Интервју со Јане Плавевски од А1 Македонија “Компанијата која на корисниците ќе им понуди реални решенија за нивните потреби, секогаш ќе расте.”

Total
18
Shares
Jane Pavlevski - A1

Една од најголемите компании за телекомуникација во нашата земја – А1 Македонија активно ја применува Design Thinking методологијата во своето секојдневно работење. Поттикнати од придобивките решија да им дадат вистинска шанса на своите корисници да ко-креираат решенија според нивните потреби. Прочитајте повеќе што велат за оваа моќна алатка.

1. Можеш ли да кажеш нешто повеќе за твоето искуство, како започна твојата приказна во А1 Македонија и што е твојата работна позиција?

Мојата приказна во А1 Македонија започна уште пред околу 10 години и се уште траe. А1  Македонија е компанијата каде што успешно ја градам својата кариера една декада и е одлично место каде секој млад или искусен професионалец може да учи, да се надоградува и добива можност за професионален раст. Компанијата од секогаш ги користела најнапредните технологии и ги имплементирала и модерните трендови во организацискиот менаџмент и работни процеси.    

Во последните неколку години работам како Продукт Менаџер на Мобилната Постпејд телефонија и Роаминг на А1 Македонија и сум одговорен за позиционирањето на пазарот како и за сите продукти, сервиси и промоции во овој сегмент. Дополнително, заедно со останатите членови од мојот тим работиме да креираме одлично корисничко искуство и да понудиме врвни дигитални услуги. 

design thinking mk

2. Како бренд кој ги става своите корисници на прво место, сакавте да им дадете единствена шанса да креираат решенија според нивните потреби. Преку процесот на ко-креација организиравте работилници каде преку ДТ методологијата вашите корисници учествуваа во создавање на нови продукти. Можете ли да ни раскажете повеќе за овој уникатен начин на соработка на еден бренд со своите корисници? Какви решенија произлегоа?

Агилниот начин на работа и Design Thinking методологијата се веќе секојдневие во А1 Македонија. За време на периодот на ребрендирањето на компанијата отидовме еден чекор понапред и ги поканивме нашите корисници заедно да ја креираме понудата за новиот бренд преку процесот на ко- креација. 

Нашата интенција е уште повеќе да ја зајакнеме релацијата со корисниците и да ги отвориме вратите за заедничко креирање на нови продукти и услуги како и подобрување на постоечките кориснички искуства. 

Мислењето, сугестиите и потребите на корисниците кои секогаш се на прво место за компанијата, преку овој концепт добија директен глас и влијание врз креирањето на портфолиото од продукти и услуги, со што се создава уште поцврста врска со цел уште поголемо корисничко задоволство. 

На работилниците каде се работеше според Design Thinking методологијата, заинтересирани А1 Македонија корисници учествуваа во неколку групи кои ги отсликуваа различните кориснички целни групи на телекомуникацискиот пазар, и ја добија можноста да ги искажат своите ставови и да дадат соодветно аргументирани предлози за нови продукти и услуги.

Исклучително сме горди на овој процес на работење не само што донесе креирање на новата понуда, туку и заедно успеавме да најдеме решенија и за други потреби при процесот на користењето на услугите. На тој начин произлегоа подобрувања во апликацијата Мојот А1 Македонија, начин како побрзо и поедноставно да се стигне до информациите преку дигиталните канали, активација на сервиси, итн. Дополнително, заедно ја креиравме услугата- А1 Македонија Net Sef која им овозможува на корисниците на Мобилната Постпејд телефонија да го зачуваат неискористениот мобилен интернет и да го користат кога сакаат.

3. Што беше следниот чекор по завршување на работилницата за ко-креација? Како се одвиваше развојот и примената на решенијата од корисниците?

Нашите корисници знаат точно што сакаат, но и навистина се креативни. Со оглед на тоа што одржавме поголем број на работилници, поделени по кориснички сегмент: Млади, Возрасни, Фамилии и Бизнис добивме навистина голем број на идеи за продукти, сервиси, подобрувања на процеси, итн. Понатаму сите овие идеи беа приоритизирани од аспект на тоа што им е најважно на корисниците и во која временска рамка можеме да ги воведеме од наша страна.

Практично и тие станаа свесни дека секоја една промена во продуктното портфолио натменува многу анализи и време за да биде спроведена па оттука и процесот на приоритизација помага да се определи кои делови носат најголема вредност за корисниците како би знаеле на што треба прво да се фокусираме.

design thinking mk

4. Покрај корисниците и дел од вашиот тим учествуваа на настанот, како влијаеше целото искуство врз вашиот интерен тим? Кои беа импресиите и впечатоците?

Design Thinking методологијата негува демократски вредности каде секој кој учествува во овој процес на креирање на продукти или подобрување на услуги е охрабрен да го даде своето мислење и да биде подеднакво слушнат, а потоа и да го даде својот глас за она што смета дека носи најголема вредност и е најприоритетно. Нема погрешно или лошо мислење, се е во игра. Тргнуваме од потребите на корисникот, а од особена важност за нас во тимот е да ги слушнеме корисничките потреби и што е тоа што за нив е особено важно, и верувајте, со особено внимание и посветеност ги анализираме и бараме најдобар пат истите  да ги спроведеме во реалност. Затоа и практикувањето на ова методологија во мојот тим има исклучително влијание во создавање на позитивен тимски дух но и во зголемувањето на продуктивноста, бидејки сите се вклучени, а понатаму се дава и јасна слика на тоа што точно треба да се фокусираат при извршувањето на нивните работни обврски.

5. Дали сметате дека овој начин на создавање на нови продукти би бил корисен и во иднина? Што би препорачале за другите компании кои треба да ги следат трендовите?

 

Како што наведов и претходно агилниот начин на работа и Design Thinking методологијата се секојдневие во А1 Македонија. Особено сега кога променетото секојдневие влијае на сите нас поединечно и ни наметнува нов начин на функционирање, нам ни е совршено јасно дека континуирано се менуваат корисничките навики, дигитализацијата е неминовна, а дигиталните алатки ни го олеснуваат начинот на живеење. Апсолутно е потребно не само корисниците, туку и компаниите да се адаптираат за да останат релевантни на пазарот. Компанијата која на корисниците ќе им понуди реални решенија за нивните потреби, секогаш ќе расте.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Ruzica Filiposka - HR Magnetik

Интервју со Ружица Филипоска од Магнетик: “Го запознав мојот тим со Design Thinking и до ден денес го применуваме активно!”

  Оваа недела седнавме да поразговараме со HR менаџерот во модната групација Магнетик – Ружица Филипоска. Ни раскажа како се запознала со Design Thinking методологијата, како ја вовела да се…
Прочитај

Интервју со Розита Т. Христовска: “Design Thinking е алатка која се користи на професионален и на личен план!”

Eдни од првите кои имаа прилика да ги искусат виртуелните Design Thinking работилници се EU House и нивниот виртуелен настан на кој 30-тина млади креираа решенија за идеалното училиште од…
Прочитај
DesignThinking - Lela

Интервју со Лела од Innothink: “Design Thinking се стреми за подобрување на иднина и се обидува да креира идеи кои ќе дадат решенија на секојдневните предизвици”

Денес ќе разговараме со Лела Анастасова, сертифициран Design Thinking тренер и инструктор во Innothink. Работи како Design Thinking инструктор веќе неколку години има работено по оваа методологија од деца, средношколци…
Прочитај

Интервју со Доц. Д-р Кате Трајкова: Design Thinking методологијата е алатка која има исклучителна вредност и треба да ја совладаат сите наставници и универзитетски професори

Доц. Д-р Кате Трајкова е професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Неодамна се запозна и започна да ја применува Design Thinking методологијата. Од интервјуто ќе дознаете како е да се…
Прочитај

Игор Јованоски од Europa House Скопје: “2022 е европска година на младите и клучен момент да се продолжи напред”

Игор Јованоски e дел од тимот на Europe House Скопје како постар менаџер за мрежи и помош на Европска Унија. Неговото богато портфолио и искуство секојдневно допринесува за иднината и…
Прочитај

Интервју со Enroll – Победничката идеја на Startup Weekend Skopje 2022

Неодамна Скопје повторно беше домаќин на глобалниот настан за млади претприемачи и иноватори – Startup Weekend. После 54 часа интензивна работа стручното жири составено од експерти во разни области ја…
Прочитај