Лансирање на нов продукт

Total
1
Shares

Кога лансирате нови производи (особено технолошките) може да биде тешко да се создаде вистинското решение за проблемот на Вашиот клиент при првиот (па дури и петтиот) обид.

Предизвикувачкиот дел во процесот на лансирање е длабоко да се разберат проблемите на своите корисници. 

Како на пример пациентот во ординацијата на својот лекар. Задачата на пациентот е да ги опише своите болки и симптоми. Лекарот е тој што проценува и препишува лек. Истото важи и за градењето на нешто ново – Вашите клиенти можат да опишат симптоми, но на крајот мора Вие да ги идентификувате и потврдите претпоставките за тоа што ја предизвикува болката за да го пронајдете идеалното решение.

Да се најде најдоброто решение не е лесно. Ова е причината зошто лансирањето на нови производи е полн со ризици.

Дали претходно сте се сретнале со овие проблеми?

  • Потребни се месеци за да се изгради и лансира нешто пред да добиете повратни информации од клиентите.
  • Вашиот тим постојано расправа за тоа кои карактеристики треба да постојат уште при лансирањето.
  • Не можете да одлучите кој проблем прво да го решите.
  • Секој во тимот има различна идеја за тоа како треба да работи производот, па затоа не постои компромис за едно решение и не одговара на ничии потреби
  • Ја пуштивте првата верзија на Вашиот производ, но сеуште нема никаков резултат.

Замислете доколку на клиентите би можеле да им покажете производ кој ги решава нивните проблеми по само една недела напор. Како може тоа да го промени начинот на кој Вашата компанија при лансирањето на нови производи на пазарот?

Бизнисите забрзано го усвојуваат процесот на дизајнирање на производи во развој познат како „Design Sprints“ за да помогнат во тестирање, претпоставки и носење на одлуки за своите производи во рок од пет дена.

Овој процес станува масовно популарен како кај водечките глобални компании, така и кај средните и помали бизниси. 

Резултатите се зачудувачки

Спринтот е збир на методологии наречени Design Thinking. Популаризиран од IDEO, Design Thinking е метод за создавање нови производи преку дизајнирање за и со клиентите. Овој пристап ги опфаќа методите и идеите за дизајн насочен кон човекот како единствен унифициран концепт.

Овие процеси допринесуваат да се усогласат и насочат тимовите околу брзо креирање, тестирање и потврдување на она на што ќе се работи пред да се инвестира многу време и пари во развој на целосното решение.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
design thinking приказни

5 успешни Design Thinking приказни

Сигурно се прашувате како и дали воопшто design thinking функицонира? Како се применува и имлементира оваа популарна алатка во различни различни индустрии и бизнис сектори? Примерите кои ги одвоивме ќе…
Прочитај

Како преку Design Thinking до иновации во компанијата?

Во денешно време брзината е пресудна за успехот, особено кога се работи за лансирање на нови продукти. Компаниите кои се истакнуваат како најуспешни, и воедно, кои опстојуваат, се фокусираат на…
Прочитај

Како да дојдете до најдоброто решение за проблемот користејќи ја Design Thinking методологијата?

“Сите сакаме иднина која ќе биде подобра од сегашноста” – во зборовите на Елон Маск, претприемачот кој го освои светот со своите ракети, електрични автомобили и тунели, ние сакаме да…
Прочитај

10 примери како светските бизнис лидери иновираат

Design Thinking e методологија која се користи за решавање на комплексни проблеми и смислување на иновативни продукти и услуги. Налик на една универзална мапа која со конкретни чекори го покажува…
Прочитај