Интервју со тимот на Challenger: “Бидете флексибилни во работата и слушајте ги внимателно вашите корисници”

Total
1
Shares

Како продолжение на нашиот серијал на смели и креаитвни бизнис идеи овој пат имавме можност да поразговараме со тимот кој стои позади иновативната апликација Challenger. Сигурно веќе сте запознаени со мобилната апликација Challenger, кој е македонски стартап и има за цел  да ги поттикне здравите навики кај граѓаните. На пример повеќе да поминуваат „зелени“ километри, да собираат поени, а со тоа и соодветни награди и признанија. Исто така Challenger сака да ги поттикне на општествена одговорност компаниите и институциите со цел да се креира нова зелена маркетинг платформа која ќе нуди многу предности. Повеќе за идејата, реализацијата и идните планови дознајте енергичниот тим на Challenger, кој го сочинуваат Теодора, Стефан, Олга и Митко.

1. Challenger e една од најинтересните апликации кај нас која привлече внимание уште пред неколку месеци. Можете ли да ни кажете повеќе за концептот, како функционира и сл.?

Challenger е бесплатна мобилна апликација која е достапна за Андроид и iOS оперативните системи. На оваа апликација има два главни концепти, а тоа се предизвиците и попустите во нашата Challenger продавница. Со исполнување на предизвик (пред другите корисници) се добива награда од бизнисот кој го спонзорира одредениот предизвик кој корисникот го одбрал. Истовремено, со секој зелен километар – поминат пешки, се освојуваат поени. Овие поени корисникот може да ги замени за попуст кај некој од локалните бизниси кои имаат поставено понуда во нашата продавница. Дополнително, корисниците секојдневно се натпреваруваат и рангираат на нашата Ранг листа, а од таму ние ги прогласуваме нашите Еко супер херои.

2. Од каде се познава вашиот тим и како дојдовте до оваа идеја? Што ви беше главна мотивација?

Нашиот тим се спои првично на Start up Weekend Skopje во 2018 година, организиран од прекрасниот тим на Солвео. Дел од нашиот тимот беше дојден да презентира идеја, а дел беа дојдени како учесници со желба да се приклучат и придонесат кон некоја идеја која ќе направи позитивна промена во општеството. Така се споивме Теодора, Стефан и Олга, а подоцна ни се приклучија Митко и Симон и конечно сега сме комплетни 🙂

Идејата потекнува од поодамна, пред се поради личен недостаток на мотивација за да се спортува, трча, пешачи, па токму затоа и името Challenger – како алатка која ќе не предизвика и мотивира, преку награди, да наравиме нешто добро дури и кога ни недостига мотивација.

3. Како се одлучивте да ја реализирате оваа идеја? Со какви предизвици се соочивте?

По завршување на стартап викендот, и по сета таа еуфорија од позитивните коментари и честитки, седнавме на искрен муабет кој – колку е спремен да се вложи и кој искрено сака да продолжи да биде дел од прикажната на Challenger.

Реализирањето на идејата траеше малку подолго отколку што сите очекувавме, но многу работи научивме по пат, и доколку би требало да работиме на нов производ мислам дека истите грешки не би ги повториле. Едни од главните предизвици за нас се тоа што сите имаме full time jobs од 9-5, и не ретко се случува да се доведеме до степен на burnout.

Бидејќи Challenger ни е “втора” работа, понекогаш од преработеност, не можевме да ја извадиме нашата креативност на виделина иако ова е најинтересниот дел за нас. Потоа, ни се случуваше да викаме ДА на секоја нова можност а тоа доведуваше до губење на фокусот, но научивме да селектираме паметно кон што да се приклучиме, да процениме дали имаме капацитет или не.

Ова се само дел од предизвиците, но важното е дека како тим секогаш заедно сме ги решавале, и заради тоа нивниот импакт и не бил така голем 🙂

4. Имате голем број на соработници, и нивната поддршка постојано расте. На кој начин остварувате контакт со нив? Кои се нивните први импресии кога ќе слушнат за Challenger?

Бескрајно се радуваме на секој потврден одговор од бизнисите 🙂 До сега сме имале и пораки кои ептен ни го прават денот, но и такви кои може да ти ја уништат и цела недела 🙂 Контакт остваруваме преку емаил, преку познаници, но најчесто преку инстаграм. Бизнисите најчесто ни честитаат за оригиналноста на идејата и не поздравуваат за тоа што го правиме. Ние се надеваме дека се повеќе бизниси ќе ни се приклучат и дека оваа заедница ќе станува се поголема и поголема.

5. Challenger стана популарна неодамна, со ново-настанатата ситуација, кои тајни можете да ни ги откриете за вашиот успех?

Најголемата “тајна”, или еве наша препорака до другите, е да бидат флексибилни во своето работење. Слушајте внимателно што вашите соработници/корисници ви кажуваат и со какви проблеми се соочуваат и прилагодете го вашето решение според нив. Во периодот кога ја спремавме Challenger  за лансирање, во март, започна ново настаната ситуација. Со тоа, донесовме тешка одлука, да ја ставиме на пауза Challenger и нашиот тим за помалку од еден месец направи нов производ, видоизменет и прилагоден за овие нови времиња, Challenger Дома.

Нашата цел остана иста, тоа беше да придонесеме кон општото добро, но овој пат наместо мотивација за трчање, пешачење и возење велосипед, ние ги мотивиравме граѓаните да останат дома во овие тешки времиња. Бизнисите го препознаа овој модел на работа, и ние бевме тука за нив да им помогнеме во времиња кога работеа само онлајн или пак да се рестартираат полесно кога повторно ќе отворат.

6. Каков совет би им дале на младите претприемачи кои имаат желба да почнат нешто свое?

Посетувајте Networking настани (како стартап викенди и слични meet ups) – виртуелно перидов 🙂 Едуцирајте се и надоградувајте се со различни курсеви, бидејќи освен што ќе научите нешто ново, ќе запознаете многу нови луѓе, а дел од нив може да ви станат и бизнис партнери 🙂

Проценете добро со кој сакате да влезете во светот на бизнисот. Понекогаш less is more, па така доколку започнувате нешто пробајте да го направите што е можно попросто на почетокот, а потоа додавајте нови функционалности. Ова ќе ви овозможи полесна реализација на вашата идеа. Разговарајте отворено со потенцијалните соработници, презентирајте ја вашата идеја и вежбајте го вашиот Elevator pitch.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Ruzica Filiposka - HR Magnetik

Интервју со Ружица Филипоска од Магнетик: “Го запознав мојот тим со Design Thinking и до ден денес го применуваме активно!”

  Оваа недела седнавме да поразговараме со HR менаџерот во модната групација Магнетик – Ружица Филипоска. Ни раскажа како се запознала со Design Thinking методологијата, како ја вовела да се…
Прочитај
Jane Pavlevski - A1

Интервју со Јане Плавевски од А1 Македонија “Компанијата која на корисниците ќе им понуди реални решенија за нивните потреби, секогаш ќе расте.”

Една од најголемите компании за телекомуникација во нашата земја – А1 Македонија активно ја применува Design Thinking методологијата во своето секојдневно работење. Поттикнати од придобивките решија да им дадат вистинска…
Прочитај

Интервју со Розита Т. Христовска: “Design Thinking е алатка која се користи на професионален и на личен план!”

Eдни од првите кои имаа прилика да ги искусат виртуелните Design Thinking работилници се EU House и нивниот виртуелен настан на кој 30-тина млади креираа решенија за идеалното училиште од…
Прочитај
DesignThinking - Lela

Design Thinking се стреми за подобрување на иднина и се обидува да креира идеи кои ќе дадат решенија на секојдневните предизвици

Денес ќе разговараме со Лела, сертифициран Design Thinking тренер и инструктор во Innothink. Работи како Design Thinking инструктор веќе неколку години има работено по оваа методологија од деца, средношколци и…
Прочитај

Интервју со Доц. Д-р Кате Трајкова: Design Thinking методологијата е алатка која има исклучителна вредност и треба да ја совладаат сите наставници и универзитетски професори

Доц. Д-р Кате Трајкова е професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Неодамна се запозна и започна да ја применува Design Thinking методологијата. Од интервјуто ќе дознаете како е да се…
Прочитај