Како да дојдете до консензус кога Вашиот тим не се согласува за нешто клучно?

Total
40
Shares

Секој проект доаѓа со свој удел на одлуки – некои тривијални, некои критични. И секој член на тимот поседува различни нивоа на искуство, вештина и толеранција. Несогласувањето е неизбежен и здрав дел од секој тим со високи перформанси.

Но, што се случува кога ќе дојдете во така наречен ќор-сокак околу некоја клучна компонента?

Способноста да се донесе одлука е од суштинско значење за успехот на проектот. Следниве неколку начини ќе му помогнат на Вашиот тим полесно да совладува конфликтни ситуации кои понатаму ќе го ублажат патот кон конечните одлуки.

Ставете фокус на заедничките вредности 

Пред да се нурнете во дискусија, започнете со изразување за тоа со што тимот може да се согласи. 

Поставете неколку правила за дискусијата:

  • Целта е да се донесе одлука, без оглед дали сите се согласуваат;
  • Секој добива можност да зборува;
  • Тимски успех наспроти успех по секоја цена;
  • Поедноставете ги работите;

Поставувајте многу прашања

Овие прашања треба да се фокусираат не толку на самата одлука, туку на тоа како тимот стигнал дотаму:

  • Дали овој пристап има потенцијал да нè однесе на погрешната патека?
  • Постојат ли други опции?
  • Дали оваа одлука зависи од некои други фактори?
  • Како да го прилагодиме нашиот план, што сè треба да промениме? 
  • Дали има некои опции за пресврт доколку резултатите се проблематични?

Учете од резултатите

Дискусијата не треба да заврши откако ќе се донесе одлука. Како тим, како ќе утврдите дали Вашата одлука била вистинска? Одвојте малку време заедно да размислите за следниве прашања:

  • Како можеме да дознаеме порано во случај да не се постигнува очекуваниот исход?
  • Кои метрика ќе покажат дали одлуката дава вредност?
  • Што можеме да научиме од овој експеримент за да донесеме подобри одлуки во иднина?

Различните мислења се составен и природен дел на секој проект. Она што ги издвојува тимовите со високи перформанси е начинот на кој тие им пристапуваат на предизвиците. Обидете се да ги користите разликите како можност да се усогласите, рефлектирате и да се посветите на исходот како тим. Со тоа, Вашиот проект ќе продолжи да се движи напред и во вистинската насока.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Како до Ваша подобра верзија на професионален план?

Во модерното време, големо внимание се посветува на персоналниот и професионалниот развој на индивидуата. Усовршувањето на професионалната димензија на индивидуата започнува од персоналниот развој. Велат дека најдобриот проект на кој…
Прочитај

Практични совети за рестартирање на емпатијата на работното место

Од клучно значење е компаниите да ангажираат и развијат поефикасни менаџери и лидери способни да ја придвижат својата компанија напред и во добри и во тешки времиња. Тоа бара гледање…
Прочитај