Стратегија за нов начин на работа на Вашиот бизнис

Total
21
Shares

Design Thinking процесот молњевито навлегува во бизнисите. 

Тој се раѓа со цел да воведе позитивни социјални промени. Со родно место во Силиконската Долина, многу брзо се населува насекаде, присутен е во секојдневието низ училниците, канцелариите, на конференции, во производство…

Но, што всушност е  Design Thinking ? Како се разликува од  досега познатиот дизајн?
Има многу работи каде овој процес може да им прави забуни на луѓето, особено ако никогаш до сега воопшто не слушнале за Design Thinking. 

Во следиот период, ќе биде од голема корист деловните субјекти да го разберат процесот на Design Thinking и што сè можат да создадат и придобијат од него.

Ви споделуваме неколку начини за како да креирате стратегија која ќе ви пружи едно нова и свежа перспектива на вашиот бизнис.

1. Подобри производи

Во традиционалниот процес на создавање нов продукт или сервис, се собира тим, се даваат идеи за кои мислат дека ќе функционираат добро, се прави прототип на идејата и потоа се бараат повратни информации од корисниците.

Сепак, што ако првичната идеја што ја имаат не е баш најдобрата? Премногу често, тимовите сфаќаат дека пропуштиле некој важен податок откако ќе дадат голем напор за еден производ.

Ова е затоа што тие го оставаат делот со повратни информации од корисниците за крајот на процесот.

Design Thinking процесот делот со повратни информации од корисниците го става на самиот почеток. Барајќи од членовите на тимот да се соживеат со оние за кои сакаат да креираат нешто ново. Тие се охрабрени да излезат и да соберат повратни информации, дури и пред да започнат со brainstorming фазата.

2. Бескрајна можност за иновации

Помислете на сите работи што никогаш не сме можеле да ги замислиме пред петнаесет години. Во 2004 година, кога сите сè уште носевме CD плеери, идејата да се има стотици песни на едно место беше луда.

Сега, луѓето имаат илјадници песни на своите телефони, кои исто така можат да функционираат како камери, телевизија … листата продолжува и натаму.

Ништо од ова не се чинеше возможно во 2004 година. Не размислувавме да имаме музика на нашите телефони, а не па на сè останато. Сите само можевме да сонуваме за вакво нешто.

Создавањето работи за кои не знаевме дека ќе ни требаат е еден од столбовите на Design Thinking. Имлементирањето на овој начин на работа ги охрабрува луѓето да размислуваат за тоа што е возможно, наместо само да се додаваат основни подобрувања на она што веќе постои.

Ова нуди бесконечна можност за иновации на кое било поле, од образование до инженерство. 

3. Среќни, мотивирани и продуктивни вработени

Design Thinking, не е само корисен – туку е и забавен.

Овој прoцес ги охрабрува луѓето да бидат креативни, да го отвораат својот ум и да испробуваат нови нешта. Сите идеи се добредојдени и ништо не се отфрла веднаш како невозможно или непрактично.

Овој нов пристап помага да се создаде средина каде вработените се целосно вклучени во процесот. Со Design Thinking нема хиерархија  – секој има нешто што може да го донесе на маса.

Сите се чувствуваат ценети и сакаат да придонесат. Позитивно е да се биде во околина и тим каде се применува Design Thinking процесот.

4. Размислување надвор од вообичаените навики 

Колку пати само сте ја слушнале реченицата, „Па, тоа е начинот на кој секогаш сме го правеле тоа“?
Вообичаено е за бизнисите да престанат да се обидуваат да продуцираат нови нешта и да иновираат, туку само одат со добро испробани методи. TТоа им е сигурно, познато и со минимален ризик. 

Да се претстави идеја што во прв момент може да изгледа потполно неповрзана, всушност може да стане решението што никој претходно не можеше да го види.

Тоа е главен белег на  Design Thinking процесот.

5. Предност пред конкуренцијата

И за крај, бизнисите кои го применуваат Design Thinking процесот, имаат предност пред своите конкуренти при повеќето предизвици со кои се соочуваат.

Времето за пазарот ќе тече сè побргу. Производите што ќе ги креираат и пласираат ќе бидат поблиску до она што го бара пазарот. Тимовите  ќе бидат мотивирани и продуктивни. И – како бонус – тие ќе заштедат пари за целиот процес.

Design Thinking Ви дава предност речиси на секое поле.

Иновативноста треба да му биде на ум на секој лидер во периодот кој следи. Design Thinking во бизнисот не е само нов тренд – тоа е целосен ремонт на начинот на кој работиме.

Вклучувајќи го Design Thinking во Вашиот бизнис сега, Вие нема да бидете само еден чекор пред вашите конкуренти, туку, ќе создадете работно место што поттикнува нови идеи, што ги одржува вработените среќни и ќе станете препознатливи по својата иновација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Virtuelen Design Thinking team buidling

Моќта на Виртуелниот Design Thinking тим билдинг води до ефикасни и сплотени тимови

Многумина од нас се се уште дел од тимовите кои се моментално одвоени, можеби само локациски, но можеби и со различни временски зони. Без оглед каде е вашиот тим, градењето…
Прочитај
4 pricini za uspesno vodenje na biznisot so Design Thinking

4 начини за успешно водење на Вашиот бизнис применувајќи го Design Thinking процесот

  Водењето на бизнис е доста комплексно. Од постојано менување на деловната динамика, управување со повеќе чинители, задоволување на растечките потреби на клиентите, сè до справување со непозната иднина; сопствениците…
Прочитај

4 причини зошто Design Thinking е моќна алатка за справување со промени

Промените се неизбежни, особено во бизнис светот каде организациите треба континуирано да се подобруваат и адаптираат според потребите на пазарот. За да ја одржат компетитивната предност, тие мора да се…
Прочитај

Што знаете за новата ера на туризмот?

Во свет кој постојано се развива, големи се и очекувањата на патниците. Помина времето кога едноставна хотелска соба или буџетски лет би биле доволни. Денешните авантуристи бараат нешто подлабоко, значајно…
Прочитај