Изгради Бизнис наместо Стартап

Total
6
Shares

 Живееме во ерата на стартапи и се чини дека секој модерен млад човек се гледа како основач на стартап компанија. Што е всушност стартап? Поимот start-up означува чин или процес на започнување на нешто. Поимот стартап компанија пак, означува нова, иновативна компанија која нуди уникатни продукти и услуги, претендира да расте рапидно брзо и е во процес на потрага и воспоставување на скалабилен бизнис модел.

Традиционалниот бизнис пак, во поширока смисла, може да се дефинира како “постојана организација која спроведува репетитивен и скалабилен бизнис модел” (Стив Бленк), робустен систем кој не е агилен ниту ориентиран кон иновации, туку како примарна цел го има профитот.

Оттука, секој стартап може, доколку успешно работи (статистиките покажуваат дека првите три години се клучни: околу 30% од бизнисите, а повеќе од 90% од стартапите се затвораат во првите 3 години), да премине во бизнис, како што е случајот со УБЕР.

Како што се гледа од статистиката, бизнисите се многу постабилни од стартапите, а за тоа се клучни следниве работи кои треба да ги знаете доколку сакате да градите бизнис:

1. Финансирање и профит

Во своите почетоци, основачот го финансира бизнисот, но тежнее кон тоа бизнисот да биде профитабилен од првиот ден. Стартапите пак се финансираат од основачите, бизнис ангели, разни инвеститори и тоа во повеќе наврати односно инвестициски циклуси се додека не станат профитабилни (на што може да чекаат со месеци или години).  Традиционалните бизниси пак од моментот на лансирање, се финансираат исклучиво од своите корисници, значи- генерираат профит, па така градењето бизнис подразбира креирање профитабилен бизнис модел. На пример, споредете го хотелскиот бизнис со еден стартап како AirBnB

2. Стапка на раст и долгорочно планирање

Малите бизниси целат кон тоа да бидат семејни компании и да траат со генерации, постепено и контролирано да растат. Главната цел на бизнисите е да креираат профит опслужувајќи одредена група на таргет корисници, додека стартапот е во постојан раст и тенденција да креира бизнис модел кој може да се репродуцира ширум светот, што значи расте од 0-100% со неверојатна брзина.

Споредба: рент-а-кар (бизнис) со Убер (стартап), или ресторан како традиционален бизнис со Deliveroo (стартап). 

3. Стил на живот и работна динамика

Сопствениците на бизниси тежнеат кон финансиска сигурност, баланс помеѓу приватниот живот и кариерата, додека динамичната природа и неизвесноста на стартапите бара 24- часовна посветеност, постојан работен ангажман и минимум приватен живот.

Сумирано, доколку сакате да започнете бизнис мора да бидете сигурни дека имате профитабилен бизнис модел (од првиот ден на лансирање), кој е скалабилен и системски репетитивен (без импровизации), и дека ги имате потребните лични карактеристики во смисла на постојаност, истрајност и личен баланс во градењето на бизнисот, бидејќи водењето бизнис е како трчање маратон на долги стази.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Virtuelen Design Thinking team buidling

Моќта на Виртуелниот Design Thinking тим билдинг води до ефикасни и сплотени тимови

Многумина од нас се се уште дел од тимовите кои се моментално одвоени, можеби само локациски, но можеби и со различни временски зони. Без оглед каде е вашиот тим, градењето…
Прочитај
4 pricini za uspesno vodenje na biznisot so Design Thinking

4 начини за успешно водење на Вашиот бизнис применувајќи го Design Thinking процесот

  Водењето на бизнис е доста комплексно. Од постојано менување на деловната динамика, управување со повеќе чинители, задоволување на растечките потреби на клиентите, сè до справување со непозната иднина; сопствениците…
Прочитај

4 причини зошто Design Thinking е моќна алатка за справување со промени

Промените се неизбежни, особено во бизнис светот каде организациите треба континуирано да се подобруваат и адаптираат според потребите на пазарот. За да ја одржат компетитивната предност, тие мора да се…
Прочитај

Што знаете за новата ера на туризмот?

Во свет кој постојано се развива, големи се и очекувањата на патниците. Помина времето кога едноставна хотелска соба или буџетски лет би биле доволни. Денешните авантуристи бараат нешто подлабоко, значајно…
Прочитај