклучителна вредност и треба да ја совладаат сите наставници и универзитетски професори

Доц. Д-р Кате Трајкова е професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Неодамна се запозна и започна да ја применува Design Thinking методологијата. Од интервјуто ќе дознаете како е да се…
Прочитај

Игор Јованоски од Europa House Скопје: “2022 е европска година на младите и клучен момент да се продолжи напред”

Игор Јованоски e дел од тимот на Europe House Скопје како постар менаџер за мрежи и помош на Европска Унија. Неговото богато портфолио и искуство секојдневно допринесува за иднината и…
Прочитај