Како да се креира успешна стратегија за надминување на новите предизвици?

Total
7
Shares

Во новата 2021 година влеговме со надеж дека ќе биде подобра, полесна и поуспешна година од претходната 2020. Пандемијата на КОВИД-19 и нејзините последици наметнаа многу предизвици со кои светот ќе треба да се соочи во следниот период. Работењето на далечина, здравствената грижа, менталното здравје, слабата економска активност како и новите навики се дел од предизвиците со кои секоја индивидуа и бизнис се соочуваат секојдневно. Привремените решенија се имплементираа и менуваа во зависност од околностите, но реалноста вели дека мора да креираме стратегии за пост- пандемијата и да се навикнеме на новата нормалност. Освен стратегиите за раст, финансискиот успех и долгорочните цели, важно за надминување на предизвиците е следново:

  1.     Позитивен однос кон промените и околностите. Design thinking методологијата е оптимистичен пристап кој наметнува позитивно размислување. На пример, главното прашање при дефиниција на предизвикот започнува со “Како би можеле да…” (How might we). Тоа значи дека секој предизвик има решение, прашањето е само- на кој начин да го решиме предизвикот. Доколку негативно пристапиме кон одреден проблем и констатираме дека нема решение, всушност, не даваме простор за позитивен пристап и решавање на предизвиците. Затоа велиме дека промената на менталниот склоп (а тоа се постигнува со примена на Design thinking) е клучна и неопходна.
  2.     Не можеме да не ја споменеме основата на Design thinking – емпатијата. При креирање на стратешки планови, не смееме да ја изоставиме важноста на емпатијата и фокусирањето кон потребите на другите (клиентите, потрошувачите, вработените). Зошто е емпатијата важна, сега повеќе од било кога? Луѓето живеат во неизвесност наметната од пандемијата: се грижат за своето здравје, за своите блиски, за кариерата, за работното место, за можните неповолни сценарија на локално и светско ниво. Имајте ги во предвид стравовите на луѓето околу вас и креирајте стратегија која ќе помогне да се справите заеднички со сите овие стравови а воедно истата да води кон успех. Користете алатки како customer journey или employee journey и адресирајте ги сите болни точки во секојдневието на вашите клиенти и вработени.
  3.     Адаптација со иновација. Design thinking пристапот не претпочита комфорна зона. Значи, кога веќе сме приморани да ги менуваме навиките, однесувањата и работењето, можеме да бидеме и креативни и да најдеме нови начини со кои ќе решиме нови предизвици (можеби попатно ќе решиме и стари предизвици кои не мачеле подолго време). “Fail fast, fail often, fail cheap” е мотото кое треба да ве поттикне да бидете храбри во иновирањето на нови стратегии кои бргу ќе ги лансирате, и бргу ќе дознаете дали се успешни или не. Таквиот пристап ќе ви заштеди време, средства и грижи, а доколку успеете- ќе бидете среќни што сте биле иновативни и храбри.

Успешна стратегија со Design thinking

      Ајде да ги примениме основните совети наведени погоре и да видиме како можеме да ги претвориме во стратешки одлуки.

На пример: Позитивниот пристап кон решавање на предизвици ќе ви отвори многу нови врати. Запрашајте се со кој предизвик се соочува вашата околина во моментот и пробајте да го решите. Можеби ќе го надградите вашиот асортиман на производи, услуги, или ќе започнете нов бизнис кој ќе ги адресира новите проблеми.

 Компаниите кои се грижат за своите вработени и клиенти, ги земаат во предвид нивните потреби и стравови, и ќе ги променат културата и начинот на работење во согласност со новата нормалност. Пронајдете начини за ефективна тимска работа која ќе одговара на сите. Хибридниот начин на работа (на далечина и на работното место) ќе биде актуелен подолго отколку што мислевме, па соодветно адаптирајте се. Успехот најмногу зависи од здравиот тимски дух!

На крајот, воведете иновации во интерното работење, комуникацијата со клиентите, бизнис моделот, токму поради несигурноста на денешницата. Брзината на адаптација е клучна за надминување на предизвиците, па бидете храбри за да генерирате нови успеси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Што е Design Thinking?

Во последно време терминот Design Thinking стана доста популарен во бизнис светот. Но, што е Design Thinking? Од каде потекнува и, каде се користи? И, како може да ни помогне…
Прочитај

3 Design Thinking алатки за тимски успех

Design Thinking методологијата е од отворена природа, односно најдобро функционира кога се користат мноштво идеи и гледишта. Секојдневните состаноци и работилници можете да ги освежите со некоја од Design Thinking…
Прочитај

Како да го креираш твојот идеален корисник?

Персоната ни помага да одговориме на единственото и најважно прашање: „За кого креираме?“ Профилот на персона за нашиот клиент или корисник е впрочем архетип или полуфиктивен лик создаден од етнографското…
Прочитај

Мали точки за моќни тимски одлуки

Гласањето со точки (Dot voting) е едноставен, но ефективен начин да се обезбеди визуелен преглед на актуелни или релевантни идеи за одреден проект или на работилница. Оваа активност помага при…
Прочитај