Процес на дизајнирање на иновативни продукти со Design Thinking

Total
1
Shares

“Learn to design and design to learn”

 Дизајнот на продукт е креирање на средина (продукт, систем или услуга) која ќе му овозможи на корисникот да има вредно корисничко искуство.

При дизајнирањето на продукт, дизајнерите мора да ги постават следниве прашања:

  1. Кој проблем го решаваме?

    Дефиницијата на проблемот произлегува од претходни сознанија за пазарот, корисничките потреби и конкуренцијата.

    На пример, Apple во 80-тите години го дефинира проблемот на постоечкото компјутерско глувче на следниов начин: скапо, комплицирано за изработка и затоа- невозможно масовно да се произведува и користи. Дизајнерите биле насочени кон продукт кој ќе биде поефтин и полесен за изработка, како и естетски прифатлив и наменет за широка употреба. Нивните прототипи вклучувале ротирачко топче од дезодоранс во пластичен “оклоп”  кој цврсто ќе ги држи внатрешните компоненти. По валидацијата на прототипот, изработено е првото Apple глувче чиј дизајн на механизам оттогаш се користи за производство на сите компјутерски глувчиња.

  2. Кој се соочува со тој проблем?
    Добриот дизајн е од “луѓе за луѓе”.  Неопходно е да го погледнете вашето решение од гледната точка на корисникот бидејќи успешниот дизајнер не се занимава само со дизајнот, туку и со крајната цел и употребната вредност на продуктот. Doug Dietz го дизајнира првиот рендген наменет за деца во склоп на неговата иновативна Adventure series со помош на Design Thinking. Индустрискиот дизајнер започнува да го дизајнира иновативниот уред откога присуствува во ординацијата во моментот кога мало девојче неутешно плаче по прегледот во уредот кој тој го дизајнирал. Со помош на IDEO и Design Thinking, дизајнира нов, забавен рендген уред во кој децата не само што не се плашат, туку се забавуваат.

  3.  Што сакаме да постигнеме со продуктот (решението)?

    Nike, модниот ветеран во иновации, успешно го поврзува дизајнот со модата преку користење на design thinking многу одамна пред овој пристап да стане препознатлив. Во 80-тите години Nike го пушта во продажба Air Force One, иновативниот модел на патики кој содржи технологија на компресиран воздух во ултра- модерна надворешност. Целта на овие модели е да го подобрат атлетскиот перформанс со користење на иновативна методологија, а истовремено да остават модерен впечаток.

    Валидацијата на решението е неопходна во текот на целиот процес на дизајн. Доколку корисниците го валидираат вашиот прототип, сметајте дека имате успешен продукт за продажба. Примерите за користење на Design Thinking при дизајн на продукт покажуваат дека вистинската иновативност се крие во решавањето на вистинските проблеми и задоволувањето на потребите на корисниците.

     
Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
design thinking приказни

5 успешни Design Thinking приказни

Сигурно се прашувате како и дали воопшто design thinking функицонира? Како се применува и имлементира оваа популарна алатка во различни различни индустрии и бизнис сектори? Примерите кои ги одвоивме ќе…
Прочитај

Како преку Design Thinking до иновации во компанијата?

Во денешно време брзината е пресудна за успехот, особено кога се работи за лансирање на нови продукти. Компаниите кои се истакнуваат како најуспешни, и воедно, кои опстојуваат, се фокусираат на…
Прочитај

10 примери како светските бизнис лидери иновираат

Design Thinking e методологија која се користи за решавање на комплексни проблеми и смислување на иновативни продукти и услуги. Налик на една универзална мапа која со конкретни чекори го покажува…
Прочитај

Кој тип на иноватор сте?

Со вистинските луѓе и примена на модерни технологии во вашиот бизнис, вие сте на  вистинската позиција да започнатете со иновирации. Но,имате дилема и предизвик од каде да започнете? Што сакате…
Прочитај

Како вештачката интелигенција може да ја зголеми мотивацијата на вработените?

Во модерните работни средини, вештачката интелигенција може да се искористи на повеќе начини за зголемување на ангажманот и мотивацијата на вработените.  Во продолжение неколку едноставни, но корисни примени на вештачката…
Прочитај