Топ 3 потребни вештини за 2021 година

Total
11
Shares

Направете ja 2021ва поуспешна од 2020та со подобрување на работните вештини што ги бараат работодавците.

Додека гледаме напред кон 2021 година, знаеме едно со сигурност – 2020 година го сврте светот наопаку. Со глобалната пандемија, создавањето на новите навики и спроведување на нови стратегии, работењето од дома стана сосема нормално. Некои компании го прифатија моделот за работењето на далечина и го задржуваатат со полно работно време, додека други се надеваат дека повторно ќе се вратат на работата во 2021 година. Сепак, оваа промена донесе многу лекции за тоа што е потребно да поседува одличен вработен во новите околности.

Ако барате начин да се издвоите од останатите кандидати при следното барање работа, треба да размислувате вон вашиот степен и вашите сертификати и да се насочите кон најдобрите вештини за работа што ги сакаат работодавците во 2021 година.

Повеќето кои аплицираат за позиција имаат поминато обуки потребни за извршување на работата. Но, многу менаџери се согласуваат дека токму меките вештини можат да ве стават на врвот на листата. Постојат некои важни вештини кои можат да ја зголемат шансата при вработување, особено во следните неколку години.

Во 2021 година следните 3 работни вештини ќе ги бараат работодавачите и менаџерите за вработување кај врвните кандидати:

1. Континуирано учење

Ако сакате да напредувате, треба да прифатите постојано учење. Со подобрување на вашиот сет на вештини, без разлика дали станува збор за меки или тешки вештини, ги зголемувате шансите за подобрување на траекторијата на кариерата.

Совет: Проверете ги разните едукативни платформите за професионален развој, како и курсевите кои се нудат кај нас и надвор, за да видите што можат да понудат во вашата професионална област. 

И не плашете се да се пријавите за тоа што најмногу Ве интересира! Ако сте компјутерски програмер кој сака да научи менаџирање на проекти, ОДЛИЧНО! Ако сакате да научите дизајн, тоа е исто така КУЛ!

2. Управување со времето

Управувањето со времето отсекогаш било важно, но со прифаќањето на работењето од дома, тоа е поважно од било кога. Тоа значи дека Вашите работодавци треба да имаат доверба дека можете да управувате со вашето време и да ја завршите својата работа без никој да ве надгледува. Во денешно време на паметни телефони и социјални медиуми треба да докажете дека сте вредни и можете да останете на задачите и на целта.

Совет: Дајте им приоритет на Вашите задачи за следниот ден пред да се одјавите, ставајќи ги на прво место најголемите. Штом ќе се справите со нив, остатокот ќе биде лесен и ќе ја остварите целта.

3. Донесување одлуки

Секој носи одлуки, нели? Не баш. За некои луѓе, донесувањето одлуки е мачно; тие се борат со сите прашања: Што ако направиме погрешен избор? Дали вреди да се инвестира? Дали тимот ќе биде на висина на задачата?

Имајќи можност да ги проценувате критериумите пред Вас и редовно да доаѓате до убедлива одлука, дури и ако грешите повремено, Ве какрактеризира како личност што ги завршува работите. Исто така, покажува дека сте подготвени да ризикувате – и тоа е добра работа.

Совет: Донесувањето одлуки е повеќе од само став, тоа е вештина. Прочитајте ја книгата на Mark Divine, “The Way of the Seal и побарајте го поглавјето како што тој го нарекува PROP моделот на донесување одлуки.

Сега кога ги знаете некои од професионалните вештини и одлики што ќе Ви требаат за да бидете успешни во новото секојдневие, време е да работите на себе.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Што е Design Thinking?

Во последно време терминот Design Thinking стана доста популарен во бизнис светот. Но, што е Design Thinking? Од каде потекнува и, каде се користи? И, како може да ни помогне…
Прочитај

3 Design Thinking алатки за тимски успех

Design Thinking методологијата е од отворена природа, односно најдобро функционира кога се користат мноштво идеи и гледишта. Секојдневните состаноци и работилници можете да ги освежите со некоја од Design Thinking…
Прочитај

Како да го креираш твојот идеален корисник?

Персоната ни помага да одговориме на единственото и најважно прашање: „За кого креираме?“ Профилот на персона за нашиот клиент или корисник е впрочем архетип или полуфиктивен лик создаден од етнографското…
Прочитај