Најпаметната инвестиција која бизнисите треба да ја направат сега!

Total
3
Shares

Во кризни години како што е оваа 2020-та, додека бизнисите се борат пред се за опстанок, па потоа за раст и профит, се поставува прашањето: Кои се најпаметните инвестиции кои бизнисите треба да ги направат веднаш?

Вложување во едукација

Вложувањето во едукација на вработените и нудење на едукативни материјали на вашите корисници имаат круцијално значење за растот и развојот на вашиот бизнис.

Во време кога корисничките потреби и однесувања се менуваат под притисок на моменталните случувања, повеќе од потребно е да се посветите токму на тоа. Design Thinking обуките за вашите вработени се одличен почеток за креирање на нови начини на работење и задоволување на потребите на корисниците, со гарантирани успешни резултати.

Понатаму, инвестирајте и во креирање на вебинари или едукативни пишани содржини со кои ќе го зголемите кредибилитетот на вашиот бизнис и ќе допрете до повеќе корисници (бесплатни содржини- повеќе посетители). Споделувањето искуства и знаења со корисниците е одлична стратегија во 2020 година, кога sharing is caring е повеќе од флоскула.  

Вложување во онлајн присуство

Вашите корисници се веќе онлајн, па затоа  изградете и зацврстете го онлајн присуството на вашиот бренд. Слабата онлајн стратегија подразбира неажуриран и непрофесионално изработен веб сајт, веб сајт кој не е оптимизиран за мобилни уреди, немање на е- продавница, службени страници на социјални медиуми, итн., па затоа инвестирајте во ангажирање на професионалци за социјални медиуми, веб сајт девелопери, SEO, и се што е потребно да го изградите вашиот бренд онлајн и со тоа да вложите во долгорочен развој на вашиот бизнис. Градењето на онлајн идентитет има повеќе бенефити:

  •  Маркетинг и продажна стратегија во едно
  •  Многу повисока стапка на ROI
  • Кредибилитет и препознатливост на брендот.

Статистиките покажуваат дека онлајн продажбата изнесувала 2.8 трилиони долари во 2018, а проекциите се дека ќе стигне до 4,8 трилиони долари во 2021. Без разлика дали трансакцијата ќе се изврши онлајн или со физичко присуство, секоја продажба или зделка всушност започнува онлајн, односно корисниците ја донесуваат крајната одлука врз основа на нивното истражување на интернет. Исто така, за корисниците е многу поедноставно да комуницираат со вашиот бизнис онлајн- затоа бидете присутни и лесно достапни на вашиот веб сајт или на социјалните медиуми.

 Пронајдете го правиот начин да ја одржите социјалната блискост и поврзаност на вашиот бизнис со неговите корисници во времиња на физичка дистанца. Истовремено, вложувајте во себе и својот бизнис за да одговорите на потребите на корисниците или да решите некој нивни проблем за што за возврат ќе ја добиете нивната благодарност и лојалност.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Virtuelen Design Thinking team buidling

Моќта на Виртуелниот Design Thinking тим билдинг води до ефикасни и сплотени тимови

Многумина од нас се се уште дел од тимовите кои се моментално одвоени, можеби само локациски, но можеби и со различни временски зони. Без оглед каде е вашиот тим, градењето…
Прочитај
4 pricini za uspesno vodenje na biznisot so Design Thinking

4 начини за успешно водење на Вашиот бизнис применувајќи го Design Thinking процесот

  Водењето на бизнис е доста комплексно. Од постојано менување на деловната динамика, управување со повеќе чинители, задоволување на растечките потреби на клиентите, сè до справување со непозната иднина; сопствениците…
Прочитај

Емпатија: Зошто Ви е потребна да бидете успешни во бизнисот?

Емпатијата е човечка карактеристика која може да го промени светот. Треба да знаеме како да се поставиме во туѓи чевли, и да ги погледнеме работите од туѓа перспектива. – Барак…
Прочитај

4 причини зошто Design Thinking е моќна алатка за справување со промени

Промените се неизбежни, особено во бизнис светот каде организациите треба континуирано да се подобруваат и адаптираат според потребите на пазарот. За да ја одржат компетитивната предност, тие мора да се…
Прочитај
корисниците

Како да им се пристапи на корисниците денес?

Во модерното време кога корисничките навики бргу се менуваат, корисниците бараат се повеќе од брендовите а 84% од милениумците го игнорираат традиционалниот маркетинг, компаниите имаат шанса да ги реобмислат своите…
Прочитај