Мојот план во 5 чекори за новата година

Total
1
Shares

Сите имаме 8.760 часа секоја година да го изградиме животот за кој сонуваме! Сè што треба да сториме е да следиме неколку едноставни чекори.

5 чекори за успех во новата година:

Размислете за годината позади вас

Одвојте момент и размислете за претходната година и проценете ги Вашите искуства.

Поставете си важни прашања: Какви се моите емоции за изминатата година? Што постигнав? Кога би можел да сменам нешто во врска со минатата година, што би било тоа?

Запишете ги Вашите одговори. (Направете го тоа!) Бележењето на Вашите мисли е клучен чекор за да ги направите промените што ги барате во претстојната година.

Сонувајте

Опуштете го умот и сонувајте малку за претстојната година. Не задржувајте се! Која е Вашата крајна визија?

Сега напишете список со работите што сакате да ги постигнете во новата година. Може да биде сè –  од себично до несебично и сè што е помеѓу.

Пронајдете ги одговорите на Вашето ЗОШТО

Да се најдат одговорите на познатото пеашање ЗОШТО е критичен чекор. Вашето зошто ќе ви помогне да се придржувате до Вашите обврски кога работите ќе станат тешки. 

Постигнувањето на Вашите цели нема да биде секогаш лесно; сепак, одговорите (на прашањето Зошто) што ќе ги добиете ќе го овозможат тоа!

Поставете С.М.А.Р.Т. цели

Што и да сакате во животот, создадете цели за да се приближите до тоа. Може да биде скок со падобран, волонтирање, промена на работното место, пишување книга – што било. Само ВИЕ сте одговорни за годината која следи; само ВИЕ можете да ја направите Вашата најдобра година досега.

Важно е да бидете реални и да се подготвите за успех. Изберете само неколку цели. Ако поставите премногу, тогаш е потешко да ги постигнете. Осигурајте се дека оние на кои планирате да се фокусирате се во согласност со Вашата визија.

Користете го S.M.A.R.T. методот при поставувањето и реализирањето на целите!

S — Specific (специфични)

M — Measurable (мерливо)

A — Achievable (остварливо)

R — Realistic (реален)

T — Timely (навремено)

Овој метод Ви помага да креирате цели што се конктетни, разбирливи, остварливи и имаат рок.

Поставете системи за успех

Размисливте, ја поставивте својата визија и го совладавте S.M.A.R.T. методот Но, сепак мора да го спроведете вашиот план и да бидете сигурни дека тоа ќе се случи!

Направете го ова на следниот начин:

  • Поставете рокови;
  • Правете месечни и квартални проценки;
  • Задолжете некој кому ќе му реферирате; 

Да се биде проактивен ќе помогне да се создаде поголем успех во текот на целата година. Разговорите со лицето за отчетност ќе ви помогнат да размислите за Вашиот напредок и да ги ревидирате Вашите планови, доколку е потребно.

Среќна и успешна Нова Година! 

Сега излезете и направете ја оваа ВАША најдобра година досега!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Што е Design Thinking?

Во последно време терминот Design Thinking стана доста популарен во бизнис светот. Но, што е Design Thinking? Од каде потекнува и, каде се користи? И, како може да ни помогне…
Прочитај

3 Design Thinking алатки за тимски успех

Design Thinking методологијата е од отворена природа, односно најдобро функционира кога се користат мноштво идеи и гледишта. Секојдневните состаноци и работилници можете да ги освежите со некоја од Design Thinking…
Прочитај

Како да го креираш твојот идеален корисник?

Персоната ни помага да одговориме на единственото и најважно прашање: „За кого креираме?“ Профилот на персона за нашиот клиент или корисник е впрочем архетип или полуфиктивен лик создаден од етнографското…
Прочитај

Мали точки за моќни тимски одлуки

Гласањето со точки (Dot voting) е едноставен, но ефективен начин да се обезбеди визуелен преглед на актуелни или релевантни идеи за одреден проект или на работилница. Оваа активност помага при…
Прочитај