Како да го креираш и продадеш твојот идеален дигитален продукт денес?

Total
2
Shares

 Дигиталните продукти се симнуваат и репродуцираат онлајн, репетитивно и не се во ограничена количина, како што се: софтвери, мобилни апликации, пишани дигитални продукти (е-книги, прирачници, статии, блогови, накратко- се што е пишана содржина), аудио  (аудио книги, аудио курсеви, подкасти, музика) и видео продукти (видео курсеви, спотови, презентации, филмови), фотографии, графички дизајн, разни професионални услуги, итн.

Тие се лесно достапни, се купуваат онлајн, но мора да понудат исклучителна вредност за да  бидат барани- како што Нетфликс ги замени видеотеките ширум светот, а онлајн курсевите станаа нова реалност.

Како да создадете дигитален продукт што ќе се продава?

Најпрвин, направете истражување на пазарот. Изберете профитабилна пазарна ниша т.е. она што највеќе се бара од купувачите. Според статистиките, најпрофитабилни ниши се: финансии, здравје и убавина и романтични врски, а во најпродаваните дигитални продукти спаѓаат: слики и графика, е-книги, онлајн курсеви, мобилни апликации.

Доколку ги познавате купувачите и вашата пазарна ниша, секако дека ќе го креирате идеалниот дигитален продукт кој лесно ќе се продава. Design thinking e идеалната методологија за истражување на потребите на луѓето и нивните навики со цел да дознаете каков дигитален продукт би сакале да користат.

Потоа, при создавање на продуктот, имате неколку опции:      

  • да консултирате експерти чиј know-how ќе го продавате како продукт (на пример, да ангажирате истакнат фитнес тренер кој ќе даде интервју или ќе направи онлајн фитнес програма која вие ќе ја пласирате како дигитален продукт),
  • да креирате сами (најекономична и најтешка опција за која треба да поседувате вештини и знаења)
  • или да ангажирате професионалци кои ќе го креираат продуктот за вас (на пример, правите аутсорсинг на фриленсери или професионални агенции).
Продажба и заштита на дигиталниот продукт

Постојат повеќе апликации со кои ќе ги продадете и заштитите вашите дигитални продукти: Digital Downloads, Sendowl, Thinkific, Photolock, Disable Right- Click, и др.

Можете да се одлучите и за поразличен начин на генерирање на профит, а тоа е продажбата на лиценци и претплатнички пакети за вашите дигитални продукти. На пример, продажбата на лиценца за вашиот дигитален продукт подразбира бесплатен пробен период по кој ќе наплаќате за лиценцирано користење на вашиот продукт.

Претплатничките пакети подразбираат ексклузивно користење на одредена група на дигитални продукти, на пример: Микрософт Офис нуди 1-месечно бесплатно користење, по што имате опција да купите пакет или поединечен продукт или да извршите годишна претплата за користење на одреден пакет или поединечен продукт.

Продажбата на дигитални продукти е генијален бизнис: нема дополнителни трошоци за складирање и испорака, овозможуваат максимален профит и можностите за нивна дистрибуција и развој се неограничени, а брзиот раст на бизнисот е загарантиран. Кој е вашиот дигитален продукт што би сакале да го понудите на пазарот?

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

5 чекори за подобра дигитална трансформација со Design Thinking

Дигитална трансформација ги менува секојдневните практики на бизнисот и е клучен елемент за раст и развој. Во денешниот свет, технолошките способности постојано се подобруваат, и со цел компаниите да останат…
Прочитај