3 Design Thinking книги кои мора да ги прочитате

Total
4
Shares

Медиумот DesignThinking.mk сака да ве поттикне креативно да размислувате и воедно да бидете попрoдуктивни и мотивирани. Во таа насока ќе ви споделуваме едукативни книги исполнети со алатки, техники, мотивација и креативно размислување, за професионален и личен напредок.

За почеток проследете ги нашите први 3 препораки:

 “Lateral Thinking”, Edward De Bono

Според Едвард де Боно научени сме проблемите да ги совладуваме користејќи „вертикално размислување“. Ова функционира во едноставни ситуации – но ние сме во загуба кога овој пристап не успева.
Што тогаш? Дознајте за оваа техника повеќе во книгата на Edward De Bono, “Lateral Thinking”. 

Латералното размислување помага да се ослободи вашата фантазија. Преку низа специјални техники, во групи или самостојно работење, Едвард де Боно покажува како да го стимулирате умот на нови и возбудливи начини.  

“The Design of business”, Martin Roger

Компаниите кои сакаат да внесуваат иновации им е потребен Design Thinking. Оваа метoдологија помага да се премине од една во друга фаза, од мистерија и апстрактност до кој идејно решение. Како што напредува знаењето низ фазите, продуктивноста расте и се пружа огромна вредност за компаниите.  

Martin Roger во својата книга одблиску ни прикажува како компании како Procter & Gamble ја користат Design Thinking методологијата за да бидат иноватори и да се издвојат од својата конкуренција.

“Design Thinking”, Vedran Antoljak & Miroslav Kosovich

Авторите на оваа книга, низ својата долгогодишна пракса спровеле дузина Design Thinking проекти и едуцирале стотици вработени од хрватските компании и регионот. Тие во нивната книга сето ова ни го раскажуваат во детали и прагматично ни покажуваат како брзо и ефективно оваа методологија може да се примени во секојдневното работење.

Книгата е корисна за секого, а особено за недизајнерите помеѓу нас, ќе ја разбуди креативноста и ќе ве наведе успешно и брзо да внесете новитети. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Што е Design Thinking?

Во последно време терминот Design Thinking стана доста популарен во бизнис светот. Но, што е Design Thinking? Од каде потекнува и, каде се користи? И, како може да ни помогне…
Прочитај

3 Design Thinking алатки за тимски успех

Design Thinking методологијата е од отворена природа, односно најдобро функционира кога се користат мноштво идеи и гледишта. Секојдневните состаноци и работилници можете да ги освежите со некоја од Design Thinking…
Прочитај

Како да го креираш твојот идеален корисник?

Персоната ни помага да одговориме на единственото и најважно прашање: „За кого креираме?“ Профилот на персона за нашиот клиент или корисник е впрочем архетип или полуфиктивен лик создаден од етнографското…
Прочитај