Како да создадете значајни промени во Вашиот живот?

Total
1
Shares

Приврзаниците на Design Thinking веруваат дека првите два чекори од петте се најважни. Чекорот 1 е еднаков на „сочувство “- дознавање кои се вистинските проблеми што треба да се решат. Следно, „дефинирање на проблемот“ – што е изненадувачки тешка задача. Третиот чекор е „идеација“ – бура на идеи, составување списоци, запишување идеи и генерирање можни решенија. Чекор 4 е да се изгради прототип или да се создаде план. Последниот чекор се однесува на тестирање на идејата и да добивање повратни информации од другите. 

Доколку ги примените истите принципи за да постигнете лични цели во Вашиот живот, може да излезете со интересни одговори и нови перспективи. Можете да ја земете комплексноста на животот, да се фокусирате и да кажете: ,,Ова е она што го сакам” ! 

Размислувањето како дизајнер може да има големо влијание врз Вашиот живот. Кои се главните цели што сакате да ги постигнете? Што би направиле за Вас ако ги постигнете? Наместо да го користите истиот пристап за да научите нова вештина, да ја промените кариерата, да изгубите неколку килограми, да создадете рутина за вежбање или да го подобрите начинот на работа, можете да го примените пристапот Design Thinking во Вашиот живот. Преку истражување на нови опции, рутини или чекори што може да постигнете нови успеси и големи резултати, да откриете квалитети за кои можеби не сте биле свесни дека ги поседувате. 

Откако ќе ги дознаете вистинските причини за Вашата крајна цел, можете да се фокусирате на важните чекори, навики или активности што треба да ги донесете за да Ве приближат до поголемата слика. Емпатијата е таа која може да Ви помогне да го подобрите Вашиот живот. Се работи за откривање кои активности Ве поттикнуваат на превземање позитивни чекори. Слободно „прототипирајте“ односно правете мали експерименти (наместо целосна посветеност на една работа) во Вашиот живот за да откриете што Бе интересира, а што не. 

Ако Design Thinking пристапот може да инспирира иновација, тој исто така може да ни помогне да создадеме живот што е истовремено значаен и исполнет. И што е најважно, ако не успеете или апсолутно го мразите новото искуство, навика, начин на живот, можете брзо да продолжите понатаму без да се чувствувате заглавени. Имате чувство дека не сте успеале, без грижи – имате уште (не само) една опција за која треба да се грижите додека се движите кон посакуваната иднина. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Како да дојдете до најдоброто решение за проблемот користејќи ја Design Thinking методологијата?

“Сите сакаме иднина која ќе биде подобра од сегашноста” – во зборовите на Елон Маск, претприемачот кој го освои светот со своите ракети, електрични автомобили и тунели, ние сакаме да…
Прочитај

Навигирајте ја 2024та со Design Thinking: Нови почетоци во секој аспект од животот

Додека стоиме на прагот на 2024 година, годината е исполнета со неизвесности, авантури и можности. Среде овие предизвици, моќта на Design Thinking нè наведува да му пристапиме на секој ден…
Прочитај

Која е поврзаноста на Design Thinking со одржливиот начин на живот?

Во свет кој се соочува со невидени еколошки предизвици, повикот за иновативни решенија никогаш не бил поалармантен. Design Thinking се појавува како надеж во оваа потрага по одржливост, а тоа…
Прочитај

Design Thinking и вештачката интелигенција: Дали е ова спој излезен од рајот?

„Предвидувањето на иднината не е магија, тоа е вештачка интелигенција“. – Дејв Вотерс Design Thinking и вештачката интелигенција се меѓусебно поврзани на неколку начини, а нивната комбинација може да донесе…
Прочитај

Како да ја подобрите секојдневната комуникација со околината?

Design Thinking може да биде корисен во секојдневната комуникација бидејќи тоа е пристап насочен кон човекот кој ја нагласува емпатијата и разбирањето на луѓето со кои комуницирате. Кога применувате Design…
Прочитај